Prvo bebe mi e ne sum iskusna .. . Jas ja oblekuvam denski Po bodi I romper odozgora ama ne mi sedi izgleda toplo I e ....
Ti blagodaram za odgovorot ...izgleda jas mojava ja zovrev od pusti Strav da ne I e ladno I da ne mi nastine.
Не му требаат два слоја на горештиниве, боди на прерамки или по кратки е доволно. Моето е родено во август, пекол беше посебно првите 2 недели, преку ден бевме цело време со клима, навечер со скроз отворена врата, бебе по боди и покриено со тетра. Сега пак исто, само станувам околу 4 да подзатворам врата
Моето нема ни 2 месеца немам клима дома, отварам се живо о диво да се лади малата ми е само по боди на кратки а некогаш и само по памперс, навечер спое по боди по кратки со отворена врата и прозор од терасата и покриена со тенка тетра, ако е многу свежичко навечер ставам врата и прозор на кипање и само ќе и облечам чорапчиња тенки, ако не цела вечер ја тераме со боди по кратки и боса, на 30 степени не ни планирам ништо друго да и облечам преку ден некогаш не ја ни покривам ако е премногу жешко
Moram I jas da ja rasoblecham....iako ovde nokjite se malce poladni ama pa vo soba mi e pekol....nova dograma,golema izolacija ednostavno ne se dishi plus spalnata soba cel den sonce mi ja gree sho dopolnitelno se zatopluva.
Мама, За твое дете нема потреба никого да слушаш. Ќе си се водиш според детето. Неможам јас кога ја гледам дека се поти да ја оставам повеќе наоблечена само за х персони да се задоволни а кога ќе вика и нема да спие и ќе е испотена константно јас да тргам маки а и она. Греотка се. Колку што ти е тебе топло и на него му е. Јас да го слушам мм она ќе спие по шпихозни тенки ама шпихозни. А во тие спиеше во најголемата зима. Ван сваке памети.
И ние имаме проблем со облекување. Тато е страшно зимурлив , јас екстремно с'клетчика Јас расоблечи го бебе, он дооблекува А на син ми како да му прија мааалкуу понаоблечен да е. Па обично е во боди на кратки и тричетврт панталонки . Или ромпер со кратки ракави и ногавички
Мм пред некој ден сакаше чорапчиња да и облече. Ќе се потепавме дома Он седнал, се препотува а бебето чорапи да имало
Моево како пркна малку све ги соблакаше се триеше со нозете дур не ги соблече а не па сега да и облечам чорапи. Ја се мислам по пелена само да ја соблечам ни боди ни ништо
Колку степени правите со клими? Овој мојов пред да пуштен клима беше или само на боди или на памперс, ама сега со клима 25, 26 степени не знам дали исто да го оставам, некако му се ладат цели нозе, плус не е како мене саклетчија, заморливко е. Претходно недела дена климата ни беше лжрасипана и стигаше до 28 што ајде голи што се вика, сеа на 25 некако не ми се остава така гол.
На боди ми е со клима кога стигнува 25-26, ако е надвор поладно и пак е 25-26 дома знам да облечам хеланчиња пократки некои.
Околу 2-22 степени ни е навечер за спиење ама не можам да погодам како да го легнам. Со тенки пижамчиња и памучна вреќа за спиење беше испотен, го ставам последните неколку вечери само на боди на кратки во вреќата и вратот му е ладен. Како спијат вашите на оваа температура? Порано со ќебе спиеше ама сега конечно купивме вреќа оти цело време се открива.
Волку ладно нас ни во зима не ни е. Претпоставувам не сте во МК. Ваљда со бодито на кратки и вреќата му е ок. Пиши tog sleep bag на гоогле ќе ти излезат табели со температура како е најприкладно.
Ни јас не ја покривам.Спие само по боди на кратки ракави,а и преку ден е така облечена.Климата на 23/24.Она и преку зима седеше се боса не пак сега.