Мајки, може е глупаво прашањево, но ќе си прашам, кога на пример треба навечер да се оди со бебе на гости, како го облекувате за надвор? Утре планираме да одиме на гости и мислам да му облечам боди тенко по долги ,комплетче што не е многу дебело и одозгора елече. Дали е доволно, што мислите ? Плус во ќебе да го завиткам може?
За затнување на нос кај бебе - не значи дека е настинато. Сув воздух или што се чисти самото од плодовата вода се најчести причинители за затнато носе. Затоа се советува да се чисти во денот со физиолошки, солено водиче, дотолку повеќе што бебињата не знаат да дишат на уста.
Јакничка место елече. Обавезно капче за заштита на ушињата и главчето. Ќебенце нормално завиткано долниот дел. На гости го раскомктувам башка си носам алишта секогаш плус.
Капче мислам треба и место елек му облекувам јакничка, кебе имам за секој случај. При одење на гости најпроблематично ми е што незнам како да го облечам за таму. Некој држат ладно, некој па топло. Баш скоро бевме на гости каде што знам дека им е ладно, му облеков плишани шпикозни, кога они уклучиле греење на јако зошто бебе ке им дојде, внатре сауна, па ајде го пресоблекував таму во поприкладно.
@Black girl Јас за на гости ја облекувам како што кажа само место елече и ќебе ја ставам во плишан скафандер и памучно капче. Таму ја раскомотувам. Носам и плус џемперче или елече за ако е поладно да и ги ставам.
Мамички ве читав и горе долу јасно ми е околу облекувањето, и ми се чини јас малку повеќе ја облекувам ама со баба и не можам да се договорам. Како и да е, еве ќе залади па таман ќе биде И облекувам боди по прерамки, боди бенкиче и блузиче, долу тенки пижамки и врз нив панталончиња, или пак боди по долги, долу пак пижамки или тенки панталончиња и шпихозни. За спиење ја покривам со тенко јорганче. Инаку дома температурата засега ни е 23-24 и за спиење 21-20. Ме интересира за вреќичка за спиење. Дали веќе може да ја ставам? Имаме вреќичка со ракави кои се вадат. Толку мало бебе треба да спие со ракави или без? И ако ја ставам во вреќичка како би требало да е облечена, колку треба да е температурата во собата и дали и дополнително да ја покривам?
Многу ја облекуваш Вереничка. И на бабите на ќерка ми не им одговара многу како ја облекувам, ама од старт им дадов до знаење дека за тоа јас одлучувам. Си се раководам по мојот инстикт. Многу е полошо да ја прегрејуваш. Од пример од блиски, децата кои се пресоблечени имаат и послаб имунитет. Сепак раководи се од својот инстикт и не слушај многу баби! За спиење ми е облечена со боди по кратки и горе пижами или шпикозни. Не пуштам греење навечер, па затоа ја ставам во не мн дебела вреќичка без ракави и покриена со не мн дебело ќебенце.
А колку ви е температурата преку ден и ноќе? И колку не многу дебела? Нашата е како јорганче така да кажам состав материјал само во форма на вреќичка Преку ден како ја облекуваш и ја покриваш ли? А капче? Ама вие сте колку поголеми од нас?
Не знам мила во степени затоа што не се оптеретувам да мерам. Преку ден сме со парно на дрва, но не е претопло онака баш таман. За спиење немаме греење, но не е поладно од19/ 20 степени. Капа не ставам воопшто. А вреќичката е како јорганче, но не толку полнето. Имам и од Стружанка кое е каде каде подебело од ова и ќе го употребувам во зима. Преку ден е облечено во боди по кратки и Тренерчиња. Кога заспива покривам со ќебенце. Инаку сме 3+.
И нашата вреќичка знам дека е од Стружанка со нитни на ракавите. Како што те разбрав тебе, а и сите погоре значи само горе облекувате два пара долги( пр боди и тренерче/блуза) а долу само еден пар, тренерчиња панталони, шпихозни.. така?
Мене ми е малку ова што го кажувате. Кај нас дома температурата е 22-23 степени, јас имам облечено на себе, маичка на прерамки, тенка блуза на долги и дукс, надолу тенки хеланки и тренерки. Е како бебе да го облечам помалку??? Јас веќе цел месец му облекувам боди на долги и блуза на долги и надолу тенки ѕирвирчки, тренерчиња и чорапи. Кога излегуваме му облекувам елек, или откако залади од скоро, зимско палто и уште еден пар чорапи, зашто не сака патичиња. А излегуваме нон-стоп по надвор. За спиење спие со нас на спална, температурата е 18-20 степени и се покриваме со 2 не многу дебели кебиња.
Јас уште не го облакам многу, мене ми е топло а и тој е склетчија. Јас сум на кратки цело време и хеланки. Бебо носи боди на кратки и тренерка горе а доле само тренерки, чорапи и топлинки.
Синко е веќе поголем ( 3 години и 7 месеци ) и за дома го облекувам во поладни денови тенко боди на прерамки ( гаќички секако носи , фрливме пелена ) или маичка на прерамчиња , тенки пижамчиња , тенки тренерчиња и чорапчиња , бидејќи сме само со ламинат носи и папучки или калчинчиња . За надвор ако е постудено му облекувам подебелки тренерчиња и плус зимско јакниче или есенско подебелко , капче ако сам сака му ставам , но обавезно земам со мене . Во лето е само со боди / маичка на прерамки и гаќички бидејќи воопшто не поднесува топло Исто и со малата . Има 1 година и 6 месеци , капче не сака да види но се трудам да и е редовно на глава , обавезно носам со себе , иако веќе изгубивме 3 минатата зима . Во лето во најтоплите денови е само со памперс , инаку премногу плаче , воопшто не сака топло . Дури и во есен ми соблекува чорапчиња пред да заспие
дома кај нас темп. е 23 24 некогаш и 25 преку ден е само по боди и панталончиња и чорапчиња а за спиење 20 степени по боди и пижамки горе и доле и со едно кебенце ја покривам 3 месеци сме
Мислев единствени сме што се облекуваме јас и малата по толку многу на таа температура, ама добро е не сме сами Нема чудење, секој организам си е различен.
Јас на 26 степени спијам по долги пижами и обавезно чорапи и се покривам со дебело ќебе. И бебето си го облекувам повеќе, малку е да го оставам по кратки ракави или само со шпикозни. Така да лолипоп и рабит не сте сами. И јас мислев единствени сме ама ете имало и други како нас.
Мајки,има ли некоја што живее во Карпош 3,Лептокарија (што знае колку е јако парното таму) да ми каже како го облака бебето на 3 месеци за спиење. Треба да го оставам бепчето на спиење кај свекрвата па да им дадам инструкции како да го облечат. Дали боди на кратки,памучни шпикозни,чорапи и покриено со кебенце е доволно? Преку ден е мн топло а навечер го гасат парното од 10 до 6 .