После 100/1000 години што мислите каков ќе биде светот?Еве како нас не замислувале луѓето од минатото http://skopjeid.com/2012/07/01/pogledne ... na-modata/
Па веројатно онлине ќе се снабдуваме со сите потребни средства,дома преку копјутер ќе си работиме,ќе учиме,со луѓето ќе комуницираме исклучиво преку фб и сл.
За неколку години дипломиран филолог, по можност после тоа да си најдам работа. На поле љубов оставам спонтаноста да работи. Многу патувања исто, кои ми се страст отсекогаш па редно е да го потполнам пасошот. И секако посета на Шпанија на краток или подолг период .
Па мислам дека би имало роботи некакви си кои би ги извршувале работите на вистинските луѓе, а овие само ќе седат дома, ќе гледаат ТВ (или каков ли уред дотогаш) и ќе јадат БигМек и ќе се дебелеат.. И ќе си мислат: - ОМГ овие луѓево во 21-век и работеле по нешто.. А ако некој од нас остане жив до тогаш , у тој случај ќе ги нареди сите луѓе но поликруг и тој ќе седне наспроти сите нив и ќе вика: „...Еднаш, мнооогу одамна си живееја луѓе кои работеле, учеле, читале и се труделе, немале хробобиле, микробили, и текропетаротомитобили, ама имале МОБИЛНИ, денешни МАТОРОТОКАРЕТИПОТЕНТОБИЛИ........... и така натаму, и така натаму, и така натаму.. Спојлер Зашто Ова Го Кажувам Лајк А Јоук!?
Чипови при раѓање. Зголемена жед за контрола. Излегување од контрола со напредната нано-технологија. Ужасно. Можеби јас нема да доживеам, но реално е дека ќе го доживеат моите внуци.
Да надополнам.. Наместо храна ќе има некои хемиски течности кои заситуваат... Шопингот ќе се одвива според некоја си технологија незнам каква....
Не знам никогаш не сум го замислувала животот во иднина. Но мислам дека како што започнаа да пишуваат е-книги,во иднина ќе ги снема книгите и сите ќе мора да учат,читаат,па дури и пишуваат на компјутери.А јас не би сакала тоа да ми се случи..
Дипломиран менаџер,вработена во некое министерство. Омажена за мојот војник, да живееме во скромна куќа. Да имам 3 дечиња. Тоа е оноа моментално што го замислувам, оноа што ми е целта и се стремам кон неа.
Несакам никако да го замислувам,се доаѓа само по себе. Сакам да ја живеам сегашноста,несакам да размислувам за иднината
На пример ,Фемина ја замислувам дека сеуште постои како форум ама наместо да куцаме и да се мачиме,ќе имаме од тие 3Д капите или наочарите и кога ќе сакаме да испратиме мислење наместо напишано ќе биде кажано на микрафон и феминките наместо да прелистуваат низ темите,ќе преслушуваат. Уствари исто како филм да гледаш или клип на јутуб Само,пошто е анонимно нели,гласот ќе ни биде измутиран како некој ремикс или како роботите што зборат,а наместо аватар би имале гиф или некоја анимација која се движи како што се движиме ние ама не ни го покажуа ликот.Како филмот Аватар што се снимал
Хммм па ќе завршам факултет, ќе станам докторка,ќе најдам убав,добар и способен маж ќе му родам 2 дечиња и така среќни ке си живееме до крајот на животот.
Јас мојот живот го замислувам наеден поинаков начин од овој сега далеку од луѓето околу мене секако би сакала да отидам во мојот омилен град Белград и таму да се омажам да имам деца со човекот кој го сакам и еден нормален живот без преувеличување како што прават некои сонуваат за скапи коли милиони итн мене тоа не ми е потребно сакам само мирно да живеам далеку од луѓето овде ,далеку од нашево секојдневие и случувањата тука.