Првото ми е во август, второто во јуни, не ти треба вреќичка. Јас двете ги покривав со памучна прекривка или муслинска прекривка. Не регулираат топлина на почеток, лесно може да се прегреат. На почеток малиов во јуни го ставав во шпикозна по долги и толку, без боди одоздола, он е јуни роден.
Купувам од продавница јас, од Скопје и Солун. Не сум нарачувала до сега од сајт, немаат македонски сајт.
Како ги облекувате новороденчињата овој период за дома? И со што ги покривате? Првото ми е родено во декември, тогаш му облакав боди на долги и шпикозни за дома, и покривав до плишено ќебенце. Сега појма немам, а ме напна мајка ми ладно и е, ќе измрзне? Не можам веќе со коментариве, ама се плашам да не ја прегреам или измрзнам? Дома е околу 22-23 степени.
Мојата е родена на крај на април,па овој период ја облекував со краток ракав и плус долги одозгора...и за спиење со некое подебелко кебенце и супер си беше
Мојата е три недели ја облекувам со боди на кратки и боди на долги одозгора. Така ми кажаа и на болница да не ја облекувам премногу и ја покривам со памучно ќебенце не многу дебело. Иста температура ни е дома околу 23 степени.
Нема да ја измрзнеш сигурно. Само ради тоа што е новороденче не значи дека и треба кој знае колку слоеви плус од нас. Ја сум на кратки по дома, па да би имала сега баш новороденче би го облекла исто како син ми сега на 3 месеци што го облекувам. Боди на долги, панталончиња/хеланчиња и чорапчиња, или боди на кратки и памучни шпикозни. А за навечер со памучно ќебенце. Или можеш и вреќа.
Моето е 2 месеци и е на боди на кратки или на прирамки и блузичка на долги, хеланки на долги и чорапи. За спиење исто со кебе дебелко ја покривам, без јорган. Преку ден зависи колку е топло или со фланел или со ќебето што спие. Денес на пр е посвежо дома и има плус памучен елек, за надвор и го вадам. Дома веќе не грееме дека кај нас е над 25 степени. Кога ја бајнам само клима пуштам. За дали и е ладно прати на градите. Еве на пр носот и рацете знаат да и е некогаш ладни ама грпчето и градите и се топло.
Ова е плишено подебело ќебенце. Ама да не и е топло со ова за покривање? Имам и бебешки мали памучни ќебенца. Не грееме секако дома, 23 степени е стандард темп.
Мојава моментално е по пелена и шпихозни. Без чорапи . Нема да измрзне ако ние сме дома по летна гардероба . Навечер и облакам плус боди по кратки под шпихозните дека е заладува. Ја покривам со ќебенце од Ело, не е многу дебело, не е ни претенко ко памучниве. На болница беше наоблечена по боди на долги и шпихозни и цела исфрлана и нон стоп црвена во лицето. Откако не ја наоблекувам дома се исчисти скроз.
Боди на долги и хеланки или боди на кратки и шпихозни/комплетче. Некогаш ја покривам со тенко ќебенце, ама најчесто се открива. Ние дома сме по летни, поголемото дете по кратки панталони и маица.
Девојки ми треба совет од тие што живеете во Скопје како ги облекувате бебињата надвор ова време. Утре треба да идам ск со беба па не знам како да ја облечам, таму е потопло од местото во кое што живеам. Мислам да и облечам боди на прерамки и шпикозни. Еден месец е бебе си мислам дека ќе и биде таман, ми е страв да не и е топло не знам како е време таму.
Овие денови е малку без врска времето, ама и јас ја облекувам така како што кажа ти. Боди на прерамки или на кратки, и шпикозна или фустанче памучно или тренерчиња. Ако има ветер, и носам уште нешто за секој случај, пролетна јакничка нешто такво. Уште ја немам облечено скроз по кратки, мислам дека е рано.
И носам јас алишта за секој случај и за пресоблекување и за да и облечам нешто плус ако треба. За по кратки ми е некако уште рано мала е ама сепак реков да прашам некој што живее таму да каже како е од прва рака да не ја утнам да и биде жешко. Ти благодарам многу за одговорот
Променливо е времето, боди на кратки и нешто по долги за горе и доле. Јакниче шушкавно или елече горе и пример во кола ако ја возиме ја соблакам по блузичето и без чорапки за да не се испоти,после надвор пак јакничка
За од болница женско, краен термин ми е 10 јуни. Дали боди на долги од оние како со фустанче и панталончиња или боди на рамчиња + шпикозни ?
Можеш и тоа и тоа. Шпикозните сигурно се тенки. Имај си и тетра за покривање. Во кола сигурно нема да сака покривање