Јас не сликав убаво еве поубава слика вакви бодина како со хеланчиња зедов 3 4 некаде значи ако е поладно пример да ставам прво по куси едно боди а горе вакво боди по долги или не одговара така ?
Леле мене ми па се виде бенкица . Ако ви е топло дома, доволно ќе биде за внатре само боди и хеланчиња. Рачунај на почеток најголем дел од времето спијат, тогаш и плус ќе го покриеш. За надвор ќе мораш уште некој слој. За од болница пример ќе му ставиш и боденце испод ова. Ќе влезеш во шема брзо, води се по вас како сте вие облечени, а и бебето само ќе ти каже како сака . Во секој случај, секогаш е подобро да е помалку облечено него обратно.
Мојата уште од прв ден навечер спие со вреќичка. Која ќе ја откопчам вреќичката, чорапите и се секогаш слечени. Денско време ако ја покријам со ќебе, за 5 мин е истуткано и чорапите и се слечени. Ама со вреќичката нема каде да оди. Се врти во креветче за 180 степени дури спие, а со вреќичка е. Да е без вреќичка, не знам каде ќе биде извлечена. Инаку јас страв имам од ќебе, дека ако го истуткаат над лице, немаат рефлекси уште за да си го тргнат ако им е тешко да дишат... Мислам дека се многу побезбедни со вреќичка.
Да, затоа ми е… и мојата ја ставам право, она се свртела исто така за 180 степени. Што вреќичка имаш земено?
Неколку имам, ама скоро сите не ми се од Македонија, на ergopouch де, ако имаш некој од страна да ти донесе. Предобри се. Инаку од тука имам земено од Некст, исто е многу добра. И зедов од Ело една, ама без ракавчиња е. Океј е, ама од некст и на ergopouch ми се подобри. Во стан константно е 23,5-24,5 температурата, и се 1.5 тог вреќичките сите.
Малце е премногу 6 нитни, 3 од едното, 3 од другото. Ама вие си знаете. Јас кога и облекувам вакво по долги а и е ладничко, елеченце и облекувам. А боди по кратки со нитни па одозгоре блуза по долги.
А неколку бенкичина да земам тие се без нитни прво тоа па бодиве ептен ми се на мерак да не останат така...
Јас му ја закопчувам вреќата под мишки наместо горе на рамена . Ист е и мојов, само го клоцаше ќебето а горе да ја закопчам нема шанси. Иначе тенка е, есенска нашата вреќа.
Да да, од кај нас. Само сега немаат нешто многу роба, баш два пати бев неделава. Изгледа што имаа попусти и им се распродаде.
https://www.next.co.uk/style/su258137/n77746#n77746 Истава ја имам, 2.5 тог е оваа. Ја користам за кај моите, дека поладна ми е собата таму. Дома е во 1.5 тог, потопло е. Инаку е многу убав памучен материјал, мекичка и згодна за облекување.
Јас се изнервирав бев вчера, работите кои ги купив за малово на попуст во јануари и за кои одвај имаше бројчиња , сега се со нормална цена и имаат бројчиња .
Не знам каде да го поставам прашањето па овде темата ми се виде најсоодветна. Треба да се породам крајот на Април до почетокот на Мај не знам каква вреќичка за спиење да земам. Гледав од Ело без ракави, е сега не знам дали со или без ракави да земам или да земам и таква и таква. Си мислам да ја покривам со ќебенце ама ако се открива да ја ставам во вреќичка. Прво дете ми е и немам појма искрено. Секој совет е добредојден
Првите недели и како фишек да ја замоташ, ќе си седи. После затоплува. Немаш потреба од тие со ракави. И гледај да не е од дебелите.
Женски а ние што ќе де породиме во јуни здравје … ваљда топло ќе и биде со вреќичка … и на лето ги користите? Или некое муслинче само кебенце тенкичко? Топол ни е станот ептен
Јас се породив во Август средина, педијатрите ме советуваа за навечер ако го повивам фишек со тетра пелена да е еден слој здола со кратки ракави, има во вајкики целосни шпикозни со куси ракави и куси пантолки, (не знам како се викаат може и имаат име посебно), а ако не го повивам фишек тенки шпикозни по долги само без покривање исто еден слој само. А денски само боди со куси ракави или од истите тие за навечер по куси еден слој само.