Јас не сум баш скромна, т.е. нималку не сум скромна.Ама нели како го замислувам мојот дом нели? Еве вака, иако јасно ми е дека никогаш нема да ми се оствари, јас си го замислуваммммм. http://ilike.mk/art/arhitektura/subcate ... a-od-drvo/
Сакам куќа покрај море. Тоа ми е најголемиот сон. Да не биде многу голема, да има убава спална со голем кревет и плакар, големо купатило со џакузи. Гаража и добар автомобил во неа. Исто така сакам голем и убаво среден двор, градина и многу зеленило.
На истото место сме ги гледале нашите идеални куќарчиња а Слободка ова е мојата, мада кога би била моја би претрпела извесни модификации http://ilike.mk/art/arhitektura/subcate ... cka-paolo/ А, ова ќе ми е викендичката за одмарање.... мислам викендичкава ко замок.. ама пази ЕКО-ЗАМОК е во прашање и ја замислувам у Шпанија. Е, така да си знаете http://ilike.mk/art/arhitektura/subcate ... kja-betak/
Ма зар ти мислиш цел тој простор само за мене дојди си и друштво носи си У толкаво куќиште да не сме осамени, по ѓаволите, самотија ич не трпам
Е вака го замислувам мојот дом од соништата кој се наоѓа на океан добро де може и море Спојлер Ова од надвор како изгледа куќата, да не речам вилата Паркинг Ова од внатре Ова скалите за катот Кино соба Фитнес соба Бебешка соба Соба за пакување Гостинска соба Гостинска детска соба Спална соба Моја соба Плакар соба Бањите Кујна Трпезарија Дневна Работна соба Кафе шема кај базенот Епа ајт кој сака да ми дојде на гости бујрум
Според планираното и ќе биде нешто слично. Со земјени тонови,многу светлина,минималистични мебел,ама топол.Перници,свеќи и слични работи кои го прават удобен и топол,но сепак не натрупан.Под од дрво,не сакам ламинати и слично,камин,детали по ѕидовите кои баш и не умеам да ги објаснам. Само да нема ладни тонови,многу мазни површини,многу остри агли и некоја чудна стерилност.
Куќа, дефинитивно. Удобна, пространа, со многу светлина, и со висок влез. Не сакам ниски куќи. Мини градинче и базенче не е на одмет. И најважното - квалитетен брачен живот во тој дом со пет шес деца и куп мачаци и кучаци. Бои - карамел, сончоглед, кајсија.
За надворешноста не зборувам. Многу ми се допаѓа стилот и декорацијата на мебелот од времето на баракот. Незнам зошто но во моите очи го прави посебен. Еве го:
Искрено, едно станче во Лондон, само мое се разбира, убаво средено по мој вкус, ништо луксузно.. Бело цело, смирувашко, времето како што им го обожавам мх мх.
Помала куќа со огромен двор. Трева, базен, лулашки, клупи... Куќата сакам да биде на два спрата. Долу дневна, трпезарија, тоалет, по скалите спална ходник и уште еден тоалет, а на поткровје детските соби. Но ништо да не биде премногу големо. Дневната сакам да биде во посветли бои, со тоа што страната која ќе гледа кон дворот не сакам да биде ѕид, туку прозорци. Терасата да биде голема. Нешто вака, во вакви нијанси, само без палмата. Другата страна е трева... Спалната ќе ми биде портокалова, бела и кафена, уште од одма да си кажам!
Па според мојата и замислата на дечко ми... Сакам удобен мебел, не премногу скоцкани соби и земјени тонови со примеси на јаки бои. Спојлер Сакам темна спална соба, за морбиден секс. И убаво дворче, во некој зен стил.
Мојата идеа за "дом од соништата" е место што е пријатно и смирува. Не сакам минималистички работи, ама сакам кога се е на свое место. Средновековни работи помешани со сувенири купени од различни патувања, винтиџ, уметнички дела, купови списанија и книги го сумира совршениот дом.
Сакам да имам куќа во Струга,блиску до езерото,но на некое тивко и мирно место опкружено со природа. Сакам куќа на два спрата не мора нешто голема многу да биде јас сакам огромен двор. Да има се: базен,лулашки,лизгалки,простор со масичка и вакви веднаш до базенот. Куќата внатре не ми е дотолку јас само сакам двор Се шегувам,на првиот спрат би сакала да има дневна,кујна,трпезарија,тоалет и мал подрум. На горниот спрат спална,детска,бања,соба со балкон до природата,со многу миризливи свеќи,растенија. Соба за релаксирање,за внатрешен мир каде се исфрла сета негативна енергија. нешто вака,но со поубав мебел.
Тоа мора да биде стан/апартман, некаде на повисок кат со преубав поглед кон downtown, огромни прозори во дневниот престој и опремен со последните достигнувања од технологијата и многу уметнички слики.
Сакам да биде пониско, но широко. На два ката и подкровје и еден подземен кат, доволни се. Околу куќата огромни површини зеленило. Во задниот двор базен и многу дрвја и цвекиња. Во подземниот кат, фитнес, мало подрумче за непотребните нешта, а во склоп на тоа и визба, преполна со некои стари вина и други пијалоци На првиот кат, днева, кујна, трепезарија и тоалет. На вториот кат, спална, соба само за облека, гостинска соба, работна соба (со голема библиотека), детски соби и бања. На подкровјето, соба за одмор и релаксација. Со многу свеќи и перници и камин. Гаражата да биде во близина на куќата. Секако внатре со еден џип за идниот сопруг и една помала количка за мене Спојлер Од надвор нешто слично на овие... (само што оваа нема подкровје) ____________________________________________________________________________________________ градината: вака базенот, и на она местото што има зеленило да има: ваква масичка и столови и малку понастрана: фонтана ____________________________________________________________________________________________ Подземниот кат. Фитнес: вака помало Визбата: ____________________________________________________________________________________________ Првиот кат. дневна: трепезарија: кујна: тоалет: ____________________________________________________________________________________________ Вториот кат. спална: гостинска: сликичката е многу мала ама... детската нека биде тогашен избор на децата соба за облека.: бања: + некое џакузи работна соба: само да нема тераса, него голем прозор со поглед накај базенот во градината, и библиотеката овде не ми се допага многу... ____________________________________________________________________________________________ Подкровје. сеуште не е измислено како ке биде точно Тоа е тоа! Ќе имам најубава куќа, ако ја имам некогаш...
Сето ова ,без Фенг Шуи Уште тоЈ ми фали Плус ,дневната соба да биде во барок стил и да преовладуваат топли бои . Високите ѕидови се маст хев ,спалнат соба да биде што попространа и со добар поглед , ѕидовите да бидат црни со црвен таван и црвен кревет со балдахин (олсоу маст хев ) ,многу перници и малечки душеци на земја (за тркалање ). Тоалетот - неколку нијанси на сина ,вклучувајќи и тиркизна , со џакузи и шолја подигната барем 30 цм од подот (така ми беше во претходниот дом ,ми недостасува ) ...