Капчиња ставате ли по дома? Ќе ме мрднат дека му е ладно на главчето и дека ќе настине, дека од тоа кива...
Оф леле Секое бебе кива често Јас само после бањање 15тина мин ставам. Последниве 2 пати не ставив Едит. Тие капа носат по дома?
јас до кај 6тиот месец му ставав памучно капче за дома. А за кивањето па и за икањето мислам дека ќе полудев. Ладно му било настинато било.... Аман бе луѓе логика малку. Ни едното ни другото немаат врска со ладно и со настинување
Кива зошто се чисти уште. Капа носи после бањање едно 5-10мин додека цица и додека го успивам. Му ја вадам кога го легнувам во креветче. И кога шетаме на отворено му ставам. Ама не секогаш. Ако е убаво, сончево и не дува ја тргам, малку сонце да го фати. И мене многу ме замараа со капи и слични глупости.
Капче ставам последниве неколку недели, само после бањање дека малку падна температурата дома. Инаку не сум ставала за дома воопшто.
Мојата ја облекувам во плишени шпикозни, памучно боди на долги ракави и чорапчиња. Насабајле кога не е затоплено доволно дома и после бањање облекувам и ѕиврички (панталончиња тенки под шпикозните) ама истие на наредното менување пелена (за 3 часа) ги соблекуваме. Капче носи 15минти после бања и потоа ја вадиме од глава. Ракавици никогаш не сум ставила ни на ова бебе ни на дадата кога беше бебе. Темературата дома 24 степени, за некој степен пониска е сабјле додека да се загрее убаво дома, а пак повисока кога ја бањаме! Кога спие е покриена со кебенце од подебелките или памучно потенко кебенце... Јорганче не користиме ниту пак вреќичка.
Ставав првите недели чат-пат денски, по бањање и за спиење обавезно ставав, тенки памучни секогаш. Сега веќе никогаш, едвај и за надвор, најчесто минува со капата од дуксер, јакна, полни 3месеци е, се поти многу Пред 10тина дена ми настина, и често киваше и верувај дека ќе распознаеш кивање од болест или од водата што се чисти, јас барем распознав
Капичка не е препорачливо да се става за по дома оти преку главата бебињата ја регулираат телесната температура. Старите тоа не го знаат па само трубат стај му капа та стај му капа.
Нас педијатар ни рече дома нема потреба од капа. Само првиот месец ставав 10мин после бањање ама се склетуваше многу
Претпоставувам ги шеткате бебињава на сончевото време, а секако ќе има уште такви топли денови за шеткање па се мислам како треба да е облечено бебето а да не му студи или да не му е претопло. Јас, мојата без малку двомесечна бебушка ја изнесов на кратка прошеткаод облечена во памучни шпикозни (одоздола боди на долги и чорапчиња), скафандер од оние како мече што се крзнени и ќебенце средно дебелко (ама објаснив) Дали е доволно облечено?
Јас на поладно помаллу ја облекував.. тренерчиња, јакна и ќебенце. Ако е ви раце без ќебето. Хулахопки не, само чорапи. Се водам по мене. Како сум облечена јас, така и она
Јас па си велам малку е мојата облечена . Се мислев шушкавиот скафандер да и го облечам да не пропушта ветер, ама малце ме подзамисли ти сега , изгледа претерувам! А нели беше така - еден слој повеќе облека од нас? Мене така ми е остането во сеќавање од првото бебе, а можеби и грешам.
Јас на мојава и облеков хулахопки во саботата, кога имаше сонце ама со заби. И плус си носеше фротирски тренерки, подебели. Јакна, капа, кебе. Дете збесна. Низ нос ни излезе шетањето. Не престана да плаче. Се вративме дома, облековме памучни тенки пантолончиња и конечно се смиривме.
Хулахопки им облекувате за дома? Или општо за негде? Инаку за излегување му облекувам боди со долги, тренерки и јакна и папучи и го покривам само на ноџињата со тенко кебенце, или некогаш само го ставам во тие пелените со патент без јакна. За дома боди со долги и тренерки, папучите одма ги соблекува