Колку степени е? Нас ноќе ни е 22 има боди на долги шпихозни чорапки и во тенка вреќа. Ја покривам со тенко ќебе. 2+ сме. Да пркне малце ќе тргнам чорапите.
Многу бре тоа ја на 24 вријам. Нека ладат малце некако. Нас за 24 не искараа на педијатар, зошто сме грееле толку, а тоа уште ни парно немаше. Не знам како да те советувам. Боди на кратки шпихозни и кебе еве поискусните нека кажат.
Преку ден се со отворен прозор на кипање,ама навечер се гаси парното. Ајде може некоја членка што живее тој реон ќе сподели
^ Кај нас дома преку ден е 22 степени, бебе облечено со боди на долги, чорапи и тренерки или шпикозни, навечер 20степени плус покриено со ќебе, а облечено исто . . 24темп само за бањање ни е.... многу ми се чини дека загревате :/ јас на 22 на кратки сум а што би на 27
Јас се согласувам со тебе и кај нас е истата температура дома ,јас моето го облекувам исто вака и мислам дека е сосема доволно ,навечер спие облечено исто само без чорапи и покриено со ќебе дебело.
Разбирам, но не го наоблекувај бебето тогаш. Пак ќе речам, секоја мајка за своето бебе најубаво знае. Ама гледај како ти е тебе пријатно така и него...греота е да се прегрева со облека ако е висока темп во совата
Отвори прозор или врата нешто, многу се 27 степени. Ние до 22 грееме преку ден. Освен за бањање некогаш 23-24 и не фаќаат с'клети на сите. За спиење во ладна соба спиеме кај што нема греење воопшто.
Кога одиме на гости преку ден е на боди на тенки,боди на долги и пантолончиња или памучни шпикозни..мислам дека е ок. Е сега за спиење плус покриено со ќебе јас мислам дека е доволно. Преку ден е отворен прозор на кипање цело време.
Нема потреба од две бодиња, едно е доволно. Ако е 27 степени боди на кратки, тенка блузичка и панталонки или тенки шпихозни. Сосема доволно е. Може и само на боди и панталонки.
21 степен е дoмa. Бебетo гo oблекувaм сo чoрaпи бoди нa дoлги, шпихoзни вoлнени чoрaпчињa врз шпихoзните. Зaвиткaнo е вo пaмучнa пеленa (кaкo oние шo ги имa вo кoмплетите зa земaње oд бoлницa) и пoкриенo е сo ќебенце тенкo. И сеуште мислaм декa му е лaдничкo
Преку ден температурата ни е 22/23степени. Бејби носи: боди на долги, чорапчиња и памучни шпикозни или боди на долги, чорапчиња, ѕиврички и памучно елече. Кога спие во количка или релаксатор (бидејќи нанаме и во раце) го покривам со памучна пелена За спиење температурата ни е 18/19 степени. Бејби е исто облечено само покриено е со ќебенце, не многу дебело и јорганче исто не многу дебело (јас исто се покривам па и на него исто му редам ). Преку еден ден се бањаме, па кога е бањато му ставам плус памучно капче
немој два пара чорапи,воопшто не е здраво така.Бебињата јакнат имунитет баш на поладно отколку кога се претоплени.Мојата од бебе спие боса навечер.Еве и две зими по ред боса шета низ дома нонстоп.
Памучни шпикозни јас ги знам како целосни, само долни се веќе ѕиврички @joy1 камен ладни му се ноџињава на моево, ама баш ладни и рачињата ни се ладни ама ноџињава посебно, па без чорапчиња не ми иде да биде, што знам.. Може ете по тоа е на мене, барем нешто, пошто цели сме на тато
Фала за одговорот! Прашав бидејќи секојдневно сум во дилема дали боди на долги или на куси под шпикозните да му облечам, па сакав да знам
I na mojata i se kamen i racei noze.Ko mene ista.Jas pod spikoznite i oblekuvam corapcinja.Pamucni ne volneni
Јас не ни имам купено боди на кратки за сега, имам поголемки што ми се планирани за под плишани/подебели шпикозни, за памучни и овакво време, зима и со таква температура дома сметам дека ладно би му било.. што знам се водам по себе како се облекувам па така го облакам и бебуш Исто памучни облакам, имам и термо купени ама не би толку да тунтам бебе.. Туку се мислам место чорапчиња да натнувам за преку ден топлинки па да видам дали ќе се потстоплат..