По носето можеш да видиш дали му е ладно, ако е ладно носето значи му е ладно Бар јас така се водев...
Јас имам две вреќички, ги наследив од внуците едната е тенка нешто како плиш и таман е за сега како кебенце доаѓа. Зимската е како јорганче рано е за неа
Мајки на машки бебиња, дали им облакате хулахопки? Пред некој ден ми спомнаа дека не било добро ги стегало, навечер застудува морам нешто да му облечам
не е добро доле над глуждот да бидат стегнати,затоа се препорачува дете без чорапи да спие.Се спречува правилната циркулација на крв.
Хулахопките не стегаат над глужд, а и секако му земам високи чорапи. Зимава не ми се остава детево босо да спие колку и да е топло во соба
они у глобала стегаат секаде.Имаш бебешки ѕиври,покомотни се и помеки.А зошто не босо?Ти со чорапи ли спиеш? моите спијат боси од мали и немале досега никаков проблем да настинат поради тоа.Греење секако имаш во собата. инаку горново ми е од Видоески кажано.Он е ортопед.
јас искрено хулахопки ќе му облечам едино ако е -20 надвор. ако ти е за ладно облечи подобро скафандер како заштита од ладно.
Леле и јас го оставам со чорапи да спие , ама сите му се лабави горе не стегаат . Ги вади стапалата од кебето и треба цела вечер да го покривам . Инаку и јас спијам со чорапи
Хулахопки само за надвор во зима му облекувам. Дома никогаш не сум облекла, посебно не ноке. Тргнувам од себе, јас би полудела на спиење да имам нешто под пижамите. Обично ноке облекуваме памучни шпикозни со стапала и кебенце одозгора. Ни врека немам користено, ни за големиот ни сега за бебето. Едноставно не трпат. Е сега секој си знае како му е дома, кај нас е многу топло.
Ни надвор ни дома не им облекувам хулахопки. С'клетчии се, уште хулахопки им фалат. Башка машките не треба да се прегреваат во интимните делови, па затоа и не се препорачливи хулахопките. А за спиење, мислам дека цела ноќ нема да ми спијат ако им облечам чорапи или хулахопки. Имам од целосните пижами со стапалца долу, малово ми збесна кога му ги облеков и не сакаше да заспие. Штом го пресоблеков во нормални пижами, во секунда заспа. Не ги учете децата да бидат зиморливи.
Мене прашањето ми беше за надвор, за дома секако не му облакам ништо под трењерки а темперстурата од 20 до 22 степени ми е, не е многу топло
Дали го наоблекувам бебево премногу бидејќи при пресоблекување забележувам испотени стапала дури и влажни чорапчиња? А облечено само по чорапи, боди на кратки и подебелки шпикозни е....
Зависи колку ви е дома топло. Ако ти се шеташ по кратки ракави, тогаш може да е претопло за подебелки шпихозни. Во принцип, не би требало да му е претопло, ако е само вака облечено и дома ви е до кај 22-23 степени.
Термометарот покажува 24 степени, но некако мислам помалку е...а јас сум на маичка на прерамки :/ А често и дланките му ги забележувам исспотени... еве сега баш фатив да прпверам
Штом ти шеташ на маичка по прерамки, доволно кажува. Потенки шпихозни облечи му, не оние како плишани и фротирни.