Bebinjata se potat u glavata. Mojata na prviot son utop i se prai glavsta posle e ok. Pokrivaj go ne go ostavaj golo taka. So nesto tenko ama neka bide pokrieno ili zemi letna vreka pa sega neka bide so spihozni koa ke se stopli poveke samo bodi i u vrekata
Јас не ја покривам. Спие по боди на кратки и тенки пижами само надоле . А ја покријам прета се буни и се откажав. Гледам убаво и е.
Колку степени ви е дома? Ти се потиш? Зашто уште не е толку топло. Ние се уште се покриваме со ќебиња, мада и мојот не трпи топло и го фрла ќебето најчесто ама по долги спие.
Па не знам колку е, доста е потопло на горниот спрат кај шо сме ние отколку на долниот. Јас не можам себеси да се земам за пример, оти мене секогаш ми е ладно. А инаку се покривам со тенко ќебенце и ми е таман.
Може детето си е склетџија. Пробај да ја покриеш само со тетра пелена и ако најдеш ленено боди или шпилхозни, ептен ќе ти заврши работа. Ја ленено не успеав да најдам за моево ѕвере, ама комплетчево од Muppet kids испадна доста тенко и ми се најде како замена за лен.
Ајјј,истиот проблем го имам и јас.Не,не е бебе ама...јас би со јорган,ми студи,он би на кратки пижами со фротирка
Синко се потеше исто сега спие по боди со кратки ракави и летна вреќа. Значи нозете во вреќата голи ни пижамки ни ништо. И отворен прозор на кипање.
Мајки на новороденчиња или на бебиња кои се родени во лето, како ги облекувате/облекувавте кога е времето вака топло? Треба да се породам средина на јуни, не знам дали веднаш откако ќе се роди треба да го облекувам во долги тенки алишта или може одма во кратки, со оглед дека сигурно ќе е многу жешко? Водејќи се по мене, треба кратко, ама па дека сеуште немаат терморегулација па да не му студи? Првото ми е зимско бебе, да знам дали да докупувам летни бодиња и шпихозни?
Јас се породив на 15ти јуни Првата недела трубење од свекрва ми и мајка ми како му е ладно да детето и го облекувавме во боди и шпикозни, се направи цело такви ситни црвени од жешкото, не искара педијатарот и после тоа само на боди со прерамки или на кратки истера до средината на септември Ако беше посвежо му ставав чорапчиња
Моето е родено во јули и на прва контрола на педијатар го однесов во ептен тенко комплетче на долги затоа што мислев да не му е ладно од климата во кола. Педијатарот веднаш ми посочи дека бебето ми е премногу облечено. Ме советуваше да биде само во боди на кратки и чорапи иако климата дома ни беше постојано пуштена. Само рече да внимаваме да не дува клима директно во него. Така што ако и ова лето биде жешко како минатото, јас би ти рекла да си имаш и бодиња на кратки.
Бебињата од колку месеци можеме да ги облакаме по кратки ракави? Сеа сме со боди по кратки од доле и од горе тенко блузиче по долги. Имаме месец ипол
Зависи како ви е дома За надвор можеш да го облекуваш по кратки нагоре надоле може хеланчиња некои оти топло е Ние сме на јужна страна и дома ни е топло и само по боди е и чорапи
Соблечи го по боди. Моите се зимски деца и голем дел од времето го поминаа само по боди на долги бидејќи е многу топло дома. Кога ќе излезете можеш панталончиња/хеланчиња да му облечеш.
Не може да му студи на лето кога е 35+, може само да се прегрее. Иначе син ми е роден во лето, прв пат шпихозни на долги му облеков септември негде. Од болница го изнесовме по ромпер, дома постојано беше само по боди на кратки/ромпер, навечер после капење знаев да му облечам панталончиња надолу, ама првите денови дома прежешко беше и беше само по боди. Го покривав со тетра или не го ни покривав преку ден. Клима пуштена нон стоп, ама до кај 24 степени и пак не можевме да изладиме саглам.