Се мислев дали да одам на правен или на економски на уким за во последен момент да одлучам информатика на угд.
Дефинитивно најинтересната одлука во мојот живот. Зошто? Оти сакав 100 сосема различни факултети. Сакав: безбедност, психологија, шумарски, економски. Имав зацртано шо сакам да работам во животот и избрав нешто шо сметав дека најбрзо ќе ме донеси до таа позиција. Иако беше многу надвор од комфорната зона и тоа што го учев во средно. Дали погрешив? Мислам дека да, не помислив на фактот шо ќе треба да учам. Не помислив дека креативна личност не можиш да ја ограничиш. Би го избрала пак само од аспект на организираност, секогаш стојам на тоа дека нема друг таков факултет во Македонија. Да го имам денешниот памет, не би мислела на иднината, би избрала нешто што го сакам па макар било и непросперитетно.
Факултетот го одбрав според моите желби и љубов кон она што го студирам. Уште од шесто оделение ме влечеше ова што го студирам. Кога бев при крај со четврта година средно и дојде време да се одлучам бев во голем недоумица и дури самата себе си се убедував дека тоа не е добар избор, поради тоа што немав поголема поддршка. Сите што ме прашуваа не беа воодушевени од изборот, па едно време бев решена друго да се запишам, мислејќи дека тоа би бил правилниот избор. Тогаш немав самодоверба да се слушам себе си. Среќа брзо сфатив дека правилно е она што ние го сакаме и ќе го учиме и работиме со мерак. Моето семејство ме подржуваше при секоја одлука, така да и тоа ме охрабри, а останатите решив да не ѓи слушам. Од овој аспект среќна сум што го одбрав тоа што го сакам, и често помислувам што ќе се случеше да се запишев на другиот факултет, секој ден ќе ми беше измачување.
Затоа што тоа го сакав. Уште кога одев на пракса, едвај чекав да завршам и да го работам тоа. И во моментите кога заради други причини, проблеми не можев да полагам испити или паѓав, никогаш не сум посакала да се откажам. Никогаш не гледав дали ќе ми донесе многу пари. Гледав да е нешто што го сакам. Незнам дали постојат пари што ќе се поголеми од чувството дека една третина од животот сум поминала во работа која ја мразам. Уште сум на тој став.
Се запишав на факултетот што го сакав и покрај тоа што слушав негативни реакции од повеќе мои познаници, па и многу блиски луѓе. Сепак не дозволив да влијаат на мојот избор. Освен тоа што учев и полагав со љубов, не паднав на ниту еден испит и скоро и да не пропуштав предавања и вежби. Да можам пак би се вратила во студентските денови, најубавите спомени ми се од тие години. Освен тоа, трудот се исплатеше и најдов добро платена и интересна работа според професијата. Па дури и тие што се сомневаа во мојот избор, сега ми признаваат дека сум имала право