22 треба да биде најниска температура на која е пуштена клима. Тоа е оптимална температура за функционирање, и лете и зиме. Подолу од тоа, остава последици поради драстичната разлика во температурите кога излегуваш надвор. Ваше си е, ама не играјте си. Може дури и на 25 степени да биде пуштена климата, бидејќи надворешните температури се превисоки.
Знам на колку треба да биде пуштена климата, ама во загреаниов бетон во Скопје ни на 20 пуштена не може да олади деновиве и постигне некоја пријатна собна температура. Уште подобро знам за здравствените ризици од нагла промена на една во друга средина со екстремни разлики во температурата. Никој од нас не ни искача на плус 35 надвор, ама фала за загриженоста.
Еве ја пуштив и јас од вчера на 26 степени и бебуш си седи си ужива а јас конечно почнав да функционирам
Пробав но топло му е цел беше испотен. Премногу е топло внатре дека цело време сме на сонце не пече и внатре е повеќе од 30 степени сигурно. Ама еве од вчера пробав со климата на 26 и супер е си седи сам а јас можам да работам, иначе така беше само плачки и до него да си.
Stoznam kolku e...klima duva i navecer sekako otvoreno ostavame. Ako ne ja staam gola ke e nepokriena i toa ne odi. Tenka e epten vrekata od okaidi letnite e
Девојки нас дома овие две вечери ни е 25 тт во собата, а надвор ноке 19-20 Бебето спие по боди на куси и покриено со слабо чаршавче.... Вчера бевме на вакцина па и плус заради тоа не сакав да му ставам нешто плус,само пижамчиња долни со куси му ставив... Грешам ли или не поздрав
Супер штом е така да не му ја мислам многу оти тапа сум на ова тема А денски т.е денес му ставив само бодито со куси и долу панталончиња со кратки.... Тамам сме. А ме интересира ноџињата до коленца и рачињата до лактиња ладнички му беа нема гајле ли..
Месецов треба да се породам и ме направија нездрава што сакам по кратки да го изнесам бебето од болница. Викаат мало било, требало по долги и горе и доле да е на пеколов.... Што би советувале?
Како ти е мерак така да си го облечеш. Јас минатата недела го извадив по кратки и горе и доле и само ставив тетра пелена преку ноџињата.
Jas koga se porodiv pocetok na juni , vrnese cela nedela, pedijatarot mi rece da odnesam po dolgi za da go spremaat za doma. Po vrakanje doma bese na kratki. Sledi kakvi se temperaturite, ako e toplo normalno deka ke e po kratki, nema da go maltretiras na zeskoto.