Како го облекувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од sweet.woman, 18 октомври 2011.

  1. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Не сме во Мк :D Ќе го оставам така по боди и вреќата.
    Инаку и во зима дома држевме 22 степени, не можам да поднесам многу топло дома. За надвор ми фалат жештините во Македонија :D
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Мајки ние сме 2 месеци. Бебуш го бањам накај 21 часот и после го облакам со тенко боди на долги ракави и панталончиња тенки. Но после 1 час бебуш е испотен ама не се буни дека му е топло си спие. Како ги облакате вие навечер после бањање? И дали кога ќе пуштите клима бебуш ви е во истата просторија? Јас до сега имам пуштено 2 клима и бебуш ми бил во спална. Но на ова време не се издржува без клима пошто цело време не пече сонце.
     
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Многу е облечено. Што има врска што е избањато, ептен топло е внатре. Барем кај мене е околу 27-28 степени.
    Седи по цел ден, а и навечер спие само по боди на кратки ракави или на прерамки. И ги покривам само нозете со тетра оние ептен тенки, како газа што е и ни е отворена балконската врата или е пуштена климата во дневна на пониска тт, а ние спиеме во спална.
    Не се води по ладни раце и нозе, секогаш се ладни.
     
    На senjorita-v, unearthlysarah, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    И кај мене е многу топло внатре ако не стига и до 30 степени пошто цело време сме на сонце. Преку ден е само по пелена и пак му е жешко затоа прашав дали може во истата просторија каде што е пуштена климата само да не дува во него. Зашто ако го ставам во спална не сака да седи сам одма почнува да плаче а јас не можам цело време да сум во спална со него мораш да завршиш и домашни обврски и да направиш нешто за јадење. Дека повеќето сме сами ние двајца и малце ми е напорно што не сака да е сам. А да му е ладничко пријатно и да си му на видик да осети дека сме во иста просторија си седи сам си гуга не бара да сум до него.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.954
    Пол:
    Женски
    Секако дека може да е во истата просторија. Само што исто како и кај возрасни не е убаво да дува директно во него климата и нормално да не е на 18степени. Ако е ставена на 24-5 слободно може бебе да е во истата просторија.
    Пак ќе го кажам тоа што ми го збори мајка ми откако се роди синко, на бебе подобро да му е ладно отколку да му е топло :)
     
    На Macufka*, Jordanovska-K, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    И моето седи преку ден во дневна додека е пуштена климата.
    Најчесто преку ден е ставена на 26 и баш е убаво за седење, ниту многу ладно, ниту топло.
    Само зависи како ви е ставена климата, да гледаш да не дува директно во бебе.
     
    На senjorita-v и Macufka* им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.206
    Пол:
    Женски
    Ја го оставам само по памперс и вклучена клима на 28, ама вентилаторот на најјако. Не дува во него и баш му е таман. И ноќе вака спие.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    2.088
    Ние сме на поткровје и ме пече сонце цел ден, пекол е дома
    Климата е пуштена нон стоп ма 25/26 со штитеник пред неа, од нама го земав, и во собата е пријатно за седеше а во спалната е топ за спиење а не дува во нас
    Земи си такво и ќе немаш гајле
     
    На Macufka* и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  9. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Тоа дефинитивно е точно. Го гледам кога му е ладничко убаво бебуш седи сам си гуга си се смее нема потреба од мене да сум до него, а кога му е топло ме бара кај сум кенка цело време и ако не ме види почнува да плаче, а исто и цел ден ќе го помине без спиење. А вака на ладничко си спие. Само ете прв пат си мајка па не знаеш како е најдобро, постарите ти викаат никако кај што е климата, облечи го детето ќе го разболиш мало е уште а тоа душиче цело испотено :(
     
    На BezglasnaBukva му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Може да ми ја пратиш страната да го порачам.
     
  11. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Јас се плашев да го внесам кај што е климата а вака па многу напорно ми доаѓа не можеш ништо да направиш мора цело време до него да си.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам денес и јас ќе ја ставам на 26 и да не дува во него. Малце ми е страв да не го разболам |(
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.206
    Пол:
    Женски
    Не му се плаши, ништо не му е.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Од 12 на пладне до 19ч климата е пуштена во дневна на 26-27 во дневна, бебе е само на боди по кратки или прерамки и не се разболел до сега. Жал ми е да го оставам во претопло да седи а и јас не можам да функционирам никако без клима, пекол е и огромна нервоза ми ствара. Не се секирај, пуштај слободно.
     
    На Macufka* и nevermet18 им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.103
    Допаѓања:
    29.585
    Пол:
    Женски
    А да го оставиш само на пелена без клима ако ти е страв?
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    И кај нас бебе е во соба со клима, константно на 26/27 пуштена, во соба држи 26° не го дува директно. Без клима оди 30°.
     
    На Macufka* и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.421
    Допаѓања:
    6.152
    Само кај мене климава на 20 е пуштена изгледа :D.
     
    На Macufka* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.656
    Пол:
    Женски
    Кај нас на 23°, на максимална брзина.
    Ск во варницата на 16° и пак е пеколштини.
     
  19. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    И ја би ја пуштила толку ама мм се понаша ко стар човек, коски го вртеле од климата, се укочил од климата, носот му се растекол од климата, и тн. :rofl:
     
    На Mari-Li, Macufka*, Autumn Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.421
    Допаѓања:
    6.152
    Среќа ние по дома сите тројца склетчии сме :D.
     
    На Macufka*, marta993 и unearthlysarah им се допаѓа ова.