Дали е вакво нешто соодветно за вадење од болница во август? Или подобро само ромпер по куси памучен да одберам? Ме фаќа паника од жешкото уште од сега
Секој ден добивам коментари што од баби по улица, што од свеки. Еве го сега е болен, стомачен вирус има, свеки запнала зошто чорапи не носел Поголем проблем ми е за во градинка, некако глупаво ми е да им го однесам без чорапи таму, а знам дека не ги трпи
Дека се убави, преубави, само не знам што материјал се, да бидат мекички 100% памук и комфорни за бебе. Од каде ги виде?
@Калатеа од страната kral online kids на инстаграм. Немам ни прашано колку се, ни големини, само си одбирам моделчиња овде ја пуштив свекрва ми да разгледа по продавници, фустанчињата се чипкани ко за на свадба, комплетите за новороденчиња со долги. На крај може најдобро со најобичен памучен ромпер, да не мачам бебе за 2 минути во кола од болница до дома.
Како бе за женско нема избор? Ела си в комшии на шопинг навистина има многу избор. Баш пред некоја недела кога земав за бебче и викам на продавачката блазе си им на овие со женски деца. Ако имате можност или ве носи патот, навистина тркнете, ќе си одбериш мнофу работи.
@LaDyDoLl не можам да шетам ич, мигрената ме фаќа одма од сонцето и притисокот ми паѓа. Немам сила ни овде да прошетам, пуштам други да гледаат. Ако имаат ФБ пиши ми некој бутик убави работи што имаат.
Majkicki kako gi oblekuvame vasite bebinja preku den i navecer? Dali i so sto gi pokrivate za spienje? Kolku vi e sobnata temperatura? Dali pustate klima i na kolku stepeni?
Исто г8 облекувам и дење и навечер, или само на боди, или маиче и кратки панталонки. Ако сме надвор навечер ако пристуде му облекувам од горе дуксер и надоле тенки тренерчиња и чорапки. Клима сега за сега не пуштам затоа што не го покривам. Прозор обавезно наклонет до кај 3 4 сабајле, после станува посвежо и го затварам.
Исто преку ден и навечер. Само по боди или по ромпер. Ја покривам ама се открива така да исто ко откриена да е. Клима пуштаме во дневна кога ќе заспие да се разлади, а за спиење спиеме со отворен прозор.
Девојки мили јас од оваа тема сум тапа ама скрос.....И многу се нервирам се осеќам воопшто неспособна за одгледување на детето. Незнам кога и како да го облекувам. Еве на пример денски дома тт ни е 25-26 степени го облекувам со маичка со прерамки, блузе со куси рскави доле тренерчиња слабечки и чорспи дека е почесто во дубак, за излегвање исто се само некогаш кога е пожешко е доле со куси панталончиња. Ми е страв прозор да остсвам на кипање или врсга у дневна отворена мислам ги оставам ама кратко со страв да не настине.Каде што спиеме е топло на 2 кат сме во куќа и е пожешко џам не отварам често ми е страв да не влегуваат бубачки инсекти(исто како будала) само врага отварам цел ден да е од ходник ладно....Го пазам а уствари можеби му правам полошо. 8 месеци сме иначе и ми крена малку тт незнам дали се заби или настинка зошто имало малку црвено грлце.стварно незнам ништо на оваа тема како будала. Од каде можам да научам нешто за ова и сл. Стварно ми е криво се осеќам глупаво. Помош некаква поздрав и извинете на долгиот пост но ствсрно имам проблем
Мама многу ти е наоблечено. Моето овој период е постојано или само по боди на рамки или само на маиче. Чорапи му облекувам само навечер ако сме надвор и почне да заладува. Нема врска што е во дубало, соблечи му ги чорапите. Исто и за надоле, подобро куси панталонки му облечи отколку тренерки. Ако ти е страв да отвориш прозор, ставете си мрежа и немаш гајле. Ние спиеме со наклонет прозор, еве синоќе му беше толку жешко што спиеше гол. Од друга страна може и детето да не ти е толку склетчија, ќе си гледаш по него. Поте ли се, исфрла ли вруќинки, или се стресува ако му студе... Самото ќе ти "каже".
За склетчија уште од мало е, ноќе спие по куси е цело време турка чаршаф, жешко му е и цело време е камен во рацете. Во право си ти убаво го облакаш ама јас ако го слечам само по боди ќе го факам цело време да не му студи ќе затвсрам врати џамој да не настине.....За потење претежно кога цица иначе зависи така така некогаш поти повеќе некогаш не. Се нафрлува пколу вратчето и тогаш знам дека му е жешко. Јас можеби и грешам што се консултирам со пријателките и можеби тукс грешам уште повеќе, ама па си велам како сите си знаат гајле немаат само јас како будала. Стварно господ не ми дарил за тоа. Колку по сложенк работи знам и сваќам ама ова како да е некоја виша математика. Фала ти на советот
Премногу ти е облечено детето. Мојава е само на боди на рамки, ни тренерки ни чорапи. Ако е многу жешко ја пуштам климата. Ноќеска прозорот во кујна ми е скроз отворен и иде малку свежо во спална. А ако е многу жешко ноќеска ја пуштам климата. Не бива на овие температури толку наоблечени
Оф знам скрос сте во право ама од пусти страв да не настине со со страв и го соблекувам, а знам дека е полошо кога е повеќе облечено побрзо ќе настине така.... Ќе се трудам да се сменам малце греота е и ми е жал
Не ја мисли премногу. Ништо не му е ако му се ладни рачињата или ноџињата. Води се според вратот и на грбчето. И не се консултирај со никого оти сите ќе ти кажат различно. Околу мене сите можни тетки, баби, дури и непознати на улица ми се мешаат дека требало да го наоблекувам, ама ако беше времето за облекување они немаше да си ги ладат во фустани, туку ќе носеа блузи и чорапи. Ако на нас ни е лето и на бебињата им е.
Мамички бебе 2 месеци, температура во соба 25-26 степени. Најадено, преслечено, се мачи да заспие, па се мислам дека е многу наоблечено има боди на долг ракав и слаби шпикозни. Ве молам за совет како вие облекувате на оваа возраст. Се плашам да не настине, а можеби полошо правам..
Многу ги облекувате бе луѓе... моите, еве ги здрави и живи, веќе пораснати, само по памперс ги оставав на жешкото, убавинка да се ладат, рает. Сметајте тие се бебиња, имаат масно ткиво под кожата ое дополнително ги топли, плус алишта, ќе се сварат, душички. Слечи таму бебе, нека ги мавта рачињата и ноџињата голи