Како го избравте факултетот?

Дискусија во 'Образование' започната од Кики.Ј, 10 септември 2017.

  1. Кики.Ј

    Кики.Ј Нов член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Сите сме свесни дека изборот на факултет не е лесен, но секој избира факултет кој го влече со професијата што ја содржи. Дали да одиме на факултет кој го сакаме или на факултет каде што имаме дефицит од работа па потоа лесно може да најдеме работа по професија? Што мислите вие?
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.751
    Допаѓања:
    54.226
    Пол:
    Женски
    Јас, како студент на факултет кој го запишав не по сопствена волја, слушајќи ги советите на моите блиски дека тој факултет ќе ми донесе брзо и сигурно работно место, те советувам тебе и сите останати да изберат да го студираат она кон кое имаат љубов. Одвратно е да студираш нешто што не го сакаш а постои можност и да се откажеш еден ден.
     
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.981
    Допаѓања:
    20.794
    Пол:
    Женски
    Сестра ми се запиша на смер кој воопшто не ја влечеше пред 5 години . Уште го влечка факултетот . Не дека не може да научи , ама не ја влече да ја фати книгата да научи . Мм денес даде документи да се запише на истиот факултет . Предност е што е веќе вработен и се запиша за да се унапреди на работното место , а со самиот смер се надоградува во знаењето . Јас планирам да се запишам понатаму , би се запишала за јазик бидејќи тоа највеќе ми оди од рака а и сакам да го учам јазикот , од прв пат кога почнав да го учам го засакав .
    И јас би се согласила со членката погоре , запишете се на она што ве влече да го изучувате , во спротивно само механички ќе одите на предавање и ќе се враќате .
     
  4. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Доаѓа периодот за полагање матура и уписи на факултет, ова нека биде тема за идните студенти што ќе им помогне.

    Накратко раскажете што ве потикнало да го одберете факултетот на кој сте студирале/студирате. Може да биде некоја случка, сон, филм, личност. Зошто забележувам многу грешат при изборот на факултет на првата проба, па вториот пат си го погодуваат.
     
    Последна измена од модератор: 19 јануари 2021
  5. Лејдилора

    Лејдилора Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Neznam bezveze odluciv.Sega si vikam dali go izbrav praviot fakultet.Dali ako bea ikonostite drugi da neidev so toj decko da bev samapodobro ke odlucev .Neznam vrakanje nema
     
  6. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    40.869
    Пол:
    Женски
    Главната причина искрено ми беше заради близината, што можев да патувам и пак да бидам дома. Не дека ич не ме интересираше тоа што го студирав, само има работи кои повеќе ме интересираат.
    Од сегашна гледна точка ќе одев Скопје некаде. Ама никогаш не е доцна, можеби ќе посакам повторно да запишам друг факултет ако не ми оди со овој. :)
     
    На noteforself, Billy Idol, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    13.475
    Допаѓања:
    135.774
    Пол:
    Женски
    Уште од основно многу добро ми одеа јазици и биологија, хемија, додека па предмети ко историја, географија, математика сум ги учела, но не ми правеле мерак и уште тогаш знаев што сакам, а што не. Јазици решив да ми се само хоби и да си ги знам како богатство за себе, а да работам и учам нешто поврзано со биологија и хемија. :) Така и бидна официјалната одлука за средно да се насочам на медицинска струка, а за факултет знаев дека ќе е нешто со медицина поврзано, но не бев сигурна меѓу фармацевтски и медицински, двата ми делуваа супер и реков во средно ќе одредам што ќе биде.
    Можеби и ми влијаеше малку и тоа што имав супер матична докторка кога бев мала, а бев нежно дете, па често одев кај неа за проверка, често настинував, морав да одам, па така некако и се повеќе и повеќе ми се допаѓаше и нивната работа и бев блиска со нив, па кој и да ме прашаше ко мала што сакаш да си кога ќе пораснеш, викав докторка како мојата матична што е. :D Дури и на фемина еднаш си најдов мислење у 8мо одделение сум пишала дека докторка ми е желба да сум. :D:D
    Па, во средно некако се презаситив од фармацевтски предмети, па така и факултетот ми стануваше се помалку привлечен :| со тек на време и си реков ќе си продолжам на општа медицина, ќе си имам знаење и од двете области, а и повеќе ме привлекуваше тоа... Во трета средно си донесов финална одлука, знаев што сакам да сум и што ќе студирам и така испадна. :D

    Ми се допаѓа тоа што го учам и мислам дека не згрешив во изборот. Колку и да е тешко сепак имам љубов и мотивација да го истерам до крај и плус не можам да се замислам ништо друго да работам во иднина освен ова. :)
    Факултетот си беше мој личен избор, не гледав ни друштво, ниту слушав некого, сама сакав и сама си го избрав. Мислам дека донесов добра одлука што не послушав никој иако ми викаа со години ќе учиш, ќе си ја зацрниш младоста и глупости такви. И уште ми викаат ете ти рековме дека така ќе биде ама пак не ми е криво. Подобро да го работам тоа што го сакам и да се измачам за тоа него да завршам нешто "полесно", па да не си ја сакам професијата.
    Мислам дека за правилен избор не треба да слушаме ни родители, ни околина, ни да се водиме по тоа полесно да завршам колку да иам факс или обратно ете нешто слушнале дека се бара за работа, па ај програмер ќе сум иако не го сакам тоа, туку самите себе, што не влече и што кога ќе се замислиме дека работиме и правиме за 10-15г во иднината не прави среќни. :)
     
    Последна измена: 19 јануари 2021
    На ElenaOfRivendell, noteforself, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    34.602
    Пол:
    Женски
    Изборот ми беше во согласност со областите кои ме интересираа уште во средно.
    Си направив селекција на предмети кои ми беа омилени и кои сакав понатака на некој начин да ми се поврзуваат со професијата, да имам практична примена од нив. Со оглед на тоа што сите не можев да ги поврзам само во една професија, морав да се определам кои ми се приоритет.

    Понатака исто така си размислив кои способности сакам да ги развивам кај себе.
    Седнав да разгледам и кои факултети ги имаме на УКИМ, зошто бев одлучена дека ќе студирам на државен.
    Веднаш можев да отфрлам еден дел од нив, ги размислив и другите кои останаа и крајно изборот беше меѓу два меѓусебе слични факултети, кои на некој начин се надополнуваат.

    Разговарав со блиска личност која го имаше студирано едниот, а истото го направив и за другиот.
    Одлуката беше по инстинкт, бидејќи секако еден од нив ми предизвикуваше поголема заинтересираност.
    Од денешен аспект задоволна сум со изборот, иако не беше целосно како што очекував, сепак мислам дека истото ќе беше на кој и да одев. Тоа беа некои бруцошки розеви визии, кои никако немаше да останат такви, зошто предизвиците со кои се соочуваш во текот на студиите е нормално да ти изменат некои видувања.
    Да се одлучував сега, повторно би го избрала истото зошто навистина многу ме измени.
    Не само во смисла на професионално обучување, туку и во менување светогледи.
    Ме промени и изгради и карактерно како многу послободна личност од порано. :)
     
    На noteforself, cresa-jagoda, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  9. petrova89

    petrova89 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    Го избрав зошто учев средно за сестра и ова ми беше најсродно. Мислам добра е струката, но би се запишала во Штип само сега да се запишував пак, маста ми ја извадија тука, а иста е дипломата и од двете места, џабе косата ќе ми побеле тука.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    2.593
    Пол:
    Женски
    Уште од 2ра средно знаев на кој факултет ќе одам. Имав неколку прилики, но го избрав факултетот во кој најмногу се пронаоѓам и секако дека воопшто не се каам. Само со љубов кон факултетот и напорната работа можеш да ги пребродиш сите пречки и тежини во однос на студирањето и стресот кој го пружа факултетот.

    Се се пребродува и завршува само ако се има цел и љубов.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    2.494
    Допаѓања:
    16.917
    Пол:
    Женски
    Мислам дека повеќе поради притисок се запишав отколку поради желба. Да, во основно и средно повеќе бев насочена кон предметите што ја проучуваат областа што ја студирам сега, и иако ми беа интересни тогаш па и во првата година од студирањето, сега не можам да ги поднесам. Да можев да го вратам времето, во никој случај не би се запишала тука пак.
    Мислам најголемиот проблем во мојата одлука е тоа што многу површно размислував додека бев средношколка, не си дозволив убаво да се поврзам со некој предмет, наука, немав волја, немав интерес за ништо. Гледав само што ми "иде". Е сега, кога веќе почна да ми работи мозокот сфаќам дека најверојатно сум направила грешен избор, и почнав да си ги разбирам интересите и желбите а тие не го вклучуваат факултетот што го студирам. Иако планирам да го завршам, бидејќи ми останаа уште 2 години максимум, искрено не знам дали понатака ќе работам нешто поврзано со ова.
     
    На Glowy, noteforself, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    2.593
    Пол:
    Женски
    Никогаш не е касно да го студираш тоа што го сакаш.
    Претпоставувам си околу 22-3 години, не мажена што засега е уште по олеснителна околност да си го завршиш факсот што ти бил / е желба
     
    На Glowy, cresa-jagoda, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    31.308
    Пол:
    Женски
    Затоа што средно ја запишав таа струка, се одлучив истата струка и на факултет
    Без везе, требаше медицина да си учам :emo:
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    12.211
    Пол:
    Женски
    Искрено немав некој момент кога седнав да одлучувам на што ќе се запишам, сѐ ми се чини дека од секогаш силно ме влечел еден правец.
    Се сеќавам и мала кога бев си сакав да читам, да дознавам, некако сѐ ме влечеше кон природни науки, иако нели не разбирав многу работи.После во основно си зацртав дека морам да бидам истражувач (лол, си летав со паметот) и сакав да идам средно медицинско па на биологија.Не се запишав средно медицинско, иако желбата за факс биологија си стоеше до гимназија до негде втора година, кога сфатив дека повеќе ме влече медицината отколку чиста биологија.
    После во 4та пак имав малку двоумење дали сепак да отидам на молекуларна биологија, па да не згрешам, ама сепак се одлучив за медицина зашто желбата ми беше поголема.
     
    На Dream-Girl, noteforself и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    3.521
    Пол:
    Женски
    Кога требаше да се запишувам на факултет, бев многу неодлучна и се мислев помеѓу неколку факултети. Ова што го студирам сега го избрав во последен момент, но доброто е дека тоа што го учам, го учам со љубов. Сега не велам дека не би учела втор факултет, никогаш не се знае тоа. Го сакам ова што го учам и кога би го вратила времето назад, повторно би го избрала истиот факултет.
     
    На noteforself и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    18.723
    Пол:
    Машки
    Поради просперитетот кој го нудеше истиот.
    Се двоумев помеѓу два тотално различни факултети, едниот го посакував повеќе, но со истиот немав да имам можност за успех, мали шанси за вработување, и мал финансиски бенифит.
    Разговарав со личности кои беа во двете области и двете ме насочија на вториот избор. Не беше лесна одлуката да се донесе. Имав неколку покајанија во текот на студирањето, посебно во некои тешки моменти кога немав прогрес, но, издржав и го завршив. Најдобро нешто што во тие моменти е што не потклекнав и горд сум на себе си за сите одлуки кои ги донесов, од денешна перспектива, се покажаа како исправни.

    Од една страна сум задоволен со струката која ја одбрав, но, од друга страна сеуште чувствувам некоја мала неисполнетост во себе си што не се одлучив за првиот избор што го имав, колку и истиот да звучи безнадежно и не просперитетно.
    Денес, чувствувам дека е доцна да го запишам како втор факултет, па сепак ќе остане како едно хоби кое ќе се проширува во слободното време. Може, некогаш и знаењата од двете науки би ги споил во нешто комплементарно кое ќе може да ми донесе лични бенифиции и развивање на сопствен бизнис. Но, таа идеја е сеуште рано да биде реализирана.
    Од аспект на образование, имам желба да направам една мала надоградба на знаењето кое ќе ми овозможи повеќе опции за продолжување на кариерата, а и можност за работење на она што повеќе ме исполнува.
     
    На noteforself, Dream-Girl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    57.493
    Пол:
    Женски
    Ме влечеа општествени науки.
    Кога дојде време за одлука разгледував какви опции имам и ова што го студирам ми се чинеше како најпогодно за мене.
     
  18. Glowy

    Glowy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    2.309
    Пол:
    Женски
    @Hellobeautiful никогаш не е доцна, а ниту погрешно да се насочиш кон тоа што го сакаш. Делумно рано одлучуваме за животната професија, така што лесно се случува да избереме пат во кој не се пронаоѓаме. Многу работи доаѓаат до израз по уписот и почетокот на нашите студии, очекувањата и реалноста да не се совпаѓаат. Се е тоа нормално. Во кој момент сакаш можеш да тргнеш по патот кој те исполнува, ништо не е изгубено, млада си, животот е пред тебе, желбите и твоите цели исто така.
     
    На noteforself и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    2.494
    Допаѓања:
    16.917
    Пол:
    Женски
    @Veta @Glowy
    Фала ви девојки за убавите зборови, сега за сега немам баш можност и прилика да превземам нешто, претсојниот летен семестар секако ќе го запишам. Но, понатака дефинитивно планирам да направам некакви промени :hug::l:.
     
    На Glowy и Veta им се допаѓа ова.
  20. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    412
    Беше навистина тешка одлука за мене. Јас сум човек кој се го интересира и се сака да прави. Сите предмети ми одеа во основно и средно(со исклучок на физичко), немав некој посебен предмет да кажам е ова е тоа што сакам да го учам.

    Долго време размислував, анализирав и на крај пресудна беше желбата да им помагам на другите, хуманоста. Знаев дека сум личност која сака да биде покрај други луѓе и знаев дека морам да работам со други. Не можам да се замислам да работам работа каде би немала контакт со луѓе и покрај тоа што истата е најтешка. И така ја донесов одлуката да се запишам на Медицински факултет, за која немам зажалено сè уште.
    Така да не се ограничувајте само на предметите што ви одат во основно и средно, запрашајте се каде се гледате за неколку години и каква личност сте карактерно. Бидејќи во некои случаи тоа е пресудно.

    А во врска со перспективите, па да не се лажеме се гледа и тоа. Ако бирате помеѓу две професии кои би сакале да ги работите а едната е попросперитетна, нормално дека тоа ќе одберете. Ама да се бира факултет исклучиво заради тоа е лудост, бидејќи голем дел од животот ќе ја работите таа работа. Јас лично не би сакала да сум заглавена со професија, работно место кое не ме исполнува.
     
    На cresa-jagoda и Glowy им се допаѓа ова.