Денеска почнавме малку летна шема Боди на прерамки, и на кратки ракави, тенки долги хеланки или до колено и без чорапи. Навечер ако ја допре макар и нешто тенко, како кофа вода да сум и фрлила... жива вода е.
Керка спие по боди на кратки и пижамчиња без чорапи и синко исто само керка е покриена а синко а го покријам одма станува..Дома овие денови е претопло 28-29температура ако работи климата и до 25пага но пак е жешко штом ја гасам пак исто..А преку ден и двајцата се на кратки ракавчкиња и тренерки/хеланки
Мајки нова сум на форумов имам бебенце 5 месеци за надвор го облакам по кратки а за дома еве не сум паметна со времево. И навечер како ги облакате, со што ги покривате?
Мами 26 степени ми е во собавабебево топло му е ми се буди,јас веќе незнам што да го облечам. Моментално спие по боди по кратки и тенки долни пижами. Покриен е само со тетра на половината. Како ги облакате вашите бебушки деновиве кога е пекол?
Мојот и надвор и внатре е само на боди без ракави и голи ноџиња. Ни чорапи ни ништо не носи и не трпи. Еве и сега така спие, само со ќебенце потенко е покриен. Ако му е топло тргни пижамчињата од него, види како ќе реагира.
Синко ми е роден во април. Никогаш хулахопки не сум му облекла нит две блузи. Деновите кога беше поладно ми е во боди со долги и панталончиња, за надвор и за спиење. А сега кога е топло еве и вечерва е со боди по кратки ракави, кратки панталончиња и тенки чорапчиња, покриен е со чаршавче тенко. Така и надвор излагаме на топлото и воопшто не го покривам. Сепак сметам дека треба да се облакаат како што се облакаме и ние. Мајка ми мене и сестра ми на тој принцип не облакала, еве ме 37г и здраствената книшка ми е празна Сметам и дека пренатрупано бебе со облека во иднина на секоја промена на време ќе се разболува. Ги имам за пример такви во кругот на пријатели. Башка да напоменам синко ми е склетџија, неколку пати го пресоблакам во текот на денот зашто се поти. Поготово дур го дојам жива вода се прави, дури и косата му е мокра ( има многу коса ) . Инаку станот ни гледа накај југ што значи дома ни е пекол, клима не уклучувам ми е страф да не направам беља да го настинам.
Син ми кога е вака жешко како денес е само по боди на кратки ракави надоле гол и само чорапчиња на нозете. Ич несака жешко налку повеќе да го облечам одма кенка. И навечер кога е топло спиеме нагоре на кратки надоле пижамчиња на долги и покриени со тенка пелена.
Цел ден сме по боди на кратки само и со клима. Се мислам вечер дали да не го покривам или да отворам прозор и да го покријам. Вие како правите?
Мајки, извинете ако прашањево не е за оваа тема, можете да го преместите.... но ме интересира една работа. Чекам да се породам неделава или најдоцна до 25ти јуни и на мисла сум што да понесам за бебето кога ќе излегуваме од болница со оглед на времево во Скопје? Стринки и тетки викааат шпихозни на крратки и одозгора боди на долги, чорапи и не знам уште што..... и ме збунија!!! Добро ќе ми дојде искрен совет. Фала ви однапред
Боди на прерамки и тенки памучни шпикозни на долги. Во колата претходно да биде регулирана тт, да не е жешко.
E kako be dolgi pa kratki od gore hahaah Imaj spremno bodi kako sto kaza clenkata pogore no ako e mnogu zesko samo na spihozni iznesi go.
Овие неколки дена седи само по боди на кратки ракави. Ни ѕиври, ни чорапи. Преку ден го покривам со обична тетра пелена, а навечер со ептен тенко ќебенце.
Мајки на женски бебиња сакам да ве прашам дали од раѓање им стававте покрај памперсот и тетра и шветска пелена?мене првото ми е машко и се роди во лето и освен памперс ништо др не ставав за карлицата , а еве сега чекам женско и здравје август треба да се породам ,па незнам дали може за женско само памперс или мора и од дргугиве пелени плус..
И моето е женско родено на жешко и не ставав друго освен стандардно пелено за еднократна употреба- памперс, дајперс и сл. Подоцна за месец два кога отидовме на ортопед ни го потврди истото дека нема потреба и дека самата пеленка е сама за себе широк повој.
Епа супер и јас така за синот правев ,и тоа сега се чудам на жешково уште широк повој да го сварам детето..
Деновиве сме само по боди на кратки или на прерамки. Ни чорапки, ништо. Така е преку ден, така спие. Покриен само со тенко претенко ќебе или тетра.