1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го замислувате животот во иднина?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ceca-1, 2 септември 2012.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Апсолутен трансхуманизам. Пишував уште 2012 година околу оваа идеолошка гранка. Гранка која значи пренос на човековата свест, когниција, интелигенција во машина. Дигитално постоење, односно робство. Новиот поредок е веќе етаблиран и со забрзано темпо веќе се случува. Вистинските ефекти ќе ги почувствуваме за десет години од сега.
     
    На nextredstyle и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не го гледам како робство.
    Ми се допаѓа идејата за трансхуманизам.
     
  3. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Ти се допаѓа агендата на Клаус Шваб која гласи ,,You'll have nothing, but you'll be happy"?
    Кога тие самите при прва прилика се натпреваруваа на берзата кој ќе купи повеќе имот и земјиште, додека нас ни се закануваат дека ќе живееме во дигитално утопистичко и безпредметно општество, што е тотален оксиморон и фашизам, ама добро... Ако повеќе ти се допаѓа идејата за виртуелно доживување отколку реално, што да ти кажам Вајлд?
    Јас не би да живеам во средина во која не постои емпатија, која и онака изумира и ја има во се помала количина. Изразот ,,биороботи" не постои. Бидејќи тука нема ништо биолошки, освен фасада.
     
    Последна измена: 21 октомври 2021
    На LoneWolfGuy, nextredstyle, Cookie21 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ионака не ја гледаме реалноста.
    Субјективно ја доживуваме.
     
  5. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Реалноста е субјективна, но за неа имаме каков - таков избор кој е хуманистички. Сеуште.
    Во трансхуманизмот нема да имаш избор. Тоа е ,,едно општество за сите". Предодредено и детерминирано.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ќе имаш избор, исто колку што имаш и сега.
     
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Не баш...
    Изборот ќе биде сведен на дигитално постоење.
    А, тоа не е ниту човечки ниту природно за нашето физиолошко/биолошко постоење.
    Чист информативен трансфер, без духовност, свест, чувство.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ко прво далеку сме од тоа.
    Ко второ, ако успеат секој мозок засебно да го аплодираат во целост, се' што си сега, ќе бидиш и тогаш.
    Нема 'по пат' да изгубиш емпатија.
     
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.448
    Допаѓања:
    5.412
    Пол:
    Женски
    Не целосен :)
     
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Вајлд, не лупај.
    Поимот транс - хуманизам онтолошки во превод значи губење на свеста. Оттаму потекнува терминот ,,транс". Машина не може да пренесе човеков импулс, синергија, чувство, емпатија. Може да ги имитира, но, не и да ги пренесе симултано. Цивилизациите пред нас се веќе трансхуманистички. Уште од 57 е официјално етаблирана оваа идеја, и етапно ќе се движиме кон неа следниве педесет години, до финална реализација.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Онтолшки не знам што значи... ама знам дека не значи и во технологијата исто.

    Емпатијата ти е мрежа од сетила, сеќавања, искуства, сензации.
    Се опишува со хемиски реакцији, кои може да се инвертираат(теоретски) во бинарен код.
     
  12. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Тешко Вајлд.
    Тешко и теоретски и практично. :D
    Трансхуманизмот претставува технолошки напредок, но духовно уназадување.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не мислам дека е така.
    Спиритуалноста е исто производ на нашиот мозок.

    Затоа реков рано е уште.
    Во тек е проект за мапирање на човечки мозок.
    Доправа има работа, бидејќи сеуште не знаеме како точно функционира мозокот.
    Оптимистички, еден век ќе помини до тогаш.

    *И заборавив да напоменам:
    Привлечна ми е идејата за вечен живот :D
     
  14. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Мапирање? Програмирање мислиш. ;)
    Они се изразуваат со помалку болен речник за да бидат поприфатливи.
    Инаку, духовноста не е производ на нашиот мозок.
    Соништата кои често ни се остваруваат, интуицијата...тие не се алгоритмички поставени.
    Постојат и се производ на човековата суштина која е дел од духовноста.
    Духовност не е само верба во повисоки Светови или Бог, туку тоа е интерен корпус.
    Цела мрежа во која свеста и потсвеста се преплетени во една мрежа која не сочинува нас како хуманоидна раса.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не.
    Мапирање мислам.

    Се' е алгоритам.
    Проблемот е што не ги знаеме алгоритмите.

    Не е планот да бидат преплетени во една мрежа, туку да си бидиш единка, како што си сега.
     
  16. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Maпирање е (ре)програмирање на невролошките и когнитивните способности кај еден човек. Единка е биолошки концепт. Спојувањето меѓу биологијата и технологијата е производ на нова, хибридна раса, која само однадвор личи на човек, додека одвнатре е машина.

    Да океј, ние сме во матрицата, и сме алгоритам, но нашата свест не е математички конструкт, туку е (сеуште) производ на избор и слободна волја. Додека кај трансхуманизмот се губи поимот за слободна волја, во онаква форма каква што постои денес.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Мапирање е мапирање на невроните и синапсите во мозокот.

    Никој сеуште не знае што е свеста.
    Затоа реков дека сме премногу далеку од трансхуманизам.

    И во теорија, не се губи слободната воља со трансхуманизмот.
    Теоретски, исто ќе си човек, само во бинарен код.
     
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.448
    Допаѓања:
    5.412
    Пол:
    Женски
    Па и не баш.Ако се веровати да на отворените дискусии за јавноста на новите самопрогласени богови-ванаби и креатори на новиот свет и (не)човек и до 2030 стане реалност.

    Него која е потребата/придобивките уопште од трансхуманизам? :^)Шо му фали на човекот како таков? Па мора и директен пристап до неговиот мозок и мисли дигитално?
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Кој рекол до 2030?
    Нема шанси.

    Бесмртност.
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Имаше еден филм со Силвестер Сталоне мислам дека беше во главна улога баш за ова што зборуваш е прикажано во филмот.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.