1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го замислувате животот во иднина?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ceca-1, 2 септември 2012.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Немаме доволно знаење и доволно напредна технологија.
    Планетата не е проблем.
     
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Дури стигнеме до тоа знаење ќе ја уништиме нашата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Многу веројатно сценарио.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.969
    Допаѓања:
    48.739
    Пол:
    Женски
    Ја само својата иднина ја имам замислувано искрено.А вака на глобално ниво ептен малце, не сум фантазер него реалист и иам 2 мислења:
    1.технологијата ќе го замени човекот во секој поглед
    2.глобално затоплување ќе нѝ ебе мамата
     
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.784
    Допаѓања:
    6.655
    Пол:
    Машки
    Уште повеќе покомплициран од секој животен аспект.
    Технологијата ќе се развива до неодредени граници а вештачката интелегенција ќе го замени човекот.
    Нема да има човечки раси, националности, религии, се ќе биде измешано. Најголем акцент ќе се става на технологијата и индустријата.
     
  6. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Многу професии нема да постојат, роботите ќе не заменат. Технологијата ќе биде премногу напредната, ќе биде таа двигател. Луѓето ќе работат и учат само од дома, ќе нема никаков контакт меѓу нив, ќе бидат многу отуѓени.
     
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Мислам дека и покрај тоа што технологијата ќе биде напредната, контактот меѓу луѓето нема да се изгуби. Напротив, врските меѓу нас ќе си останат секогаш така силни. Тоа ни е во природата.
    Можеби некои професии ќе престанат да постојат, но ќе се појават нови.
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    Епа вака. Темава е да споделите размислувања за што мислите дека ќе се случи во блиска, далечна или многу далечна иднина. Некои ваши размислувања во врска со општеството, технологијата, природата (пример климатски промени) итн. Како што порано мислеле дека ќе имаме летечки коли да видиме ние во кој смер размислуваме. :D Може да се буквално на било кои тема. Еве некои мои:

    - Не знам за летечки коли, ама мислам дека ќе дојде ден кога сите до еден ќе имаат електрични коли. :D

    - Македонија ќе ја снема како држава поради недостаток на луѓе, нема да може повеќе да функционира и територијата ќе биде поделена на соседните држави.

    - Скоро ќе бидат строго забранети и контролирани сите форми на пиратство (инспирирана од тоа колку ми е потешко да најдам пиратирани филмови и книги сега отколку пред неколку години)

    - За некои 1000 години, планетава ќе уништи се што е направено од човечка рака, како и сите луѓе и ќе се „ресетира“ од 0.

    - Вештачка интелигенција ќе биде присутна во скоро секој сегмент од нашиот живот, и при секојдневни работи, и при сите професии, особено медицина.

    Некогаш се обидувам да размислувам како ќе се облекуваат луѓето за 100 години и каква ќе е секојдневната облека, и ми е многу тешко да замислам нешто иновативно, во мојата глава е урежано тоа што го гледам ден денес. :D
     
  9. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.828
    Допаѓања:
    7.141
    Пол:
    Женски
    Имам размислувано неколку пати на темава. Мислам дека не у скора иднина ама можеби за 15-20 години (можеби повеќе) земјите од Азија што сега ги исмејува цел свет ни биле многу подобри од некои земји од Европа. Исто и за Јужна Америка. А за Македонија немам некое мислење, односно ќе видиме.
    Облеката не можам да ја замислам како од Џетсонс или како и да беше фуруристичкиот цртан, вајда иста ќе биде како сега.
    Дека уделот на кој било технолошки удер/AI дека ќе биде застапен во секојдневие, тоа да
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.211
    Пол:
    Женски
    Мислам дека низ децениите ќе опаѓа квалитетот на живот во развиениот запад, ќе заличи на Балканот или на Латинска Америка :| со ова темпо на мешање култури, но можно е нашите генерации тоа да не го дочекаат. А може и да не се случи ако се промени политиката во меѓувреме.
     
  11. Cloi

    Cloi Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Како прво во иднина, ќе се откријат нови планети и тоа дека постои живот на нив.
    Не е исклучено и тоа дека може да се преселиме да живееме на нова планета, оваа и така ја уништивме на многу начини, прашање е во иднина дали и колку долго уште ќе постои.

    Ќе почнеме да одржуваме контакт со вонземјаните, односно марсовците.Тие се почесто ќе доаѓаат во посета на нашата планета.

    Вештачката интелигенција ќе биде развиена како никогаш досега.Ќе бидеме заменети од роботи за многу работни места.

    Ќе се возиме со електрични авиони и електрични коли.

    Медицината ќе напредне како никогаш досега, ќе се пронајде лек за многу неизлечливи болести, ќе се врши трансплатација на органи на кои порано не се вршела.

    Веќе е започнато да се плаќа со биткоин, во иднина можно е биткоинот да стане единствено средство за плаќање на производите и услугите.