1.Па ќе имаме чипови за храна и тие чипови ќе одредуваат што и колку да јадеме така што веќе нема да има проблем со прекумерната тежина на лиѓето. 2.Веќе нама да има компијитери и телевизори на струја туку со вградените чипови можеме да го укучиме компијутерот и ќе ни излезе пред очи само декстотпот ќе биде на тач и одиш отвараш фемина и почињаш да ги читаш мислењата од минатото и се чудиш 3.Се ќе биде ласерско.Со ласер ти поправаат заб, ти ги исправуваат забите наместо да носиш протеза, ако не гледаш со ласер прават да прогледаш исто и за слухот итн. 4.Чиповите нема да дозволуваат да се уништува природата и да се прави зло. 5.Политичарите ќе имаат чипови и нема да можат да крадат, чипот нема да дозволи 6.Колите ќе работат на воздух и ќе летаат, така кога сакате ќе можете да го прошетете светот. 7.Веднаш штом ќе се роди дете ќе му стават чип во главата и детето е одма образовано, така да децата немора да одат во школо ќе бидат одма образовани.А ако сакаш да имаш и образование од некој факултет си купуваш чип и идеш кај доктор ти го вгерадува и ете имаш факултет завршено. 8.Рабаотата ќе биде полесна и повеќе платена и луѓето ќе живеат во мир и нема да има војни. Тоа од мене, се гледаме во наредните 100 години.Поздрв
Убава тема Сакам да го завршам факултетот во предвиденото време, да се вработам на пристојно и постојано место, во меѓувреме да се смирам со саканиот и да ни тргне на добро, по завршувањето на факултетот да се омажам за него и да си имаме 3 дечиња и да си живееме среќно и моите најбриски да бидат живи, здрави и среќни.
Се ќе биде исто само многу по загадено, времето по топло. Ќе се војува за вода, нафтата ќе исчезне, автомобилите ќе бидат на соларна енергија како и многу други работи. Ќе може да патуваме на други планет, а НАСА ќе се обидува да создаде живот на соседната планета. Ќе има многу болести и многу ќе се намали наталитетот на планетава. Многу животниски видови ќе изумрат и ќе се уништи квалитетот на обработливата земјена површина значи ќе умре и земјоделството од загадена почва. Микроорганизмите ќе си измутираат и ќе си се прилагодат на такви услови за живот, а нас ќе не напаѓаат. Милијардерите ќе си живеат под стаклено ѕвоно, а ние обичните смртници... којзнае што ќе биде со нас...
Јас сфатив дека темата е за животот по 100-1000 години. Кратко и јасно ќе нема живот.Имам два аспекти на размислување. 1.Како резултат на загадувањето на атмосферата ќе однема доволно свеж воздух, па луѓето едно време ќе носат маски полни со воздух.Потоа ќе се намалат резервите на вода и вода ќе однема.Луѓето ќе прават различични хирургии на органите но нема да успее.Познатите и богатите ќе се преселат на друга планета и таму ќе живеат 10-тина години и потоа ќе умрат сите. 2.Технолигијата,медицината,екологијата се ќе напредува полека ќе се намалува глобалното затоплување и ќе се поплни озонската дупка.И кога сите ќе мислат дека се средено БУММ роботите ќе почнат да владеат на планетата (слично на терминатори). Поука:Човекот е крив во сите ситуации. П.С.Знам дека имам бујна имагинација.Но доволно го следам светот и тоа е мојот начин на размислување.Јас така ја гледам планетата за иднина.
Како песимист, вака го гледам. Нивото на морињата ќе се зголеми и пристанишните градови ќе бидат под вода. Ќе нема чиста вода за пиење. Ќе има морски бури кои ќе ги разрушат зградите. Ќе нема доволно храна. Ќе се намали флората и фауната. А по илјадници години, можеби и ќе згасне животот на планетата Земја, или ќе има некои организми кои ќе мутираат со текот на времето и ќе можат да се приспособат на температурите тогаш. Моја не многу логична логика.
Како го замислувам и како би бил е различно премногу. Реално сакам животот во иднина да има мир, да има разбирање, сите да се почитуваат за она што се, да не си ставаат непотребни етикети на нешто што се или на нешто што треба да бидат. Сите ќе се грижат за себе, за својата работа и ќе го користат максимално слободното време. Ќе се почитуваат човековите права. Е сега колку од ова ќе се исполни ...
Ко за почеток, еден период сакам да живеам сама. Не мора да сум постојано сама, секој момент од денот, само уште сега чувствувам потреба да се затворам и да одморам од комуницирање од луѓе, барем на 2-3 часа во денот, а тоа е невозможно ако живееш со други луѓе. Потоа, сакам да одлучам што точно сакам да работам и секако прво да дипломирам. Да се фокусирам само на една работа, затоа што не би сакала да трчам на сто места во еден ден, како што правам сега. Следно, би размислувала за семејство. Некој далечен ден кога и јас ќе престанам да бидам дете. А за животот на планетата после 1000 години, искрено се плашам. Во мојата оптимистичка и позитивна глава се ќе биде супер, сите болести искоренети и нема да има војни. Глобалното затоплување ќе го снема и луѓето ќе живеат помалку стресно.
Ако тоа може да се нарече живот... Луѓето веќе нема да имаат свое јас, нема да мислат со свој мозок, се технологијата ќе прави, ќе има роботи како помош при извршување на некои работи, времето ќе биде лошо како резултат на глобалното затоплување.
Latest news https://www.facebook.com/NowThisFuture/videos/1163340360373809/ https://www.facebook.com/boredpanda/videos/10154274960499252/
Спојлер Мојот живот во иднина се надевам ќе биде многу подобар отколку во минатото и сегашноста. Со оглед на тоа колку имам страдано се надевам сите солзи до една ќе ми се исплатат и секое лошо што го живеам ќе испадне на добро. За едно 5 години од сега се гледам како некој кој ќе има успешна кариера, сопствен стан, одличен брак и две дечиња и плус миленичиња.
Ajde zdravo na site i golem poozzzzzz Nov clen ! Edno moe mislenje jas zivotov nemozam da go zamislam odnapred da si pravime fantazii ova vaka onaka i na kraj ona so nema da go ocekuvas toa ke bidi jas 3 pat se preselivam i mislam posledno nema poveke rasetuvanje i mora da se najdi nekoja stvarno dobra licnost sto ke te saka ceni i pocituva i otvorena za se da spodeli i dobro i loso......