Изгледа јас не сум баш со сите Бебе, боди на долги и шпихозни Дете, маичка на прерамки, хулахопки, фустан со долги ракави и тексас јакна. Мада и јас сум со блуза по долги + дуксер. Уште ми студи
За ноќеска исто во боди без ракави ви спијат + пижами? На мојава боди со долги + тенки пижами облекувам за спиење. Не знам дали без ракави боди да и облечам оти малце е поладничко ноќеска, а пред 2,3 недели ем боди на долги ем подебели пижами носеше и пак целите раце и беа мраз и помодрени дури
^ За спиење кратко боди носи веќе некое време тенки памучни пижами ни се стандард. Само бебе кога беше ептен мало имав земено плишани шпихозни и од тогаш не носела.
Се зависи од температурата. Кај нас е топло , и јас цела зима облекувам боди по прерамки, памучни пижами а од пред некое време спие вез чорапи,покриено со кебе,и се отскрива цело време. Ние сме на парно,ама го исклучуваат кога е топло,како вчера на пример.
Не сум мерила температура. Јас уште само со јорган се покривам и она со тенко јорганче. Ќе ја оставам вечер на кимони па ќе видам дали ќе и е таман
Јас уште боди по долги за спиење и облекувам. Некако ми е жал да не смрзне. Рамената и градите не и се покриени откако е родена. До под мишки се покриваме.
Јас никако да сватам ,свекрва ми вика прво се облака бенкица овие на преклоп па одозгора боди па панталончуња(ѕиври) со чорапи што се ... мене ми е пологично одоздола боди па бенкица на преклоп и ѕиврите ... Ај совет
Eh, eh, dobra e svekrva ti. Jas nemam iskustvo so benkici bidejki mi se mnogu neprakticni, ama nornalno prvo bodi, pa posle ozgora benkica i zivri.
Бебе од болница го извадив со шпикозни на прерамки, па дека ноември само боди одоздола малку ми идеше, па зедов и бенкичка. Таму ми го облекоа и првин идеше бенкица, па боди, ѕиври и халахопки не носеше, само чорапчиња. На контрола во истата болница сестра ми го облакаше, претходно јас го соблеков, а она не ни виде како е облечен, исто го облече бенкица, па боди. Е сега моите бенкички беа тенки и идеа како уз тело на бебе, па врз било кое боди не би ги собрало, а знаеме најголемо бројче на бенкички е 56ка, барем јас поголемо не сретнав. И во оние комплети што има куп ствари кога има и бенкичка таа е речиси секогаш бела и помала од бодито. Па по логика таа иде прва.
Бенкиците биле користени повеќе порано, кога им ставале широк повој, наместо боди, оти бенкицата се зафаќала со пелените од повојот. Затоа им биле практични. А сега најпрактични за новороденче се боди бенкици, значи бодиња кои се отвораат како бенкици, а не се облекуваат преку глава, ова за првите месец-два, додека да се испраксирате во облекувањето. Бенкици имав еден куп, ама не им ги облеков воопшто.
Ова ми беше совет од тебе кога се спремав за првата ќерка. Изнакупив бодиња на раскопчување и ми беа ептен практични. За втората ќерка исто си докупив бодиња на раскопчување и си ги користиме максимално. Само тешко се наоѓаат такви боденца и се најчесто мали бројчиња. Јас земав нешто од Тритекс и од Лидл ми донесоа исто квалитетни. Бенкици и јас не сум користела.
Мојот за спиење никогаш не косел боди по долги па пижама се знае боди со куси или кимоно па пижамки најчесто текнки ретко подебели пижами.
Па до кај три месеци се користат, после е веќе полесно боди преку глава да му облекуваш. Затоа има само мали броеви. Е сега ако детето е поголемо, побрзо ќе ги надрасне, ама секако ти требаат додека се испраксираш за облекувањето. Башка после втор трет месец се поцврсти, пожилави, полесно се облекуваат.