1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го облекувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од sweet.woman, 18 октомври 2011.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас претежно го облекувам со две бодиња и тренерчиња. незнам не ми е некако времето сигурно за да го раслечам.
     
  2. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    А во Скопје сте? Ако сте тука некако многу го облакаш......
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Ние додека бевме во Мк цел септември топличок си беше па сите летни алиштенца си ги износевме на срека :lol: :lol:
    Е сега во Германија , времето не дека е ладно ама морам бебушка убаво да ја облечам
    Боди и блузиче на долги ракави , хеланки со или без хулахопки :^)

    Си купивме хулахопчиња , тренерчиња јакничиња да бидеме спремни кога стварно ке залади :)
     
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Вчера го гледав детскиот дел во Зара во новиот трговски центар и се заљубив во гардеробата. Минијатурни парчиња за 0 до 3 месеци, а направени како за голем човек да ги носи. Не знам колку се функционални за новороденчиња, ама дефинитивно има работи за правење кеиф.
    Имаше и варијанта со пакет од 5 бенкички за 1200 денари и комплет од 2 пара памучни бели како шпилкозни ама само долен дел за 600 денари.
    Јакнички со пердуви од внатре поставени како меко ќебенце за 1500 денари...Во секој случај попристапни цени од Окаиди, Мадеркер и Бенетон.
    Милион работи си бендисав, сигурно за Нова Година ќе пуштат и попусти, па ќе се пушти мајка во шопинг за синот :)
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Ние денес си направивме убав шопинг за бебето
    C&A , H&M
    во C&A купивме 5 пара бодиња 80бр, за 300 и нешто денари :D :D живо џабе
    2 пара долни тренерки за 600 и нешто денари , и уште неколку пара бодиња со долги ракави , хулахопки еден пар ..... и се на се за некои 1400 ден
    H&M еден пар пижамчиња, и 2 блузичиња
    и сетп тоа на попуст
    :) :) :)
    Па и поефтино и од Мк морам да признаам :$
     
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Бидејќи мојата цуца е само 4дена ја облекувам вака: отоздола бенкиче и панталончиња(оние како хулахопки само поширочки ) и одозгора шпихозни , чорапчиња,капче и ракавички обавезно, исто и послем бањање ја облекувам така само со подебели шпихозни..
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јуник некако многу ја облекуваш доволни ти се боди со долги ,чорапчиња и панталончиња или пак боди со кратки и шпилхозни.Сеуште е многу топло,а најубаво да се раководиш од тоа што носиш ти,тоа и она.Од многу облека може да се спурува ,па да и излегуваат вруќаници.
    Мојата малечка наутро носи боди со кратки и тенко блузонче ,панталони и чорапчиња,а кога малку ќе се затопли се ова само без блузонче.
     
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    не сум од скопје од битола сум
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас му облекувам боди по кратки ракавчиња или боди со прерамки, чорапчиња и одозгора памучни шприкозни или блузичка со панталончиња.
    Кога ќе го избањам му ставам и капче, ама само околу половина час, потоа го вадам бидејќи му се поти главчето.
    Навчечер ако шетаме му обелекувам одозгора и тренерче или дуксерче со капуљачка.
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Леле, значи само мојава разголена оди, а? :D

    Дома седи само по боди и боса (тоа и во зима). Сега за надвор + маичка на кратки ракави и кратки панталончиња или хеланки и толку.
    Спие по боди со кратки ракави и долги долни пижамчиња, боса. И обавезно непокриена.

    Родена е во февруари, пробав да и` ставам капче после бањање - немаше шанси, вриштеше додека не и` го извадам, па се откажав, а по дома само по целосни шпихозни беше, без дополнителни хулахопки, долни пижами и чорапчиња.
    Се согласувам (и секогаш се водам по тоа) со АИТ - ако на вас ви е доста 1 блуза со кратки ракави, зошто мислите дека на тоа бебе му требаат 3 + хулахопки + шпихозни + чорапи + јакниче за надвор??? Тие во основа треба да имаат само +1 слој од нас, ништо повеќе...

    Имајте на ум дека претоплувањето на бебето е ПОЛОШО од преладувањето.
     
    На La.Reina.Del.Sur, bittersweet, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Јас мислам дека е доволно затоа што тие одоздола што ги носи се тенки а и шпихозните не се многу дебели, освен тоа и носето малку му тече затоа што во болница се смрзнавме .. :)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    Да ве прашам нешто околу облекувањето, моето бебе има 25 дена, му облекувам боди на долги, ѕиврички и одозгора шпикознички или некое дводелно комплетче. За спиење исто одоздола, а горе памучни како шпикозни едноделни. Температурата преку ден е 20 до 22, а за спиење 19-20. Дали е доволно така облечено или многу е?
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Чудна, моето исто така спие (боди по кратки, хулахопчиња па целосно комплетче, или наместо шпилхозните боди по кратки или долги, џемперче или маиче, хулахопки и чорапчиња евентуално папучки) а спие на 15-16 степени температура. Ориентирај се според грпчето или градите-ако му се топли тогаш во ред е се.
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Абе дали јас мојата најмалку ја облекувам :?:
    Веќе пишав дека и преку ден и на спиење сме исто облечени. Засега со боди, чорапчиња (не хулахопки), и шпихозни или дводелно комплетче, капче.
    Секогаш е топла, освен лицето и рачињата што и се ладни наутро
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    аууу значи јас мојот многу го облекувам или не? што мислите?
    сооглед дека стално е отчкриен и за тоа почнав да му клавам вреќа, а одоздола едно боди и пижамчиња. навечер незнам колку е тем. оти немам термометар ама морам подхитно да си купам....а го покривам со ќебе подебелко..
     
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Досега од сите што пишале изгледа моево е нај облечено. Маица долна, боди на долги ракави, ѕиврици и шпилхозни или дводелен комплет памучен, а температурата на собата кај што престојуваме е 23-24. Кога спие дење на таа температура го покривам со две ќебенца тенки, а навечер спиеме на 20-21 степен исто облечен, тенка вреќичка и плус 2 ќебиња. Нон-стоп дежурам страв ми е да не настине, и дење и навечер го проверувам да не се испотил, ама не' дури и обравчињата му се ладни, а телото млако. Јас по дома сум на кратки ракави, жешко ми е бидејќи се движам, но да легнеш на таа температура без да се покриеш ќе настинеш.
     
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Еден најдобронамерен совет-Расоблечи го малку бебчето ,сево ова е премногу.Бебињата кога им е премногу топло може да бидат и ладни затоа што сеуште немаат регулирана температура.Педијатрите препорачуваат бебињата да се облекуваат онолку колку што е облечена мајката ,евентуално со едно парче плус.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Извинете што се мешам, сепак не сум искусила(да даде Бог и тоа ќе биде :$ ) ама еве ви еден најдобронамерен совет од вистинска бабица која породила и изгледала едно 2-3000 дечиња :D Бебенцето, без разлика дали е лето или зима, е доволно облечено секогаш кога на него има еден слој облека повеќе од мајката. Значи ако на мајката во лето и е жешко и со обичен фустан зошто сметате дека на бебето ќе му требаат и хулахопки и блуза со долги?! Сега, веќе е поладно, ако мамичка е доволно стоплена со обични тренерки и џемпер, тогаш бебуш сака само плус хулахопчиња и поткошулка или подебелка блуза :)
    Значи малите да имаат еден нормален слој повеќе облека од мама. Па и тие имаат осет бе, гревота е да се натуткуваат со фротирни шпикозни, хулахопки, па волнени чорапчиња и за крај јакнички, а гледате дека се запаруваат и потат :)
     
    На AIT, Moira, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  19. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Матичната точно тоа ме посоветува, што го напиша кате21. Така и правам. Јас нај добро се ориентирам дали му е ладно по рачињата и носето. А за жешко по грбчето и вратлето. Не треба премногу да се облекува, затоа што се разнежува. А и фала Му на Бога Мартин не се дава лесно на настинките, маже :lol:
     
  20. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    И јас исто кога прашував за облеката, бидејќи ќе се породам во сред зима, добив совет дека температурата во собата на бебето треба да биде околу 24 степени и да биде облечено соодветно на таа темепратура, да не го пренатрупувам за спиење, туку да има лесно јорганче и лесни пижамки.
    Прво што ме прашаа како би ми било мене во топла просторија некој да ме облече во 3-4 реда облека и на крај да ме покрие со ќебе и јорган :o
    Исто јорганот да не биде многу дебел бидејќи душичката може несвесно со рачињата да се покрие преку глава, а после тоа да не знае да се открие :worried: