Дефинитвно ќе биде голема, со огромни прозорци, сакам светлина многу да има вомојот дом, сакам дрво да има, сакам луксуз, сакам свежи силни бои, кои ќе ја отвараат повеќе секоја соба, и сакам удобен луксузен мебел. Собите сите ќе бидат големи, ненатрупани, со доволно мебел и аксесорис што ќе одберам, со високи тавани, и во секоја соба огромни прозорци. Кујната ќе биде целата дрвена. Сакам градина, голема, толку голема што ќе бидам делеку од комшиите од секоја страна. Сакам камин во главната дневна. И секако, сакам базент, внатрешен и надворешен, голем љубител на базени сум, и мора да имам. Околу надворешниот базент ќе има песок, и разни зелени растенија и цвеќиња. Скромно од моја страна нели.
стан со 3/4 соби.. дневната да биде светла боја нешто како светло сино светло зелено.. мала кујна поврзана со дневната + трпезарија у средина кај кујната.. мала спална соба со кревет и телевизор тоалет со када машина и све тоа.. + детска соба
Јас па не сакам огромна куќа, сакам куќа средна големина, со преубава дневна, кујна, спална, 2 детски соби, тарасичка и убаво дворче за кучето наше Не сакам голема божем ако имам 5 слободни спални соби ќе скокам од среќа? Како да не ми потребале толку соби. А ако ја продолжам фантазијата за совршен дом тогаш би додала нормално и базен Во однос на уредувањето дефинитивно не сакам модерно дизајнирана куќа, тие куќи ми се ладни, без душа, како во канцеларија да сум. Не фала. Сакам винтиџ соби со модерни примеси. Е вака нешто низ слики го посакувам совршениот дом... Колку се убави, прекрасни. Јес да е непрактично за денешново брзо време треба да станам домаќинка само за да одржувам ваква прекрасна куќа
Мојот дом од соништата го замислувам вака... Голема куќа со 3-4 спални соби,а таа мојата спална со едне оооогромен кревет,со еден куп перници и со постелнина од свила...потоа во спалната да има и едно мало купатилце ко за туширање. Но да има и едно големо купатило со када,со туш кабина,со големо огледало. Потоа дневната со некој голем телевизор и со удобни кревети. Кујната незнам. А дворот цел да биде исполнет со зеленило и цвеќиња да има ама баш насекаде.Со базент со скалички,неколку лежалки и некои клупи под дрвата А и ќе заборавев да спомнам дека сакам да имам и соба-плакар и некои тајни премини и соби
Јас имам замислено стан така поголем,не куќа.Значи сакам голема и светла дневна соба,трпезарија со кујна и со шанкче на кое ќе има 2 барски столчиња,спална соба,две детски соби,убаво и големо купатило.Најважно ми е домот да ми е топло место,дом во вистинска смисла на зборот.
Еве дел од мојот дом од соништата Бидејќи домот го прават луѓето, а после предметите, замислувам дом со ширум отворени врати за сите добронамерници, насмеани весели лица, дом со позитивни вибрации. Убаво издекорирана трпеза, вкусни јадења кои шират прекрасен мирис, а јас - домаќинката стокмена, дотерана (како да не сум готвела цел ден), ги пречекувам најмилите. И задолжително, огромни прозорци кои гледаат кон градината.
Дневна Spoiler само што лиљаковите ѕидови би биле со сиво-бордо тапети, и темно црвена завеса-наместо лиљаковата Спална Spoiler Кујна Spoiler
Дворот: Градината Spoiler Базен Spoiler Водопади Spoiler Скара Spoiler Огромна тераса Spoiler Во градината Spoiler И Spoiler Подрумот: Гаража Spoiler Фитнес клуб Spoiler Винарска визба Spoiler Првиот кат: Огромна кујна Spoiler Трпезарија Spoiler Дневна Spoiler Работна соба Spoiler Билијард Spoiler Бања Spoiler Скали Spoiler Вториот кат: Спалната: Spoiler А внатре:Бања Spoiler Со џакузи Spoiler И соба за гардероба Spoiler Едната детска соба Spoiler Со бања Spoiler Другата детска соба Spoiler Со бања Spoiler Гостинска соба Spoiler Со бања Spoiler И уште една бања на вториот кат Spoiler И секако тераса Spoiler И на крај подкровјето:Гоолема соба за играње Spoiler Нормално со бања Spoiler Spoiler Премногу фантазирам нели?
уште 3-4 соби(ме мрзи да тражам) и баш вака би сакала да изгледа мојот дом ... и секако сакам да има огромна градина
Kako?! Tопол Се што е за средување, ќе биде, и ќе му помине модата, и ќе сакам нешто ново. Ама затоа атмосфера ќе има вонвременска
Јас мојот дом од соништата го замислувам вака: Да биде во Њујорк, пентхаус, со многу соби и една голема соба како мој плакар. Собите да бидат добро дизајнирани. И сакам една голема тараса со убав поглед. Сепак е дом од соништата
Не е важно дали ќе бидам во куќа на 5 спрата или во куќа со 2 соби Важно е да бидам со него,да имаме 2 деца.Тоа е најголемото богатсво. Мир,љубов и благосостојба Искрено не сакам големи куќи,сакам се што е мало и слатко
Кога прочитав ДОМ веднаш помислив на луѓето. За мене дом се луѓето, поточно семејството. Го замислувам пред се, полн, со маж, со три дечиња, да мириса на штотуку подговени кифлички... Да, мирисот и топлината ми ја доловуваат атмосферата на соврешен дом, покрај луѓето. И да е весел, да има музика, сите да се среќни и да се насмеани... А што се однесува до ентериерот, сакам голем стан (некаде 130-140 метри квадратни) со минималистички стил и топли бои во собите, и една голема дневна, со огромен плазма телевизор прикачен за ѕид, и електронски уреди, што од Dvd, појачало, добри звучници, модеми за интернет, а и најбитно, каблите да не се гледаат. Сакам од едната страна на ѕидот во ходникот накај спалните, библиотека со книги наредени по големина, дебелина... Да ми е тип-топ.
Прво и прво,не сакам луксузни огромни куќи со базен,џакузи и сл. не се мој стил. Сакам нешто помало,потопло делува.. Од боите сакам да преовладуваат светли, бела и крем, а мебелот,украси и други детали - од дрво. Други конкретни замисли не можам да ги доловам со зборови или слика, така да ова е главно. И мачка обавезно, битен детаљ.
не можам да го опишам убаво,тоа е само во моите замисли... битно да има голема градина базенче,фонтанче,мала куќичка со тераса но не многу голема,паркинг простор,би била сина боја куќата,и барем една од собите целата да наликува како да се наоѓаш на море...плава боја,школки...
На море . Сакам да биде куќа убава и малку раскошна а не да биде палата голема . Соби убави да има колку за деца и родители :geek:
Нешто како тебе,само не толку голема. (немора да ја имам гостинската сова со тоалетот,поткровјето и толку) Нема да можам цела да ја прошетам.