Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го облекувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од sweet.woman, 18 октомври 2011.

  1. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
    Не знаев кај да го пишам прашањево па ај тука. Како се справувате ноќе за време на спиење со горештини во лето?
    Ние сме на најгорен спрат, на јужна страна и е неподносливо, преку ден до лани клима нон стоп уклучена беше, навечер отворен прозор и повремено клима па во дневна спиев или не спиев ич од склет па на тераса седев у 3 саат сабајле :D
    И сеа си викам како со бебе, зарем и цела ноќ клима да работи? :?:
     
  2. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Ви се чудам мајки како дечки ви спијат толку комотни на кратки ракави уште сеа, мојов е по боди на долги и тенки панталони со чорапи и зимната вреќа без ракави до пола закопчана, нозе му излегуваат, и не се буни убаво му е.
     
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.151
    Допаѓања:
    168.784
    Пол:
    Женски
    И моето спие толку облечено. Само не е во вреќа. Го покривам со средно дебело ќебенце, не се открива мојот.
    Никогаш ми се нема испотено
    Можда па се се уште мали за потење:?:
     
  4. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Абе многу е замолив овој мојов.
     
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.151
    Допаѓања:
    168.784
    Пол:
    Женски
    Јас Бога молам да е зимурлив како татко му.
    Ако е како мене, с'клетчика, изгорев :sweat:
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Подобро цела ноќ да работи, отколку уклучи-исклучи (и заради температура и заради сметка за струја :)).

    На бебе не му смета клима, само да не дува директно во него.
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Мајки мене не ми е јасно каде грешам.
    Моево спие само по шпихозни и чорапчиња(тенки) навечер и тоа се открива такада покриена е се на све 15 мин у ноќта.
    Вчера со оглед на врмеето у ск беше по бодиче на долги и хеланчиња тенки.
    Кога е топло времето знам и по ромперче да ја соблечам или боди на кратки и тенки хеланки. Детето ми е околу вратот целото исфрлено свекрва ми вика од топлото.
    Кожата ли да и ја соблечам што да праам не знам :^)
     
  8. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Од топлото е да, ама можеби од пот.

    Моево има не дупло, тродупло вратче од свивчиња и затоа таму најмногу се поти, па му излегуваат како црвени точкици. Без разлика како е облечен, пак си се поти под врат и веќе не се нервирам, само поголема хигиена му одржувам под вратчето и знам дека ќе ги снема штом ќе почне да седи и да му е цело време исправена главата.
     
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.589
    Допаѓања:
    39.598
    Пол:
    Женски
    Мојава кога беше ептен бебе, ноќеска ако не беше убаво покриена со кебе почнуваше да се врти, да кинка и не спиеше убаво. Дури кога ќе ја покриев си заспиваше убаво без да се буди. Е сега е година и 3 месеци и не спие покриена со кебе, го бутка и така си спие. Додуша јас со едно тенко чаршавче ја покривам ама и тоа го трга.
    Климата е пуштена цело време,ама не дува цело време,зависи од температурата на која е ставена. Верувам дека не ви е ставена климата кај што спиете. Поарно да е вклучена, отколку на жешкото да се потеш и да не можеш да заспиеш
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Па и мојава е така полничка и се поти ама ме нервираат неможам да ја гледам тсква. Мачкам еуцерин, судокрем ама се мислам колку поише се трудам толку повеќе и искачаат а не ја преоблекувам дури добив коментар дека премачку сум ја облекубала
     
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Ја лани кога ја пуштав климата да работи ден и ноќ без престан , сите се изразболевме на крај , сите завршивме со болки во грлото и растечени носови ( климата ни дува во плафон , без разлика дали е на топло или на ладно пуштена ) . Сите три ми се откриваат ноќе , ниту едно не е покриено . Што се не пробав , и џабе . На крајот решив , климата ноќе ако работи , тт ќе биде најблиску што може до надворешната тт , а при тоа да не се потиме и да не можеме са заспиеме . До сега се е во ред , не сме се разболеле :| .
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.589
    Допаѓања:
    39.598
    Пол:
    Женски
    Јас ја ставам на 26,27,28 степени ноќеска,а по потреба ја намалам само колку да разладе и е таман. Не сме се разболувале. Зимоска повеќе проблем ни праве оти го суше воздухот и мора навлажнувачот да е вклучен.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Да и ние исто зимава имавме голем проблем со сув воздух од климата . И кај нас навлажнувачот нонстоп вклучен беше инаку многу тешко ќе поминевме , малава е осетлива баш многу , веднаш кашла кога е сув воздухот ..
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Мајка, ти најубаво си знаеш дали му е ладно или топло на детето и не слушај никој. И ја така се нервирав, па сега мавам преку писките ако некој ми спомне нешто за како е облечен :D

    Иначе го мачкам со маст од невен и колку толку се смирува црвенилото, ама сепак си е присутно. Се мислам да почнам еднаш - два пати дневно да му го замивам вратчето со вода (покрај тоа што го бањам), можда ќе му олесни така.
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    И кај нас е жешко на спратот, али не планирам за спиење да уклучувам клима. Бебе планирам да го разголам, само на боди ќе спие. Али не знам колку ќе ми успее овој план. Гледам и сега од што му е жешко (боди и тенки пижами надоле), само се превртува цела ноќ, квичка. Ќе барам некаков чаршаф што ќе држи ладно, само не знам каков материјал треба да е.
     
    На unearthlysarah му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Па не дека слушам јас што ќе ми речат ама многу ми мава на нерва, надвор 30 степени а бенкиче некое да и облечеш?
    Значи ќерка ми не поседува бенкиче. Хулахопки во зима носеше еднаш само пошто носеше фустанче. И сега на 30 степени јас истите работи да и ги облакам ми нема логика.
    По секако ја миам после јадење, и насабајле кога ќе стане тоа ни е рутина некоја да речам, ама пустото топло и е.
     
    На Knizhevnik11 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    И мојата квичкаше така,
    Ја облеков по тееенки шпихозни (тие и преку зима ги носеше со боди доле) и цели 15 мин е покриена со едно мноооогу тенко кебенце и прозорот е спуштена ролетната само 3 реда дупчиња назиркаат и отворен.
    Муж смрзна, бебе спие и не квичка :D
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
    Климата е во дневна и не дува директ во спална кај што спиеме со бебе, ама иди докажи се на мажов дома дека ако правилно пуштена и користена климата не е чудовиште. Лани летоска главна расправија ни беше тоа, ја трудна значи ми идеше од кожа да излезам и си спиев у дневна он во спална, ладно му било од климата, коски го вртеле хахаха... а синко склетџија ко мене. Ама луѓе ова е некст левел топло дома, не само што го пече сонце станот цел ден и е најгоре, туку и нема плоча горе и одоздола има стара неизвадена ламперија од времето... не се живее тука во лето, затоа уште сеа се нервирам што ќе праиме ама не ни бега клима цела ноќ очигледно.
    Едит: моментално е до тој степен да деновиве веќе бебе е деноноќно само по боди на кратки, така да нема што повеќе да го расоблечам кога ќе биде потопло, само голо пример (facepalm)
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Аа моето ќе се свари да е така облечен, па и уште покриен. Не дај боже. :D
     
    На BezglasnaBukva и Noranora им се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.232
    Допаѓања:
    8.004
    Пол:
    Женски
    Почнавте ли по кратки да ги оставате навечер за спиење? Цел ден е по кратки и боса ама некако за навечер уште се мислам, по тенки пижамки по долги е :?:. Ние сме по кратки и со фротирки, па се мислам да не и е топло.