Можеш да му облечеш боди на долги нема потреба климата да ја пушташ од 20 до 25 треба да е кај нас е од 20 до 24 синко потопло не сака сиот се нафрлува а ако е поладно му облекувам боди на долги и шпикозни и чорапчиња капче за дома обавезно за ушината нараквичина многу се греби . За спиење зависи колку степени е некогаш без чорапчиња само пижамки боди го покривам со подебело кебенце и пеленка околу мешето и не му е многу топло во дневната спиеме бар додека малку порасниме
Нема потреба од нив. Ракавиците не се ни пожелни да се ставаат, оти цело време ги држат рачињата свиткани како тупаница. Без нив им е подобро. Ако се гребат, сечење нокти почесто, тоа е тоа. Не е ништо страшно гребењето, не остава лузни.
Страв ми е да не му е ладно. Не му ставав цело време ( и во ремедика ми рекоа не) ама откако залади ладни му се рачињата. Му купив едни широки се доста ама нејќе .
Нормално е да му се ладни. Рачињата и носето вообичаено се ладни кај малите бебиња. Дали му е ладно или не, ќе видиш по градите и грбчето, ако тие му се топли, нема гајле.
Генерално, бебињата подобро поднесуваат студ отколку топлина. Не се плашете, нема да премрзнат Мене најпрактична ми беше комбинацијата боди и панталончиња со стапалца одозгора.
Neznam kolkavi ste megjutoa ne vi trebaat rakavicki od pricina sto ke pocne da faka po nesto so racinjata, da go osoznam svetot
3 недели сме лом се прави а има и изразит дерматит преска беше без нив се нафрла на лице со се чепкаше
И јас ракавици не користам. Почесто и ги сечам ноктињата и тоа е тоа. По дома сме облечени по кратко боди, шпикозни по долги и чорапчиња.
Ние сме 5 дена, боди на кратки чорапки шпихозни, гледам стално да е со тенко покриенка, и така цело време си спие, капче после бањање преку ден вришти не го сака. 25 степени е без догревање.
Мајки како ги облекувате малите за надвор ова време. Малата е три месеци и кога излегуваме и ставам холахопчиња, боди на прерамки, боди на долги, хеланчиња, чорапчиња и едно дуксерче дебело со крзно внатре. Кога е поладно и ставам и памучно капче. Покриена со танко ќебенце.
Деноиве е убаво времето. Многу ја облакаш за ова време. Нема потреба од хулахопки и дебел дуксер со крзно. Што ќе правиш кога ќе е под 5°С ? Синко е скоро 6мес. Еве вчера и денес шетавме и го облеков во боди на прерамки, тренерки, чорапчиња и патичиња. Дуксер зимам за ако задува и едно ќебенце потенко. Еве вечерва е само во целосни пижами без боди. А кога е поладно само боди на прерамки одоздола под пижама му облакам. Како се облакам јас така и него го облакам. Ни малку ни многу, златна средина наоѓам.
Еден слој повеќе од она што носиш ти.Јас така се раководсм од раѓање и фала богу и најјаката зима ја истеравме и најжешкото лето без проблеми.
По мое мислење многу ја облакаш. Немаш потреба од холахопчиња, се уште е рано. Јас ја облекувам по боди по кратки и еден слој по долги. За надвор може да и облечам елече или потенко дуксче и ако дува покривам со тенко ќебенце.
И ние сме три месеци. Облекувам боди на прерамки и шпикозни памучни или тренерчиња. Со мене носам дуксерче, па ако задува можам да му го облечам, носам и кебе ако заспие во количка. Носам капче и за ветер и за сонце. Конкретно денес баш имаше сонце и сметаше, па шеташе со тоа за сонце. Времето е променливи, па јас така функционирам, имам торбица на количката и си менувам по потреба. Зошто со две бодиња истовремено го облекуваш. Две закопчувања мегу нозете има детето зар не му пречи. Подобро едно долно боди и блузичка.
Како секоја возрасна личност така и бебињата си се различни и индивидуално е се. Мојот има месец и 20 дена и е прилично зимурлив. До сега ниту еднаш не се исфрлил ниту се испотил од топло. На рацете му ставам чорапчиња бидејќи му се премногу ладни дури ноктињата му се модри ако не му ставам. За по дома му облакам боди без ракави, боди или блузичка со долги, чорапчиња и долни тренерки. Но обавезно и го покривам. Кога го пресоблекувам обавезно клима на 26 инаку кива. Си го осеќам дека ужива кога му е потопличко. И јас сум иста со слаба циркулација вечно смрзната Инаку шпикозни воопшто не му одговараат. Дел не ги ни облековме. Има подолги екстремитети рачиња и ноџиња и не му се удобни. Или ги тегне надоле па на вратот му се цели истегнати или ако е поголем број во нозете му се точни ама горе многу широки кај вратот па цело рамо му е голо. Исто и со долните со срапалца што се. Од што клоца цело време ги смкнува до колкави и му висат доле како сирена најзгодно ми е боди и тренерчиња или меки фармерчиња со чорапи
@Capricorn Taurus ова за шпикозните како јас да сум го пишувала . Тотално непрактични освен тие без ноџиња што се . Јас сега го облакам со боди на кратки и одозгора блузиче и панталонки и дебели чорапчиња . Кога го бањаме ставам и капичка . Сега купивме и вреќичка за спиење незнам дали е рано да го ставам во неа