Кој има пролетно бебенце да ми каже за почеток отприлика што од облека да земам? Крај на април, мај здравје ќе се породам и сега се мислам по колку пара и кои броеви (50,56) и што да купам за облекување за почеток тој период
Шпихозни на долги. Бодиња на кратки. Комплети боди со долги/хеланчиња. По колку да земаш од секое зависи колку пати планираш да пушташ машина неделно, дали имаш сушара и сл. бидејќи во преодни периоди побавно се сушат. Величината е индивидуална, зависи од тоа колкаво ќе се роди, ама со 56ки нема да погрешиш, 50ки се докупуваат по потреба.
Обично 56ки Тенко ќебенце,шпикозни,тенки пижамки на долги Боди по кратки,тетра пелени обавезно земи си и тоа повеќе ,многу се од корист.
За во мај земи си на долги боди(што ќе ја носи како блузичка) , панталони, боди за одоздола можеш директно на прирамки. За величи ич не се сеќавам дали им 52 број, ако има земи си и од 52. На пример моите се родија 49цм и во 56 број пливаа, дури и 52 им беше голема. За во јуни можеш да одеш со 56 број, но за гардероба доле долги, а горе или со боди на прирамки и блузичка на кратки или само еден слој на облека на горе или боди на прирамки или само боди на долги, се зависи од времето. Лани пример кај што живеам беше јуни топол во базент се бајнавме. Уште е зимска гардероба почекај за купување. Би ти требала потенка гардероба. Јас за тој период би си купила неколку шпикозни 50број (3-4) и 52 број(3-4), боди на кратки и прирамки(по 4 броја од 52 и 56 број), панталони на долги 52 и 56 и неколку боди (блузичка) 52 величина. Повеќе би земала 56 и 62 на кратки и на прирамки боди бидејќи летото би го фатил кога ќе биде од месец дена до кај 4 месеци. Исто за летото можеш да земеш исто практични се ромпери, од тие ето 62 број или 68, ама тоа од кога ќе се роди ќе си видиш како ќе расти така ќе купуваш. И за преку ден и за спиење со такви го поминаа летото моите. Тетри исто за летото се доста практични за покривање и некое потенко ќебенце за првиот месец. Сега на оваа гардероба што е излезена ако ти е мерак можеш да си земеш 9-12, 12-18 месеци што е, за догодина да го носи.
Не зимај 50 ки. Или земи буквално 2-3 работи. Растат со брзина на светлината. 50 ка може и да не облечеш, ако се роди поголемо бебе. Тој период на долги би ти рекла. Боди на кратки одоздола и шпихозни одозгора. Можеш и боди на долги како блузичка со хеланчиња или тренерчиња, а под бодито на прерамки да облечеш. Мојава и сега така ја облакам. Не зимај многу, растат пребрзо.
Мојот термин е 4 мај, сега погоре прочитав од прилика што се ќе ми треба. Е сега за ќебенце да барам ко така тенко ќебенце некое. Не знам како ќе биде времето пример лани беше ладничко во мај месец. Јас купив повеќе тенки шпикозни на долги оти кај нас дома и не е многу топло тој период, сега ќе купам и на кратки па зависи како е времето така ќе ја облекувам. Си мислам дека е уште малечко да не му е ладно на кратки во почетокот на мај. Иначе јас зедов и капчиња неколку, не знам дали ќе ми требаат ама нека има плус мерак ми е да купам дека долгоочекувано прво бебе ни е. Прашање имам сега колку постелнини да земам за креветчето за почеток, и читав за нешто непропусливо ама не знам што е тоа ако може некој да каже што ќе ми треба од таа страна
Од се ова што го планираш, се имав купено и верувај ми, скоро ништо не искористив. Бебе речиси и да не спиеше во креветче. Џабе дадовме пари и за креветче и постетелнини. Од моето искуство, ќерка муи е исто родена на почеток на мај, најискористени облекички ми беа боденца на долги ракави и панталончиња/хеканчиња за долу. Шпикозни дури есента почнав да и облекувам бидејќи беше топло времето. За ќебенце ќе биде топло. Бебињата не трпат топло. Можеш да го покриваш со тетра пелена, ако воопшто треба да се покрива.
Ќебенца имај си секакви, потенки, подебелки ќе ти требаат и после за на есен, зима. Јас боди на долги само преку зима кога било ептен ладно за надвор сум облакала испод, иначе и по дома бил на кратки. Така да ако планираш за испод да му облекуваш земај на кратки, два слоја на долги во мај е многу, освен нели ако не живеете во Берово. На тема постелнина, неколку чаршафи ти требаат зошто знае да му протече пелена, да бљуцне и сл, минимум 3-4. Непропустлив чаршав е тоа за испод, не знам кај има, ама не мора од одма да земаш рачунај дека на почеток ич не мрдаат и можеш испод чаршав да ставиш од оние подлоги за пресоблекување, и после само фрлаш и редиш нова.
Јас ја облекувам со боди на кратки или долги зависи од времето и шпикозни..чисто за предлог најпрактични ми се шпикозните со копчиња и ножиња(како чорапчиња)на стапалцата,најлесни за облекување,ако облечам панталончиња со чорапчиња цело време ножињата боси,како мрда или чорапчиња се соблекле или панталончиња се кренале нагоре..
Така ќе земам за одоздола или на кратки или на прерамки, муабетот ми беше дека само за на кратки да биде ќе му биде ладничко тој период сепак е бебенце. За по долги веќе имам купено сега ќе земам и од другите на кратки. Прво бебе ми е и ме фаќа паника што ќе ми треба, како ќе се снајдам, среќа овде на форумот може да се консултирам па малку ми е полесно. Ти благодарам многу за одговорот
Не знам искрено што ми треба, прво бебенце ми е си викам да купам може ќе ми треба, не знам ни времето какво ќе биде дали ќе биде потопло, поладно.. Сакам да си имам колку толку за на почеток нешто спремно па после здравје ќе докупиме што треба. Ама искрено немам претстава ни со бројки ни со облека. Сега не знам дали се разбравме јас шпикозни ги викам оние боди што се со се нозе комплет може и да не се викат така не знам од нив имам земено тенки по долги само и имам некој пар хеланчиња, некое капче, лигувчиња и тетра пелени. Сега почнав да се информирам што ќе ми треба, за 10тина дена влегувам во 7ми месец, а се чувствувам неспремна воопшто. Мислев нека поминат празници ќе купувам и одеднаш ме фати некоја паника дека не знам ништо уствари.
Купи ептен нешто основно. Па, кога ќе си дојде бебе дома, ќе си докупите. Јас имав купено 56ки боденца, но бебето се роди 50 цм, па штом се вративме дома, купив 3-4 боденца 50ки. Не сакав бебето да ми "плива" во голема облека. Е сега, некои им облекуваат и поголеми облеки, но јас не сакав така. Однапред не се знае, ни за прво, ни за второ бебе. Така што, не се секирај, имаш време полека да си купиш се што мислиш дека треба.
Јас па обратно, мислам уште предвреме да си одбериш, испериш се, со новороденче потешко е да излезиш и да се товариш. Обично најхаотична фаза е таа. Ќерка ми само во креветче спиеше, па може и бебуш така ќе си се навикни, така да ќе ти требаат 2-3 постелнини, и обавезно водоотпорна навлака, на неа не штеди оти има и едни безвезни буквално ко мушама
Девојки мене терминот ми е 25 март ама ќе биди порано можно е околу 15 ако не и порано е сега јас си зедов неколку вакви комплетчиња е сега прашањево ми е пошто горните се боди дали под нив да ставам уште едно боди на пример по куси или по долги и горе ова боди по долги дали така одговара стварно врска немам како треба
Секое бебе е различно. Мојава е невидена с’клетџика. Дома преку ден ни е околу 24 степени и јас боди под шпихозни не и облакам. Кога дојдовме од болница и облакав боди по кратки под шпихозните и пренервозна беше, а откако престанав е помирна. По дома сме или со памучни шпихозни со чорапчиња или хеланки и боди/бенкица по долги. Надвор исто плус скафандер и ќебенце.
Ја не знам дали да земам вреќа. Моево не сака ништо над нозе да има. Ја покривам до меше, погоре од тоа, скренува, го фрла ќебето. И на крај ја наоѓам откриена или едната нога или стапалцето. Ти зема некоја потенка?
Ова на сликава му доаѓа бенкиче ко што гледам, ќе мораш боди испод да не му е голо мешето, половината. А за дома зависи колку ви е топло, и јас мислам дека ќе е доволно само еден слој.
Јас уште ја покривам со памучно ќебенце и тоа до мешето, недај боже да го качам погоре, војна ми отвара. Дури и до меше кога е го шутира па ја препокривам. Сабајле кај 3-4 знам да и ставам плишано ќебенце ама го наоѓам доле кај нозете за рекордни 10 минути. Кога зајдува од плачење ја соблакам пиштол гола за да престане. Не знам дали е некој ген, иста ко татко и. Тој зиме лете е по кратки ракави, црвен во лицето, се него му е жешко. Искрено се мислам дали да земам летна вреќа, дали ќе ми се исплати, како што ја гледам вака може да се нервира ако е во вреќа, многу сака да прета. Моро рефлексот ни е пуштен на најјако.
Истооо, и маж ми е таков… исти се. И јас а ја соблечам гола она е пресреќна хахахах. И ако не е убаво заспана ако ја покријам одма, толку одма имаш војна будење… малку ми е страв зашто многу го шутира ќебето. Ама вреќа мислам дека ќе ми е грешка… затоа не знам што да правам.