Мајки се мислам бебе дома 6 месеци да го облечам по ромперче (без боди) Многу е топло. Или е мали уште? Мада склетџика е
Ромпери на повисоки температури, значи само ромпер и пелена. Сега може само боди со ракавчиња и панталонки некои. Чорапи не мора.
Погоре пишав дека моето се поти од некои чаршафи. Кога се поти? Кога ја држиш во раце? Во транспортер, количка? Така би требало повеќето да се потат. А дома седната без потпора доколку може или легната на подлога од кога не се поти, на стомаче, не би требало да се поти. Не би требало да е до толку топло како во сред лето за да се поти до толку и треба на ромпер и памперс да е.
Беше у тоа оградичката и кога ја дигнав жива вода беше затоа ја расоблеков. Навечер спие исто боди и пижамчиња тенки и шанси нема да ја покриеш одма се праи жива вода нозе у чорапи исто. И тоа не на флавчето туку позади на вратот/грбчето.
Не ја покривај навечер ако поти, туку кон сабајле кога е поладно. Пробај со ромпер, ако ви е доволно топло дома, ама со кратки ракавчиња да биде. Може ќе и' одговара така повеќе. Јас малку сум зиморлива, па мислам дека е ладно за ромпер оти моиве кога имаше високи температури носеа ромпери без ракави, на пролет не, оти кај нас дома и во двор е поладно. Ама па јас не сум репер за облекување. Сега на пример се печам на сонце, а имам џемпер на мене и таман ми е
Те имам читано за ипанема сандалите па да те прашам. Бебе секако ќе биде босо летово ама сака да стои на нозе да го шеташ. Ок ли се тие сандалчиња за 10 месечно бебе? Во август ќе прави годинка. Би му ги облакала само кога сака да стои на нозе.
Ауууу јас сум у стан и умоментов сум во кратки пижами и горе маица на прерамки. Како позатопли детево и надвор ми е по боди и горе елече доле тенко нешто. Завчера до 22 вечерта само на боди ја шетавме со мм. Не ја покривам местам клима на 22-23 степени па и ние поред неа се вариме навечер. По секако е за дома за надвор сеа ќе и облечам бодиче и хеланки некои
Шета ли некој бебе по кратки надвор? Денес мислам ми се свари бебево. Јас по кратки зоврев, она по тенка блузичка беше ама ко топло да и беше. Вака во парк што ги гледав бебињава се со елече некое беа. Викам ај да прашам тука ја да не сум нешто чакната што сакам бебе по кратки да расоблакам.
Не знам колкаво е ама стварно е топло. Од вториот месец ми беше на кратки и босо во количка. Рано е сега за босо ама веќе од јуни фрлај и чорапи
Завчера бевме излезени цел ден и по кратки беше бебе, периодот од 1 до 4 беше пекол, го гледам вцрвенет и почнува да се поти, па ми нема логика да е по долги. Ни елече ни ништо.
Убави се за скоро проодени деца, па до кај три години, дека се затворени напред, помала е шансата да се витка предниот дел и да се сопнуваат. За бебето не знам дали ќе најдеш бројче прво, а второ, не знам колку е паметно да му облекуваш било што и да гази непроодено. Моите со патики беа, и пак тешко им беше, гледав што повеќе боси да бидат, па и надвор, со чорапи додуша. Расоблечи го. Не си чакната, топло е. Слоевито облекување е убаво за периодов, имај некое дуксерче на долги за ако залади. @Noranora топло било кај вас, не ја пуштај климата за спиење на 23 степени, нема потреба ич да ја пушташ, за спиење секогаш е подобро пониска температура, под 18 степени и зиме и лете.
Оф топик: Подобро е да се спие во поладна просторија. Можеш вреќа до под раце што е ако не сака нормална вреќа за спиење, и потенка колку да е покриена. И моиве спијат отскриени, а јас мора да сум покриена до брада.
Пишував овде на тема вреќа нејќе, неѓожам никако да ја заспијам така урла вришти се дере. Знам дека е поубаво ама мм мисли дека ќе и е ладно и јбг пуштенс клима дете расоблечено. Поента никаква сма раат у куќа
Леле и ја тоа се мислев. Веќе соблековме чорапи, додуша сам си ги соблече. Едно време денес беше само по боди на кимони и се мислам од утре да извадам летната гардероба да ја исперам и да почне поразголен да си биде.
А јас да прашам бидејќи имам доста дилеми термин ми е крај на јуни па јас немам поим како ќе облекувам бебе Дали ми требаат од сите работи и долги и кратки? (Боди,хеланки,пижами,ромпер). Во Скопје во станот е прилично топло меѓутоа во план е во август да одиме за Охрид каде е поладно. Па и во размислување што колку количински да купам...глава збунка
За првиот месец земи и на долги сепак е бебе, може клима ќе пуштате ете и во Охрид ако идете таму ноќе е свежо. За понатака ќе докупуваш, не се трупај со алишта.
За во охрид ќе си купиш по некое комплетче на долги, оти навечер таму е посвежо. А за дома и нема да ти треба многу на долги. Брат ми е роден во јуни, кога се роди цело лето до септември беше само на боди на кимони. За бодиња мислам дека е паметно да си имаш по некое на долги (али повеќето на прекорамки) , исто и хеланки неколку пара и неколку шпикозни (според мене до 3 мес исти се за денски и пижами).