Може ли некој да ми напише како го облекувате вашето бебе во овој период. Во стил: 1. Бенка. 2. Боди. 3. Ѕиври 4. Целосни шпикозни. Дали со овие 4 работи ќе има се што е потребно? Или брз памперс се става и нешто друго?
Ние сме со боди на долги, шпикозни на долги, тенки хулахопки, чорапи ако не се затворени шпикозните. Ако се испоти го пресоблекувам и го облакам само во боди нагоре надолу хулахопки тренерка чорапи. Скоро 9 месеци.
Зависи дали за дома или надвор. Ако е за дома, зависи колку ви е топло дома. Кај мене е многу топло и оди вака. Памперс, боди на прерамки и целосни шпикозни со стапалца. Ноке исто само плус покриено со кебенце. Или пак боди на прерамки, долна и горна тренерка и чорапчиња.
Јас му облакам хулахопки на синко и кога бешњ бебе и сега и за дома и за надвор. Ладни се подовите дома кај нас и затоа дека повеќе време поминува таму. Инаку обично за дома носи боди на прерамки ,хулахопки, тренерки тенки горна и долна потенки и сега како прооде обавезно папучи. А за надвор исто само плус јакничка и капа.
Јас сум многу зиморлива,кизнај како ќе го наоблечам бејбито Битно си спремив боди на долги,бенкици,зиврина,холахопки,нека има,ако е како мене ќе биде алиште на алиште
Јас уште не му облекувам хулахопки. Боди по кратки и тренерки. Чорапи и плус од тие како со кожно од долу што се, бидејќи му се ладни стапалата. Навечер најчесто откриен спие, па му облекувам боди по долги.
Не е убаво да се прегрева бебето. На предавањето педијатарот кажа дека подбро е полесно облечено, а покриени, отколку преоблечено и бебето прегреано. Ако се прегрее, тт му се качува, па и паника може да се крене дека качило т и дека е болно. Идеално на 22-23 степени преку ден, а на пониско за спиење. Само за бањање 3 степени поголема т во собата.
Jas samo bodi i oblekuvam i spikozni.Ni hulahopki ni zivri mada ne znam kako izgledaat.Nitu kapa nitu rakavici.Ne ja ucam da e natrupana so alista.Pa da mi e postojano bolna.Gledajte si po vas.
Исто и јас . Ако од сега им облекуваме ѕиври и хулахопки, што треба кога ќе биде - 10? Ма да секој си знае за своето дете... Ова е мое лично мислење.
Боди на кратки и тренерчиња. А спиеме исто по боди и пижамчиња.. Босо од кога е родено.. Сега има 5ипол месеци. За надвор би му облекла скафандер ако е многу ладно,а хулахопки и ѕиври не.. Поголемкото ми е околу нова година родено, во сама зима.. Еве ќе прави 4 години и до сега не сум го облекла плус.. Дневна температура одржуваме околу 22-23,ноќе за спиење мин 18. Кога ќе биде поладно за спиење двајцата во вреќи
Бебчето е 3 и пол месеца. За дома му облекувам памперс, боди на прерамки и целосни шпикозни (или тренерки горна и долна ако е посвежно). Дома ни е околу 26 степени макс. Кога го бањам ја загревам собата повеќе. Навечер спие со памперс, боди на долги нагоре и долни шпикозни со стапалца. Го ставам во вреќица на рамки и не го покривам. Во собата за спиење ни е околу 22 степена. Беше покриен со ќебенце но многу ми се откриваше и затоа решив со вреќица да спие и ептен ми се погоди. Не го мислам сега дали го има клоцнато ќебето или не.
Мислам дека дома ви е премногу топло доволно е да е температурата 23 с ние за бањање правевме 25 26 па целиот ќе се препотеше
Многу е 26 степени за преку ден, многу е и 22 степени за спиење. Дење треба да е 22-23 степени максимум, за спиење 16-18 степени, можеби и поладно. Во поладно поубаво се спие. Полошо е да загреваш, бебињата подобро го поднесуваат ладното, за разлика од топло.
На мене па бенките не ми се ниеднаш искористени.Баш вчера ги редев си реков зошто ми се незнам. Бебуш на него има памперс и долна маичка ( боди ) , боди на долги и панталони , и чорапчиња. Дома ми е околу 22 до 23 степена. А да ве прашам кога си лежат преку ден ги покривате ли ? Јас да , и незнам дали треба.
Морав да ти го пишам ова Кога ја слушав докторката на предавањата, на тебе ми текна Знам дека имавме дискусија во колку ладна/топла просторија спиеме. Се сеќавам твојата т ми се чинеше ладно, ладничко Тогаш ладно ми се гледаше, ама ете имало и логика
Доволно е едно боди, со една маичка, со две бодиња му е претопло во препоните. Не покривав преку ден ако лежи така, само кога спие. @kukla21 и по себе знаеш...полесно поднесуваш топло или ладно? А бебињата немаат развиен систем за терморегулација, и многу лесно и брзо се прегреваат, затоа не треба да де преоблекуваат многу
Кај нас моментално е 25 степени, а малата е облечена во боди на кратки и шпикозни тенки. Без огин е толку. Оваа ноќ беше се изладила собата, не видов колку степени имаше, ама не беше под 20, а бебе беше облечена во боди на долги и надоле пижами и со тенко кебенце покриена, па кога се разбуди да цица носето и беше затнато, а и мене ми беше затнат носот и грло ме болеше, па ја покрив со подебело кебе. Секогаш кога ноќеска се изладе собата на неа носето ѝ е затнато. Мислам дека 16-18 степени е ниска т. Пред неколку год кога брат ми беше бебе неговата матична кажа дека идеална т за бебе е 26 степени, и јас сега по тоа се водам.
Јас сакам да ми е топло и да не сум наоблечена. И зимно време сакам по куси ракави да шетам дома Факт е дека и ние некако психолошки реагираме на промените на темературата. Летно време на 22/23 под клима ни е топ, а сме распиштолени Зимно време таа т ни се чини ниска. Термостатот расипан Сега откако читам по фб групиве, па и тука, дека децата им плачат, а подмирени се со се, прво ми иде дека се прегреани. Докторката кажа од тоа може да плачат и тоа доста. Некако ептен сериозно си го сфатив ова И дома сме се опремиле со термометар, мерач на влага..