Сите сме свесни дека изборот на факултет не е лесен, но секој избира факултет кој го влече со професијата што ја содржи. Дали да одиме на факултет кој го сакаме или на факултет каде што имаме дефицит од работа па потоа лесно може да најдеме работа по професија? Што мислите вие?
Јас, како студент на факултет кој го запишав не по сопствена волја, слушајќи ги советите на моите блиски дека тој факултет ќе ми донесе брзо и сигурно работно место, те советувам тебе и сите останати да изберат да го студираат она кон кое имаат љубов. Одвратно е да студираш нешто што не го сакаш а постои можност и да се откажеш еден ден.
Сестра ми се запиша на смер кој воопшто не ја влечеше пред 5 години . Уште го влечка факултетот . Не дека не може да научи , ама не ја влече да ја фати книгата да научи . Мм денес даде документи да се запише на истиот факултет . Предност е што е веќе вработен и се запиша за да се унапреди на работното место , а со самиот смер се надоградува во знаењето . Јас планирам да се запишам понатаму , би се запишала за јазик бидејќи тоа највеќе ми оди од рака а и сакам да го учам јазикот , од прв пат кога почнав да го учам го засакав . И јас би се согласила со членката погоре , запишете се на она што ве влече да го изучувате , во спротивно само механички ќе одите на предавање и ќе се враќате .
Доаѓа периодот за полагање матура и уписи на факултет, ова нека биде тема за идните студенти што ќе им помогне. Накратко раскажете што ве потикнало да го одберете факултетот на кој сте студирале/студирате. Може да биде некоја случка, сон, филм, личност. Зошто забележувам многу грешат при изборот на факултет на првата проба, па вториот пат си го погодуваат.
Neznam bezveze odluciv.Sega si vikam dali go izbrav praviot fakultet.Dali ako bea ikonostite drugi da neidev so toj decko da bev samapodobro ke odlucev .Neznam vrakanje nema
Главната причина искрено ми беше заради близината, што можев да патувам и пак да бидам дома. Не дека ич не ме интересираше тоа што го студирав, само има работи кои повеќе ме интересираат. Од сегашна гледна точка ќе одев Скопје некаде. Ама никогаш не е доцна, можеби ќе посакам повторно да запишам друг факултет ако не ми оди со овој.
Изборот ми беше во согласност со областите кои ме интересираа уште во средно. Си направив селекција на предмети кои ми беа омилени и кои сакав понатака на некој начин да ми се поврзуваат со професијата, да имам практична примена од нив. Со оглед на тоа што сите не можев да ги поврзам само во една професија, морав да се определам кои ми се приоритет. Понатака исто така си размислив кои способности сакам да ги развивам кај себе. Седнав да разгледам и кои факултети ги имаме на УКИМ, зошто бев одлучена дека ќе студирам на државен. Веднаш можев да отфрлам еден дел од нив, ги размислив и другите кои останаа и крајно изборот беше меѓу два меѓусебе слични факултети, кои на некој начин се надополнуваат. Разговарав со блиска личност која го имаше студирано едниот, а истото го направив и за другиот. Одлуката беше по инстинкт, бидејќи секако еден од нив ми предизвикуваше поголема заинтересираност. Од денешен аспект задоволна сум со изборот, иако не беше целосно како што очекував, сепак мислам дека истото ќе беше на кој и да одев. Тоа беа некои бруцошки розеви визии, кои никако немаше да останат такви, зошто предизвиците со кои се соочуваш во текот на студиите е нормално да ти изменат некои видувања. Да се одлучував сега, повторно би го избрала истото зошто навистина многу ме измени. Не само во смисла на професионално обучување, туку и во менување светогледи. Ме промени и изгради и карактерно како многу послободна личност од порано.
Го избрав зошто учев средно за сестра и ова ми беше најсродно. Мислам добра е струката, но би се запишала во Штип само сега да се запишував пак, маста ми ја извадија тука, а иста е дипломата и од двете места, џабе косата ќе ми побеле тука.
Уште од 2ра средно знаев на кој факултет ќе одам. Имав неколку прилики, но го избрав факултетот во кој најмногу се пронаоѓам и секако дека воопшто не се каам. Само со љубов кон факултетот и напорната работа можеш да ги пребродиш сите пречки и тежини во однос на студирањето и стресот кој го пружа факултетот. Се се пребродува и завршува само ако се има цел и љубов.
Мислам дека повеќе поради притисок се запишав отколку поради желба. Да, во основно и средно повеќе бев насочена кон предметите што ја проучуваат областа што ја студирам сега, и иако ми беа интересни тогаш па и во првата година од студирањето, сега не можам да ги поднесам. Да можев да го вратам времето, во никој случај не би се запишала тука пак. Мислам најголемиот проблем во мојата одлука е тоа што многу површно размислував додека бев средношколка, не си дозволив убаво да се поврзам со некој предмет, наука, немав волја, немав интерес за ништо. Гледав само што ми "иде". Е сега, кога веќе почна да ми работи мозокот сфаќам дека најверојатно сум направила грешен избор, и почнав да си ги разбирам интересите и желбите а тие не го вклучуваат факултетот што го студирам. Иако планирам да го завршам, бидејќи ми останаа уште 2 години максимум, искрено не знам дали понатака ќе работам нешто поврзано со ова.
Никогаш не е касно да го студираш тоа што го сакаш. Претпоставувам си околу 22-3 години, не мажена што засега е уште по олеснителна околност да си го завршиш факсот што ти бил / е желба
Затоа што средно ја запишав таа струка, се одлучив истата струка и на факултет Без везе, требаше медицина да си учам
Искрено немав некој момент кога седнав да одлучувам на што ќе се запишам, сѐ ми се чини дека од секогаш силно ме влечел еден правец. Се сеќавам и мала кога бев си сакав да читам, да дознавам, некако сѐ ме влечеше кон природни науки, иако нели не разбирав многу работи.После во основно си зацртав дека морам да бидам истражувач (лол, си летав со паметот) и сакав да идам средно медицинско па на биологија.Не се запишав средно медицинско, иако желбата за факс биологија си стоеше до гимназија до негде втора година, кога сфатив дека повеќе ме влече медицината отколку чиста биологија. После во 4та пак имав малку двоумење дали сепак да отидам на молекуларна биологија, па да не згрешам, ама сепак се одлучив за медицина зашто желбата ми беше поголема.
Кога требаше да се запишувам на факултет, бев многу неодлучна и се мислев помеѓу неколку факултети. Ова што го студирам сега го избрав во последен момент, но доброто е дека тоа што го учам, го учам со љубов. Сега не велам дека не би учела втор факултет, никогаш не се знае тоа. Го сакам ова што го учам и кога би го вратила времето назад, повторно би го избрала истиот факултет.
Поради просперитетот кој го нудеше истиот. Се двоумев помеѓу два тотално различни факултети, едниот го посакував повеќе, но со истиот немав да имам можност за успех, мали шанси за вработување, и мал финансиски бенифит. Разговарав со личности кои беа во двете области и двете ме насочија на вториот избор. Не беше лесна одлуката да се донесе. Имав неколку покајанија во текот на студирањето, посебно во некои тешки моменти кога немав прогрес, но, издржав и го завршив. Најдобро нешто што во тие моменти е што не потклекнав и горд сум на себе си за сите одлуки кои ги донесов, од денешна перспектива, се покажаа како исправни. Од една страна сум задоволен со струката која ја одбрав, но, од друга страна сеуште чувствувам некоја мала неисполнетост во себе си што не се одлучив за првиот избор што го имав, колку и истиот да звучи безнадежно и не просперитетно. Денес, чувствувам дека е доцна да го запишам како втор факултет, па сепак ќе остане како едно хоби кое ќе се проширува во слободното време. Може, некогаш и знаењата од двете науки би ги споил во нешто комплементарно кое ќе може да ми донесе лични бенифиции и развивање на сопствен бизнис. Но, таа идеја е сеуште рано да биде реализирана. Од аспект на образование, имам желба да направам една мала надоградба на знаењето кое ќе ми овозможи повеќе опции за продолжување на кариерата, а и можност за работење на она што повеќе ме исполнува.
Ме влечеа општествени науки. Кога дојде време за одлука разгледував какви опции имам и ова што го студирам ми се чинеше како најпогодно за мене.
@Hellobeautiful никогаш не е доцна, а ниту погрешно да се насочиш кон тоа што го сакаш. Делумно рано одлучуваме за животната професија, така што лесно се случува да избереме пат во кој не се пронаоѓаме. Многу работи доаѓаат до израз по уписот и почетокот на нашите студии, очекувањата и реалноста да не се совпаѓаат. Се е тоа нормално. Во кој момент сакаш можеш да тргнеш по патот кој те исполнува, ништо не е изгубено, млада си, животот е пред тебе, желбите и твоите цели исто така.
@Veta @Glowy Фала ви девојки за убавите зборови, сега за сега немам баш можност и прилика да превземам нешто, претсојниот летен семестар секако ќе го запишам. Но, понатака дефинитивно планирам да направам некакви промени .
Беше навистина тешка одлука за мене. Јас сум човек кој се го интересира и се сака да прави. Сите предмети ми одеа во основно и средно(со исклучок на физичко), немав некој посебен предмет да кажам е ова е тоа што сакам да го учам. Долго време размислував, анализирав и на крај пресудна беше желбата да им помагам на другите, хуманоста. Знаев дека сум личност која сака да биде покрај други луѓе и знаев дека морам да работам со други. Не можам да се замислам да работам работа каде би немала контакт со луѓе и покрај тоа што истата е најтешка. И така ја донесов одлуката да се запишам на Медицински факултет, за која немам зажалено сè уште. Така да не се ограничувајте само на предметите што ви одат во основно и средно, запрашајте се каде се гледате за неколку години и каква личност сте карактерно. Бидејќи во некои случаи тоа е пресудно. А во врска со перспективите, па да не се лажеме се гледа и тоа. Ако бирате помеѓу две професии кои би сакале да ги работите а едната е попросперитетна, нормално дека тоа ќе одберете. Ама да се бира факултет исклучиво заради тоа е лудост, бидејќи голем дел од животот ќе ја работите таа работа. Јас лично не би сакала да сум заглавена со професија, работно место кое не ме исполнува.
Сметам дека на 18 годишна возраст е многу тешко човек да знае на која област да се заснова неговата кариера и токму тука се прават најголемите грешки поради тоа што студентите доста касно откриваат дека не сакаат тоа да го работат, но веќе далеку стигнале со своите студии и немаат храброст да се откажат. Јас само што завршив со средно се запишав на факултет поради тоа што морав да се запишам, ме измачуваше фактот што морав да одлучам во краток временски период, па го одбрав она што мислев дека би можело да ме интересира. Се измачував психички, воопшто не беше тоа што го замислував, ми дојде неочекувано тешко, а и изгубив желба за самата област на изучување. И го откажав. На почетокот немав поддршка од моите, што ми беше потребна во огрномни мери, но бев упорна во мојата одлука и на крај решија да ме остават сама да одлучувам за себе. Всушност, јас отсекогаш сум сакала одредена област, ама не тргнав на почетокот по тој пат бидејќи знаев дека самата професија не би ми донела големи приходи, па секогаш одбегнував да размислувам на тоа. Но, по одреден период сфатив дека доколку е нешто што навистина го сакаш, секогаш можеш да успееш во тоа, дури и ако има голема шанса да немаш голема придобивка, самата исполнетост додека го изучуваш и примената на истото не може да се мери со пари. И така јас повторно се запишав на факултет, овојпат на она што навистина го сакам и ме прави среќна. Поголемиот дел од студирањето го поминувам мирно и исполнето, дури и тогаш кога дел од материјалот ми прави стрес и имам потешкотии да го совладам. Затоа дечки, никогаш не е касно да се почне отпочеток. Подобро покасно ќе почнам, ќе изгубам некоја година пронаоѓајќи се, отколку цел живот да го поминам во нешто што не можам да го смислам. Да, работиме голем дел од нашиот живот, па зошто едноставно да не си најдеме професија што ќе ни ја исполнува душата?