Овошје,вода,кафе но најчесто кога ќе почувствувам глад земам да работам нешто друго и заборавам на гладта.
Инсталирајте си апликација за пиење вода. Така добро ќе го убие гладот, желудникот постојано ќе ви клапа полн со вода.
Никако, не сум гладна. И не трпам да седам гладна. Ако сте на некоја диета и сте гладни, диетата ви е погрешна. И ќе ви влезе организмот во режим на гладување, и наместо да слабеете, ќе стоите во место, а на првиот зголемен внес на калории, ќе се поправите. Чисто информативно, ама изгледа џабе везам за ова по цел форум....
Кога повеќе од еден месец се држиш на некој сопствен режим (а притоа имаш вишок килограми), желудникот има способност да го налами својот капацитет. Ама придржувањето на начин на исхрана е во главата и може да се контролира...нормално ако сакаш да постигнеш ефект А и секој организам не е ист и не поднесува се и сешто, на пример не постои УНИ диета, кога им одговара на сите.
По ново, диетата не треба да те остави гладен и треба да се чувствуваш сит цело време. Не знам како ова функционира ама човек кој е навикнат на одредено количество на храна, не може да не чувствува глад ниту еднаш во денот кога менува исхрана или да го задоволи својот глад со една овошка или некој орев. Јас не сум на диета па дури дојдам до јадење чувствувам глад и намерно не јадам оти си имам зацртано кога ми е прв оброк а кога втор. Нема ништо лошо во тоа да си гладен и да се натераш да издржиш уште некое време без да посегнеш по нешто. Научи се на глад, поинаку не може ако сакаш да ослабнеш салам, не само некое килце а имаш уште бааѓи за симнување. Не до степен да ти е лошо ама таква паника дека ако чувствуваш глад нешто не е во ред со диетата, не верувам.
Мешате самоконтрола со глад. Едно е да се исконтролираш да не излапаш цела пица, или бургер. Или да чекаш да си дојдеш дома да ручаш. Друго е да ти грчат цревата за јадење со денови ама упорно да јадеш едно праскиче и да мислиш дека не е нормално што ти се јаде и дека така се слабее. Нормално дека ако си јадел многу - и си се навикнал на тоа да јадеш многу - ќе има период кога ќе ти се јаде ако престанеш да јадеш помалку. И точно, желудникот може да се намали по одредено време - или да се прошири ако се претера со храна. (да не почнуваме па за големина на порции). Јас зборував за изгладнување. И не можеш да се залажеш со чаша вода, бар не на долг рок. Зборуваме следниве година, пет, десет години. Дека на форумов читаат и деца што мислат дека ако прескокнат оброци, ќе намалат некое кило. И не можам да не искоментирам дека тоа не е правилно и дека тоа не е решение. Нормално дека една диета не може да функционира за сите, ама гладувањето никогаш нема да биде успешно на долги стази. И не треба да се зборува дека е.
Не зборам јас за изгладнување. Оти јас глад чувствувам секојден најмалку еднаш. Пред појадокот оти не сакам да јадам рано, јадам за време на пауза кога е малку покасно и еден час или час и половина до паузата чувствувам глад. Дома исто имам одредено време кога јадам и често сум гладна дури да дојде тоа време а не сакам да јадам порано оти ми се пореметува ритам. Не спомнав прескокнување оброци, туку ако намалиш количински ќе почувствуваш глад и е нормално се додека од гладта не направиш некоја фама дека му штетиш на организам, ко да не знам што ќе се случи ако не посегнеш по нешто во моментот кога ќе почувствуваш глад. Можеш одредено количество храна да го поделиш на 5, 6 или 7 оброци за да е поздрав начинот на исхрана, нели, повеќе мали оброци на ден, но пак ќе почувствуваш глад ако тоа количество не ти е доволно, односно си навикната на повеќе.
Јас не можам да пијам вода кога сум гладна, ми се лоши најискрено. И уште повеќе ме изгладнува. Затоа не ни можам да пијам вода насабајле на гладно срце, чуден ми е организмот. Ама се соочувам со глад така што си куснувам нешто. Освен ако не ви е кажано од доктор да пиете само течности за некоја операција или здравствен проблем, не се изгладнувајте.
Јас скоро па истото го викам, дури и подобро е да не јадеш толку често за да одмара панкреасот. Ама прочитај го муабетов низ темава, па ќе видиш зошто реагирав.
-- а каква вода пиеш . минерална или ? и зошто не сакаш да јадеш ... кога организмот ти бара подолго време ?