1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го облекувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од sweet.woman, 18 октомври 2011.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    И јас мислам дека првите неколку недели ќе треба да го облекуваш во тенка облека со долги ракавчиња. Сепак сеуште не е адаптирано на надворешниот свет и научено си е на топличко од мешето на мама :rofl: За секој случај за во болница земи си и боди со кратки ракавчиња, они најубаво ќе ти кажат.
    Рачињата и ноџињата ќе му бидат постојано ладни, затоа што првите неколку недели немаат добра циркулација во тие делови. Затоа препорачувам и тенки чорапчиња затоа што претпоставувам дека нема да го изнесувате по жештините, а дома ви се просториите климатизирани со приспособлива температура за вас.
    СО ЛЕСНО! :lol:
     
    На lolyta777 и slavica999 им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Малите бебиња имаат многу мала циркулација и ќе приметите дека рачињата и носето им се скоро секогаш ладни.
    Да, се облекуваат како нас ама тоа само ќе си покаже. Ако се поти кај главчето јасно е дека му е топло. За изнесување од болница би ти кажала памучни потенки шпилкозни или што и да е, затоа што сонцето е многу јако и многу зрачи. Тамн работа да веднаш почнеш да го мачкаш со заштитен фактор. Кожичката му е многу нежна и јас би го штитела од сонцето максимално.
    Дома е друго, во зависност дали пушташ клима или не. Без разлика по дома би можела долу нешто долго а на рачињата кратки ракави. Ако е со долги ракави тогаш гледај да е некоја потенка памучна ткаенина.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Што потенко и памучно, со долги ракавчиња и кратки чорапчиња - тоа би било доволно, капче и не мора, освен само неколку часа после бањање, колку да не се прелади (зависи колку ви е топло/ладно дома). Убава опција ти се боди бенкичките со долги ракавчиња и одозгора некои тенки панталончиња, сигурно има по продавнициве за детска облека. За секој случај, земи си и со кратки ракави. Ако му облекуваш шпилхозни, исто може да бидат некои потенки, летни, евентуално да бидат без ракави, само со ногавици (ама ќе си има бенкиче под шпилхозните, за да не му е ладно на рачињата.
    Ако му се топли градите и стомачето, на бебето му е пријатно, без разлика дали рачињата и ноџињата му се ладни - а ладни му се поради слабата циркулација. Кај новороденче уште не е прилагоден центарот за терморегулација, па може да му биде ладно, ама не го тунтај многу, оти може да го претоплиш, а полошо е претоплувањето.
    За земање од болница, здравје, најдобро е да видиш дента кога ќе ве пуштат какво ќе биде - најверојатно топло - па најдобро ќе биде да го облечеш во тенки памучни шпилхозни, памучно тенко капче, колку за до дома, и во пликот да го изнесеш, секако, со лицето покриено.
    Во секој случај, ќе видиш самата, и ќе процениш. Обично велат, децата се облекуваат - во зима едно алиште плус од тебе, во лето едно алиште минус од тебе. Ама не важи за новородени.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Можеби местото на моето прашање не е за оваа тема, ама не знаев каде да прашам. Бендисав едни патичиња бебешки за моево шмизле, ама не знам каде ги има. Ги видов во каталог на Локо Кроко но немаат бела боја во помали броеви, само над 22. Станува збор за овој модел на кондурче
    [​IMG]
    а имам видено и други дечиња со овој модел така да сум сигурна дека ги има и на други места. Ако сте ги виделе или имате купено вакви, ве молам посочете ми каде да си купам и јас. :$
     
  5. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Грл1985 во Беверли на приземје од страната кај кам марктет има продавничка за детски кондури и сум гледала вакви пред месец дена за роденденот на внуката, имаат неревојатно голем избор и мислам дека сите се анатомски.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Да не се сеќаваш колку се одприлика? Морам да и ги купам, ептен ми се слатки. Во Локо Кроко сега се на некоја акција 690 денари ама џабе кога нема број за нас |(
     
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Бев вчера до беверли и од страната према кам маркетот долу во сутерен видов само една отворена продавничка каде за жал не ги видов, а другата беше затворена од УЈП, додека третата не знам зошто исто така беше затворена. Сте ги виделе на друго место? :?:
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Јас од H&M и` земав на ќерка ми....ако имаш опција - нарачај по некој, мислам дека не беа повеќе од 9 евра....ама не се стандард чевличиња (со ѓон јак), туку повеќе како еспадрилчиња (со помек ѓон :D ), ама перфектни за овој период, мојата ги изнаноси цела пролет и лето :)
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Еххх h&m не ми отварај стари рани :D не знам колку можам да нарачам, а сега последно бев пред неполн месец во h&m во cosmos во Грција и не видов нешто слично. Овие се анатомски, и ги имам видено како стојат на нога на дечиња, препрепрееемногу ми се допаѓаат и ги сакам :devil: енибади син мај бејбис? :geek:
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Никој не ги видел никаде? :(
     
  11. beautiful.butterfly

    beautiful.butterfly Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Мили феминки ми треба ваша помош

    Сестра ми доби бебенце и сакам да му купам нешто на бебушкото ама не сум во можност да трошам многу пари овој месец па затоа ве замолувам ако може да ми кажете дали знаете некои продавници за бебешка облека во Охрид ама производите да не се многу скапи :$

    Можеби и на моето прашање не му е тука местото ама ве молам ако знае некој нека ми каже :)
     
  12. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Моја препорака е кога ке бидеш во можност тогаш купи нешто убаво и квалитено, кажи и на сестра ти сигурна сум дека ке те свати, а како за прв пат оди со нешто симбилично некое мече играчка или сл.
    Ова ти го кажувам од искуство , тие што ми донесоа неквалитена облека за повојнациа купена од пазар и сл. му ја облеков на малиот само еднаш и толку, од едно - две перења се направи целата драпава.За нежната кожа на бебето е потребен 100 постотен памук и да е квалитетана, не зборувам за марки и слично битно да е убодна и добар памук, а таква за малку пари не би нашла.Ете сега се сетив како евтина варијанта, а квалитетна се Стружанка ги има нез цела Македонија. ;)
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Во Општи прашања мислам дека побрзо ќе добиеше одговор, ама нема врска. Кога бевме со мм во Охрид, на влез во чаршија после продавницата со сувенири и од лево и од десно имаше детски бутичиња провери обавезно таму и поефтини би требало да се, од Ричи на пр каде беше изгор колку што паметам, горе на спрат. Следно во Стружанка во турската чаршија види, од таму си купив долен веш и градник за доење случајно дури шетавме ја видов, или пак наместо облека, можеш од Чико после поштата мислам беше да и купиш калапи со рамка за слика мн се убави. Еден дел е за слика, др дел за отпечатоци од раче и ноџе и ако паметам не беа мн скапи, а се преубави и секогаш ќе ги чува. Тоа е изборот во Охрид, а и Битола нема нешто мн. Е Ск, е др приказна. Од игла до конец има. Сепак се надевам помогнав.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.760
    Пол:
    Женски
    Па зависи колку пари можеш да потрошиш, јас за на сестра ми малата никогаш не сум штедела така да и последните пари и единствените пари сум ги давала за неа. Ако имаш можност да почекаш да потсобереш некој денар би било најдобро да купиш поубави стварчиња. Е сеа ако немаш, за отприлика 300 денари можеш да купив боди, капче, ракавички и калчунки од чист памук, ако имаш и уште некој денар плус да купиш и некое тропалче или цуцле или уште пооригинално некој убав балон, така најубаво би било. Исто така опција ти е ако сеуште не се вратени дома кога ќе излегуваат од болница да купиш торта некоја на која ќе пишува добредојде дома сонце на тета и слично. Јас кога се породи сестра ми веќе имав доста работи купено, но за денот кога излегуваа од болница купив голем хелиумски балон во форма на пеперутка и го украсив местото околу креветчето, на плакарчето налепив стикери и напишав со бендерус добредојде дома. Веднаш не ама после два месеци, всушност за крштевката со дечко ми купивме еден куп работи од Џамбо кои се покажаа како многу квалитетни и кои сеуште се користат, ама буквално еден куп, од боди, шпикозни, патичиња, лигавчиња, па шишенце, цуцле, чашка со клунче, тањирче со капаче, лажичиња, послужавниче и тоа сите со една пеперутка иста се повторуваше скоро на сите. Сум заборавила веќе сега се потсетив :rofl: Знам дека тогаш и не плативме многу, а имавме една огромна ќеса полна работи. Зависи се колку пари имаш, за малите дечиња се наоѓаат дури и мали алкички за рака златни по 500 денари, тие и не тежат многу па затоа не се скапи. Се надевам ти помогнав ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • balonce.jpg
      balonce.jpg
      Големина на фајлот:
      60,3 KB
      Прегледи:
      425
    • welcome home.jpg
      welcome home.jpg
      Големина на фајлот:
      104 KB
      Прегледи:
      426
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    И јас истово сакав да и‘ го пишам. Од десна страна има едно дуќанче, кога ќе влезеш е многу тесно, па внатре има мали скалички... таму секогаш купуваме со мајка ми, многу се фини луѓето и имаат облека по пристојни цени.
     
  16. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405


    Супер, добар концепт си направила, и јас имав поклони од Џамбо од облека до сите тракатанци ми се максимално искористени, значи евтина, но добра роба.Имаат и многу добри играчки за мали бебина од Фишер Прајс и нивни ЈАмбо исто кои се за екстра цени, од музички вртелешки за на креветче до мечина што свират и сл.кои се дупло поевтини од другите продавници за децки играчки.
    И за златото морам да те поправам , изгледа долго време не си била во златара и јас се запрепастив, златото е 35 евра за грам.Блегзија малечка испод 50 евра нема шанса да најде.ЈАс барав обетчина за крштевка за мало бебче, најевтина варијанта беа 2000 денари и тоа не нешто спешл, нормално..

    Сепак спонав погоре и пак ке напоменам Стружанка во квалитет и цени се незаменливи.
     
  17. beautiful.butterfly

    beautiful.butterfly Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Девојки фала ви многу на помошта вчера излегов во чаршија и купив неколку работи бев и во Стружанка и во малото продавниче од десна страна на влезот во чаршијата ( не видов како се вика ) и најдов доста ефтини но квалитетни работи и денеска ке одам во болница да им ги однесам.А за кога ке излегуваат од болница ќе купам стикери и ќе ја украсам собата :inlove: :)
    А кога ќе се вратам во Скопје (бидејки таму студирам :D ) ќе се изнакупувам,бидејки тие што се од Скопје знаат колку голем избор има таму. :)
     
  18. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    а да провериш во другото Локо кроко има исто и во Илинден кај ова новово средно школо што го отворија
     
  19. Anika133

    Anika133 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Зависи од времето !
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.035
    Пол:
    Женски
    сега насабајле е ладно , ја облекувам во долги пантолони а нагоре во маичка на кратки ракави. Потоа околу 11-12 часот ја облекувам во сукничка/фустанче или кратки пантолончиња