Ракавици никогаш не сум облекла на бебе. Дома е по боди на прерамки и одозгора тренерчиња. Непокриено си седи. Кога ќе заспие го припокривам. Капче ептен ако дува надвор, тенко памучно. Дома капа не сум ставила. На толку облека и ќебиња како примерот погоре со свекрвата, прашај ја што ќе прави во декември-јануари.
Моето е родено ноември, буквално цела зима дома ја преседе во боди + шпикозна, ( ако беше потопло, боди со кратки, за навечер или ако беше поладно боди со долги ), спиеше со памучна вреќа а капче само надвор му ставав ако дува или дома после бањање пола саат. Како ги шетате периодов бебињата, посебно поручек за шетање? Ние вчера пред да искочиме кај 6 поручек не беше многу ладно па беше по тренерчиња + боди по долги + елек. Ама после буквално 15мин кога задува, накај дома мислам го смрзнав...
Кога е потопло боди и блуза, ако дувка ветер и дукс облекувам, а ако е посвежо врз дуксерот елек. За навечер и насабајле накај градинка врз дуксерот облекувам полнето палтенце.
Боди на прерамки, тренерчиња јакна шушкавец и чорапчиња, капа не трпи. И кога ќе снема сонце му ја ставам прекривката од количката.
богами ако ми стапнат на живец (а верувале или не уште си е актуелна темава низ дома) наредно така ќе ги пречекам
Мами моето не е бебе ама немам соодветна тема. За 16м како ги облакате сега периодов како залади за надоле. Хулахопчиња па тренерче/хеланче или?мојата е ептен склетџика за хулахопка. Имам само 2 пара така фатирани хеланки од Pepco. А тука од кај купувате така подебелки долни делови за девојче?
Јас не и облакам по дебели по хеланчиња тренерчиња со нормална дебелина ја шетам ние сме година и месец скоро. Дома у моментов ми е по хулахопчиња и бодиче (пошто ми ги собува чорапите константно) климата е на 22 пуштена.
Да, за дома ок. И мојата е само на боди по кратки . Ама за надвор дур не одеше ќе ја пикнев во вреќата и само по хеланки беше. Дека мене ми е свежо пример само по фармерки
На 16 месеци можеш како тебе да ја облекуваш. Најчесто го облекувам по фатирани тренерки, ама ако се хеланки памучни ке треба и хулахопки да облечеш. Не е многу студено ама не е ни за еден тенок слој.
За надвор по обични нормална дебелина ја облакам. Свекрва ми и купила од некој маалски дуќан едни дебели ама тие ко за по снег ми се. Ептен дебели ми се гледаат
Јас дома ја облакам по боди на кратки плус тренерки на долги и чорапи, 19-20 степени ни е. Надвор блуза на долги, тенки хулахопки и есенско скафандерче. Навечер кога е поладно, наместо хулахопки само тренерки и скафандерот. Мислам дека не е премногу
Без хулахопчиња, моментално не е ни ладно. Обични трењерчиња, боди на кратки и јакничка не многу дебела. Шо знам.. ја сум против трупање со многу алишта.
тренерчиња, чорапчиња, боди од доле по кратки, блуза по долги и јакничка, ако е малку поладно му облакам фатирани тренерки, не се минусни температури сеуште па да го стегам во хулахопки.
Епаа продолжи така, воопшто не е ладно, не ја учи да е секогаш наоблечена. Јас реално ни зима не и редам хулахопки.