Со диплома и работа од соништата. Опкружена со оној кого најмногу го сакам и многу деца.Во куќа малку надвор од градот,со голем базен. Сакам да патувам,да имам дизајнерска облека и огромна домашна библиотека...(ова за поблиска иднина) Сега приметив дека најпрво темата се однесувала за 100 години.Сигурно технологијата ќе игра важна улога во тој живот.Човештвото напреднато во однос на животниот стил но,во поглед на човечкото многу назад. Колку повеќе технологијата ќе го заменува човечкиот мозок, толку човекот ќе биде поглуп,за жал. П.С. Се надевам дека нема да ги уништат книгите и се да биде електронски...
Кога ќе си помислам на иднината страв ме фаќа. Знам дека времето со себе си носи товар на кој ќе морам да се навикнам. Но посакувам иднина без стрес и грижи, без крупни проблеми. Добра плата. И две дечиња кои ќе ми го разубавуваат секој ден. Не барам многу, се надевам дека и тоа ќе го добијам.
Никако...што дојде тоа. Колку замислував па никогаш не испаднало така, се случиле работи што во целост ми го промениле животот, па затоа сега ништо не замислувам.
Баш вака. Спојлер: Софија http://www.femina.mk/новости/мода/р...софија-сними-модна-фотосесија-и-даде-интервју
Порано и замислував и планирав, но сфатив дека реализацијата е налик на научна фантастика. Можеби и таа ќе биде полесно да се протне во реалноста, отколку моите планови да ја видат светлината на денот. Искуството ме научи да ја прифатам сегашноста и да размислувам за сега и тука.Иднината е поврзана со едно ќе, а тоа крие мистерија која ми влева страв и неизвесност.
Можеби е подобро да го прочитате воведот на темата, не се работи за вашиот приватен и професионален живот. Инаку, не го замислувам светот во иднина, секако ќе згрешам.
Zdravo Edno prasanje do vas mozebi e glupavo i ne e za ovde no neznam kade da go postavam. Zamislete vie da ste odgovorni se vo vrska so tehnologijata sto bi vovele novo vo svetot ? primer kako internet vo sekoe domakinstvo ili pobrz pristap po sakanite nesta...
Би сакала да верувам во подобра иднина, но интуицијата ми вели дека човештвото ќе оди накај трансхуманизам, спој на човекот и технологијата. Мислам дека дополнително, ако не и целосно, ќе се оддалечиме од природата и дека ќе живееме во некој виртуелен свет. Не е нешто што го посакувам, но ми изгледа како неизбежно, а лично јас, порадо би живеела во племенска заедница отколку со вграден чип.
Јас пак чекам да најдат начин да не 'аплодираат' на клауд Замисли колку помалку ресурси ќе користиме!
Некако ми е creepy, како да се одзема слободата, не знам. Ај кажи како замислуваш, не те разбирам до крај.
Тешко дека некогаш ќе успеат такво нешто, ама да може сеќавањата, свесноста, личноста да се аплодира на сервер и таму да 'живееме' во виртуелен свет. Да немаме биолошки тела. Е тро крипи... ама замисли: Вечен живот
Ауууу не, вечно на форумов ќе треба да се докажувам, поарно реинкарнација тогаш, замисли ти се реинкарнираш во монахиња, а јас во транссексуалец, поинтересно би било. Вака исто па исто ќе вртиме. Бегај жити сѐ, каков клауд.
Не верувам во живот после смртта. Природните закони 'не дозволуваат'. Барем од тоа што го знаеме до сега... Додуша.. многу малку знаеме. Ај, поарно да не мислам на вакви работи. Дај нешто тековно ќе 'решаваме'. Пример: Дали да чистам денес, или утре?
Не верувам ни јас во реинкарнација, туку онака, чамче муабет, ама забавно би било. Мене ми е чистењето терапија, така да, гласам за денес.