Не мора да ги носи на нога патиките, стави ги во ранец и кога ке сака да оди ке ги облечеш. Нека си биде босо, нека си ги лади нозете. Сандали се изгор скапи, единствени соодветни за скоро проодено деца се најк ама 2000ки се, мене ми се скапи. Јас ипанема земам, супер се, околу 1000. Ако ти се убави на око земи такви. Моето на 3 месеци менуваше обувки кога прооди, и цело време е во патики, барем првото лето.
Не сака никако во нив. Кога му облечам патики и го ставам да стои ги плетка, навнатре ги извртува некако и не се помрднува од место додека не му ги соблечам. Какви се тие ипанема? Од кај ги земаш?
Какви патики имаш? Дали оди стабилно? Ако не оди стабилно патиките може да сметаат. Најправилно и најприродно е да проодат боси, ако има можност ни чорапи да не носат. Преку стапалата си има рамнотежа а патиките може да пречат. Моето синче почна со патики кога одеше стабилно. Подобро нека прооди убаво и тогаш облекувај патики. https://mond.mk/product/paw-patrol-best-friends-sandal-baby-2/ Јас пред еден месец ги зедов со 30 или 40% попуст. Ако не ти се брза чекај може во спорт вижн ке најдеш поевтини. Лани за 400 денари ги зедов.
Мислам дека бебињата ни се тука негде 8++? Ако е така сега им е фазата кога пробуваат да прават чекори, така да види некои меки патичиња колку за надвор, а по дома босо. Јас надвор уште не сум го пуштила да оди, ама кај и да е ќе мора. Низ дома прошета се, веќе му е досадно Е за ова се расправам со сите. Мајка ми и свекрва ми ме убедуваат дека ако одело босо ќе му се искривеле нозете. Често кога прави чекори се крева на прсти и ме караат дека не требало така да го пуштам
Да да. Мене ми викаат никако да не го оставам бос, али секако дека не ги слушам. Му купив едни меки за проба, само тие се ептен лесни за соблекување и за секунда ги трга.
Баш напротив, најубаво е босо ако може и без чорапи да оди за да му се оформи убаво стапалото. До тоа што се крева на прсти е добро така се оформува вдлабнатината што е меѓу прстите и стапалото( нз дали убаво го објаснив тој ден од страна што треба да е вдлабнат а не прав) и тоа ми е од ортопед кажано кога сум ја носела малата на контроли.
Ista maka imavme doma dur ne i tekna sama kako da odi nanapred soblakase se. Odese na strana drzejki se za nesto doma. Koga i tekna deka moze nanapred da sparta pocna poveke i da se faka za prooduvalka i da bara race da se drzi. Od togas nekako ko da se fokusirase ili se vozbudi od odenjeto ne pravi ic problem ni za patiki ni za toplinki(baska vo gradinka mora toplinki). Moze da mu e rano use sega za obuvki. Moeto seuste odi ako se drzi za nesto ili nekogo sama strav i e ama za edno race ako ja drzis trca. Moj sovrt pocekaj, pred ova i jas niti mozev da i oblecam niti da i stojat obuvki na nozete poveke od 1min I da se dopolnam taa setkase niz doma so corapi ama koga ja ostaiv skroz bosa ko da proode detevo posigurno se oseka...moze trebase porano da i gi soblecam ama aj ladno e dole pa sube mi bese taa bosa jas u corapi i papuci po doma
Да не сте вие со поголеми деца да не` оправите, До сега не сум видела ни едно босо дете. И постојано ми зборат како е "невела" да оди босо.
Пред некој ден исто пишував, моето прв пат носеше патики кога прооде и требаше да одиме надвор. До тогаш беше бос и по чорапи. На почеток беше смешен, како да му тежеа на нозете но брзо се навикна.
Не чаршаф, ќебе имав ставено од доле. Ама ние сме две различни сезони. Него му е лето, мене уште ми е зима, ноќеска се тресам божем на Сибир сум (а наоблечена дупло од него) .
Сандали не се за проодување, само босо. Моиве боси проодеа, после почнав патики да им облекувам. Сандали следната сезона после проодување, има многу убави, ама има време за тоа да мислиш. Сега, летово нека биде босо.