За кратки кој како сака, моиве на боди по кратки си беа цела зима кога беа мали. А за кондурчиња, зависи од ноџето. 18-19 ти се од 10-11 месеци, некои и на година носат толкаво бројче, зависи од стапалото. А богами и од калапот на чевлите.
@Minnie-e Дали ќе е на кратки или долги зависи и од времето. Пролетта е малку шашава, непердвидливо е времето. Ти планири си да му одговараат големините за мај , јуни, јули, август и септември... Во мај јас на мојата со боди на прерамки и одозгора маичка ја облекував , летото воглавном само на боди на прерамки и чорапчиња беше.
Јас планирам пролетва кога ќе биде над 20c да го облекувам во боди без ракави и плус едно боди по кратки ракави, кога ќе биде 30c веќе само со едно, или кратки или без ракав. Сега дека е под 20c е со едно без ракави и едно со долги одозгора, а за излегување, зависи, ако седиме на сонце само така, ако е под сенка и едно џемперче откопчано или закопчано, зависи од температурата.
Моево здравје треба јули-август да биде, планирам само памперс да му ставам Поевтино и попрактично, здравје
Синко цело лето го помина во вакви: Најпрактично нешто, имавме околу 7-8 пара и само нив ги менувавме, ниту бодиња, ниту маички не ни беа потребни. Беше 6,7,8 месеци.
Мојата се роди 30 јуни и откако се роди до септември беше само по вакво или боди на куси/прерамки. Најпрактични се навистина. И за навечер ја вадев по вакви само покриена со тетра пелена.
Требаше јас @Bebulleee да си ја прашам . @kukla21 јас сум во кратки од пред еден месец, а мм цела година е по кратки, за надвор само јакна одозгора. Читајќи вака се прашувам што му правиме на бебушко. Боди по кратки почнав од скоро да му облекувам, претходно боди по долги и блуза по долги, а температура дома не кажувам . Туку сега ме замисливте, блузичкиве по долги секако ќе ги искористам, така? Бебе ќе прави 3м за неколку дена а блузичките уште му се големки, 68 се. Ама па пролет има и свежи денови, навечер...?
Зависи од бебе до бебе, имам 18ка патичиња синко ги носеше кога беше 7-8 месеци Чичко Гулг се знае A девојкава има 5м и 16ка и се големи... вчера и купив, а не ја носев со мене, 16ка... толку мали ми изгледаа, викам овие и мали да не и се... доаѓам дома и клапаат Approximate Age Age EU UK 0-3 month 16 3-6 month 17 6-9 month 18 9-12 month 19
Сега гледам на старките од конверс пишува 17ка 0-3 а 18 3-6. Он уште си ги носи 17ка ама различен бренд, различен калап. Ми се свиѓаат едни од ХМ и мислев 18ка да земам (најмали им се) ама не знам калапот каков им е.
Ниту еднаш не му облеков две со долги едно врз друго, мене ми се чини ќе пукне од склет детето, башка зимава не беше воопшто ладна, ама сепак зависи како ви е температура дома, ние дома сме по кратки, па него две со долги ми е жал да му облечам, а за спиење видов дека неколку пати се испоти и воопшто маица одоздола не му облекувам, само пиџмчињата и јорганчето, толку, има и едни без стапалца и така со боси ноџиња без чорапчиња си спие, може јас грешам, не знам. Иначе блузите ќе ги износи, има поладни денови во април и мај, па и јуни.
Кој живее под Пелистерот знае како ги облекува децата. Тука сме во такво место што летно време е најжешко а зимно најладно. Сепак сите си знаеме децата како дс ги облечеме. Ако нешто им смета сами ќе кажат
И јас така го шетав моето памперс и едвај некогаш боди ама дете си плачеше се и сега сфаќам дека е плачело пд што му е било ладно не е билп грчеви 24/7.
Ако мајка. Јас нордиски воспитувам деца, на ладно ги учам Ќерка во декември е родена, ја облекував како некои што ги облекуваат децата во јуни
Моето е родено баш во најголемата вруќина на сред лето од болница до дома што дојдовме се препоти три пати и го преслекував во колата. Ама сепак секој си знае како е и што њ еве друго кога ќе имам нена да ја правам оваа иста грешка.
не паметам хулахопки да сум облакала на бебе некогаш.Боса и откриена спие цело зимо,боса оди и преку ден дома преку зимо.И до ден денес остана саклетчика.Хулахопки да не види ,ако и облечам на фустанче почнува да се чеша и да плаче