1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го замислувате вашиот иден дом од соништата?

Дискусија во 'Дом' започната од anita.lipsy, 10 мај 2011.

  1. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Мало куќиче со дневна и трпезарија, кујна, спална, детска (1,2 или 3 зависи од тоа колку деца ќе имам :D сакам секое да си има посебна соба ), 3 купатила ( едно во спалната, друго за децата и едно гостинско ) и уште една гостинска соба ( во случај да имам роднини, пријатели на спиење да има каде :) ) исто сакам двор со средна големина не нешто многу големо или ептен мало онака да има место за зеленила и за седење :D во глобала тоа а за внатрешно уредување не сум одлучила :D
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Па прилично мал. Иако ќе биде мал сигурна сум дека ќе има два тоалета. Потпишувам!

    Многу зимзелени дрвја. Онакво мало пластично бејби базенче на дување кое ќе ми стои во огромниот двор. Во него ќе си ги ладиме нозете.
     
  3. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    2.410
    Куќа на два спрата и гаража. Двор полн со зеленило, цвеќиња, камчиња... убаво среден. А куќата на првиот спрат да има голема дневна, преубава кујна со трпезарија и wc, а на вториот спрат спална, детски соби, некоја работна соба... Многу сакам да имам и куче :) Така нешто :)
     
  4. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Не многу голем,да има доволно соби за сите,секој да има своја соба за спиење(сметам дека е тоа многу важно),кујна,трпезарија,дневна и 2 купатила,едно за нас,другото за тие што ќе доаѓаат кај нас,односно гости.Убаво средена,во топли бои,сакам и мала терасичка и убава градина. :)
     
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Куќа на два ката. Една спална соба за мене, една спална соба за сестра ми и маж ѝ (хаха, и кога ќе се мажи со мене ќе ја носам), една детска соба за детенцето што ќе го посвојам, една гостинска соба за возрасни, една гостинска соба за деца. Толку со собите за спиење :lol: .
    Една голема кујна, два трапезарии (една летна на тераса или во двор, друга внатре.
    Една дневна просторија. Три големи плакари, до секоја соба. Пет ве-цеа (бањи). Една бања плус, за еднодневни гости. :)
    Голем двор, базен 7×9м. Зеленило, дрва... За ентериерот да не ви расправам. Имам и друга куќа замислено, но таа во друга прилика ќе ви ја објаснам, а може и план на собите да ви нацртам. Скроз е испланирана. :$
     
  6. Ultimate.Shopper

    Ultimate.Shopper Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2014
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    380
    :D
    [​IMG]
    Мислам дака нема потреба да го опишувам надворешниот изглед на мојот дом од соништата бидејќи се што сакам е прикажано сликовито во сликата погоре, а во внатрешноста на куќата да има доволно соби за сите членови на семејството, две гостински соби, две купатила, просторија за вежбање, кујна, дневна... Но, пред се во домот да има хармонија, радост, среќа, љубов. :)
     
  7. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Па сакам да имам домашна библиотека со сите книги на светов. :rock: Сакам и да имам тајна соба (во план ми е да се влегува во неа од шкаф. Да има спирални скали и оградичка до нив со која што ќе можам да си се лизгам од еден спрат на друг. :geek: Сакам да има мноогу соби, една цела соба со патки, топки (за сите спортови), сакам и соба со голем аквариум, само еден мал кревет да има во таа соба и да се гледа оргромниот аквариум, (соба за релаксација читај) и сакам да има воден кревет. Надворешен изглед незнам каква боја да е, да има базент, стакларник со сите ретки видови на цвеќиња и да имам минимум 20 кучиња. :D
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Најбитно ми е да е малку подалеку од центарот и да е на високо место од каде што би имала убав поглед. Сакам да има огромни стаклени прозорци од под до плафон во дневната соба и во спалните. Би сакала да е на два спрата + поткровје, а на поткровјето би имало библиотека со убава удобна фотелја, интересна ламба и некои други реквизити за забава...
    Сакам да е многу светло, а ѕидовите да бидат бели или во неутрални бои со интересни не многу нападни детали, а мебелот да биде од дрво. Каминот е задолжителен, кујната сакам да биде многу голема со шанк на средина и високи столчиња. Сакам да има и многу цеќиња внатре, внатрешни полукружни скали и два тоалети од кои едниот би бил доста голем за голема када или џакузи.
    Сакам да има големи тераси на кои би имала удобни фотелји за седење и масичка.
    И дворот сакам да е многу голем исполнет со зеленила, дрвца и цвеќиња, да не заборавам може да има и базен. :)
    [​IMG]
    Нешто вака, сега ја видов во друга тема :)
     
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.193
    Пол:
    Женски
    Внатрешност: 1 детска соба, 1 гостинска, 1 спална соба, 2 купатила, дневна, голема кујна, вежбална. Сето тоа на два ката + супер скоцкан таван кој претставува соба за релаксација.
    Надворешност: 1 базен, од оние бетонираните :D + надвор маса за вечера или ручек во лето +искосена трева и дрвца. :)
     
  10. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    126
    Мала скромна куќичка, најмногу до 2 ката. Повеќе не.
    Убав двор со зелена трва, окован со ограда и овде да ми стои автомобилот. По природа сум така не сум материјалист. Но некако малите куќи ми се топли на душа, а големите одбивни.
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Повеќе преферирам стан, со голема квадратура и да е на последен кат од висока зграда со кровна тераса.Многу сакам голем балкон, убаво уреден, со удобен мебел.
    Сакам станот да има огромни прозорци и многу светлина.
    Сакам земјени бои и природни материјали, мебелот сакам да е оргинален, автентичен, модерен, како да кажам, да има таква уметничка жичка.Не сакам ултра современо, туку уредно со парчиња мебел од познати дизајнери од минатите векови.Како на пр. очајно го сакам Rio rocking chair-Оscar Niemeyer.
    Бидејќи сакам да готвам, планирам да си издизајнирам ултра модерна и функционална кујна, пространа и во дезен на дрво.
    Исто така сакам и убава трапезарија која ќе зрачи со хармонија и удобност.
    Многу битна работа што ја сакам е уметничко ателје, со многу светлина, кое воедно ќе ми користи и како работна соба во која ќе го водам моето проектантско биро, по можност да е малку одвоено од остатокот од собите за да имам мир.Сакам да имам голема библиотека и многу уметнички дела.
    Спалната сакам да е удобна, со малку мебел, во топли бои и со пригушено светло, сакам да има бања во спалната соба и многу сакам соба-гардеробер, не мора да е оргромна, ама сакам на едно место да ми се наоѓа се, од облека до чевли, ташни, накит, козметичко катче и така.

    Ако биде куќа, многу имам фетиш кон стари градби, како оваа

    Ептен ми се со душа и онака романтични.
    Исти барања за ентериер имам и за во неа како и за во станот, со таа разлика што сакам базент во дворот и убава градина.

    Еве неколку сликички од она што црпам инспирација.
     

    Прикачени фајлови:

    На Snow-Star, Someonespecial и Dvolicen им се допаѓа ова.
  12. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Како го замислувам мојот иден дом од соништата?
    Па тоа би било мала куќичка со голем колоритен двор :inlove: за кој што јас ќе се погрижам :D
    Со светли и свежи бои...голема кујна :) од која ќе излегува мирис на тазе испечени колачиња:D
    Со камин и клацкалка покрај него :inlove: и зеленило внатре во домот:D
    Ѕид од прозорци во дневната за да се гледа дворчето кое што ќе биде со љубов негувано и да си ја полнам душата гледајќи надвор.
    Мебелот нема потреба да го замислувам, веќе го имам посакуваниот само уште куќата ми фали:D

    Дом исполнет со мир, љубов, здравје, со големо семејство и многу пријатели:D

    И обавезно ќе се тркаламе со малите низ дома:D:D
    Нешто вака:
     
    Последна измена: 9 јули 2015
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    сакам да биде некаде близу до плажа
    куќа на еден спрат ниска,долга со ооогромен двор и базен.
    внатре сакам се да ми е бело со камин обавезно и со многу огледала и кристали насекаде
    и да не заборавам поебна соба за облека ташни чевли и аксесори
    :inlove::inlove::inlove::inlove:
     
  14. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    од секогаш сум посакувала дом полн со љубов,разбирање и слога...во таков дом пораснав и таков дом сакав и јас да имам и имам фала Богу....можеби не е најлуксузен и по најнова мода ама додека мене ми е убаво да спијам со саканиот на стар лежај,да готвам на старо шпоре итн јас сум задоволна
     
    На MilaP и joy1 им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.861
    Пол:
    Женски
    Па има неколку верзии кои ми се мотаат низ глава, но важно да биде помало куќиче, да не е голема куќа. Помалите ми изгледаат посимпатично, потопло, поисполнето. Важно ми е и да има убав двор, односно градина.
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.720
    Допаѓања:
    172.708
    Пол:
    Женски
    Куќа..во основа од 100м2 со подрум исто толкав..
    Во подрум огромен телевизор, удобни фотељи..скоро речи мини домашно кино..
    Маси за билјард, пинг понг, пикадо.. мал бар, купатило..
    На приземје 2-3 спални, главната со посебна бања.. и голема кујна со трпезарија и стандардна дневна..
    Мал затворен базен со џакузи, сауна и парна бања..
    Летниковец со убава фурна и скара..
    Уредено во фармхаус или скандинавски стил..

    И сето тоа поставено на плац од барем 10.000м2 ..
    Затоа што сакам микс на дрва, зачини и разновидни растенија, куќички за животинки, зеленчукова градина..

    Спомнав дека треба да е на планина и барем 2км од првата куќа? :^)
    Да..сакам ранч со еден збор:lol:
     
  17. Aerodromka

    Aerodromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    117
    Возрасна сум па така да ваков стан сакам да имам(кризата ми ги поремети работите:^) но што е мое ке си дојде)
    Стан ке имам и викендичка надвор од Скопје.
    Стан-Претсобје со огромно огледало:rofl: , убава дневна , кујна со плотна (дур ми се вари кафето да измијам заби и лице:rofl:),тераса,две WC(едно за мене,едно за гости) и 2 детски(една за внук ми и една за мене).
    Викендичка-Што е можно поедноставно.Убаво уреден двор со помали обврски
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Dark academia дом. :D
    Или поконкретно, ентериер целосно составен од виктoријански, готски елементи, по нешто старогрчко, со влијанија и од периодот на 40ти години на 20ти век во Европа. Комбинација на максимализам со темна палета на бои, антиквитети, голема библиотека, убави дрвени прозорци и врати, шарени софи, по некое уметничко дело и слично....плус, нешто минимално модерно, колку да се каже. Воглавно, многу повоодушевена сум на естетиката од минатото, без разлика за кој правец се работи, отколку сегашните модерни и постмодерни дизајни.
    Значи некогаш ако имам премногу, ама ептен вишок пари, ги вложувам во ова. :D
    Не ми е битна толку големината на просторот(секако, да биде доволно комфорно) колку што ми е битна надворешноста и внатрешноста. Исто така, убаво декориран двор со доволно место за релаксација и еден куп растенија и цвеќиња ми е пребитно - имам искусено и стан и куќа и дефинитивно не се рамнат.
    Во слики, вака нешто:
    f33ed95356cac.jpg 2312e1a64b52b.jpg af75203ebe08c50b5b19c721403f0017.jpg modern-gothic-interiors.jpg The_Ultimate_Guide6_1600x.jpg dc676a9dc999a509bb892b29c38e9e6a.jpg tumblr_42ebe0ebf2568e2ea96ad447a92c5f37_6f762832_540.jpg
    Victorian+Gothic+style+interior.jpeg