Како сликата што ја постирав во мода за клинци. Боди на куси, танко блузиче, фармерско фустанче и холсхопчиња. Носев и танко мантилче ама и го извадив. Денес е по хеланчиња, боди на кратки, блузиче танко.
Тренерки чорапи и маица на прерамки (онаква ко мажите шо носат) . Му имав фрлено едно ептен тенко ќебенце од џамбо ама сакаше цело вуста да го пикни и и го фатив.
Моево бебе е 6+ и денски кога е топло како вчера/денес ја облекувам по боди на кратки ракави, тенка блуза и хеланки или тенки панталони. Палто не и ставам ако нема ветер, а ако има елек или ако е доцна попладне џемпер дебел.
Во најтоплото, чорапи, патики, фармерки, боди на кимоно и блуза на кратки, шешир на главата за заштита(ако дува ветер или под сенка е посвежо ставам памучна капа и тексас кошула му облекувам плус - бебе 8 месеци ова, а за сосема вечер и елече и доста му е )
Претопло е, ако е на сонце директно соблечи му го блузичето - по тебе води се најубаво Ја дури и патиките му ги соблекувам од време на време, утоп чорапчињата испотени, значи топло му е.
И јас ја облекувам така и ми се чини дека е жешко, ама не ми се соблекува по кратки ракави уште сега .
И ние Додуша чорапчињата сам ги соблече... кога го видов испотен а само по тенко боди на кратки и тенко блузиче Седевме со друштво , на едната бебче од 2 мес сирото во хулахопки и дебело ќебе под него и врз него Уште ми е жал за него... ја подбрав, ама моево ќе се разболело нејзиното не
Вака кога ќе видам се запрашувам дали јас не го облакам синко соодветно. Жал ми паѓа за бебињата. Мали биле . Ако се мали не значи дека треба да ги сварат. Ние денес исто шетавме, боди без ракави, тенко блузиче и тенки тренерчиња, шеширче памучно,чорапчиња и патики (за мода, не заради ладно). Во кола кога ги соблековме патичињата што да видам, мокри ноџиња. Затоа до дома бос се возеше
Од вчера синко е со тенко боди на прерамки, тенко блузиче на кратки и долни тренерчиња или панталончиња и патики. Спие само по пелена и тенки пижами. Морав да пишам т.е. да кажам и ако некоја се пронајде ( ако е таа таа ) се воздржав да не и искоментирам лично во лице во моментот. Во петокот беше исто така топло некој 19/20°С знам зашто баш гледав на моб пред да излезам. Требаше до Капитол да идам. Синко беше во боди ма прерамки и тенок дукс и доле тенки памталончиња. Јас бев со кратки ракави ( на апликацијата за време пишуваше мислаж 19°С а дека се осеќа како 23°С ) мавистина беше многу топло околу 14ч беше знам. Требаше да влезам и до Рамстор. Кога влагаме во Капитол ( оние кој идат знаат дека е топло ) и зимото одма кога влагавме го расоблакав за да не се препоти а да го пресече кога ќе излеземе. И влагам во Рамстор и кога што да видам....кој како помине фрла поглед кон жената и малото во количка и се сецка секој да не и префрли. Луѓеее малата околу 9мес до 1г дали имаше. Со виткано косиче кое се гледаше дка е мокро од препотеност, беше во скафандер кој на капуљачата имаше крзно и и беше стаено на глава. Наѕираше дебелото ќебе под покривката од количката (оној долниот дел што им го ставаме на -20°С ). А мајката во кратки ракави и и дава шише млеко да пие. Малово црвено во образи којзнае колку топло му беше. Тоа не е и неможе да е нормално. На -20°С со што ја облакала незнам кога на 20°С беше вака облечено и башка внатре у Рамстор. Морав да се олеснам да пишам овде за ако таа мајка прочита да и кажам дека така имунитет на дете не се праи и утре на најслабо ветерче ќе трчаат по болници. И би ја замолила она така да се облече исто, покрие и да пие млеко....
Ние од вечра почнавме со боди на прерамки и мајчка да носи по дома а надвор кога оди со дуксер тенок плус. А од доле фармерки/тренерки, за чорапи мака мачиме се си е бос дома а надвор чорапчиња и патичиња. Плус без капа не излегува надвор не сака без неа да шета,навика.