Ние веќе се разголуваме полека , од вчера на куси ракави и маиче одоздоле доле памучни хеланчиња , 11+ сме ептен е склетчика а кога ќе видам поголемки од неа со дебели блузи на долги а они се разголиле се ежам , греота за малите
Боди на прерамки, танка блузичка со долго ракавче,тренерчиња долу и стандард боси нозе дома За надвор патичиња
Луѓе совет дајте што да го облакам прцлево на собна температура од 26 степена преку ден, навечер 24? Обично го облекувам со боди по долги, шпихозни и чорапчиња, преку ден откриен или со тетра покриен, а навечер потенко кебенце ама беше собна 24 преку ден, 22 навечер и си одржава температура секогаш 36.5-36.7 Денес потопло и спарно па само по боди и панталончиња со ногавки, дали е доволно, 2500-2600 грама сме, и на топлово на вратче и лице вруќици му се направија и има 36.8-37т. Се ми е страв да не го разболам. Не бива и преоблечено, па ни преголо.
Многу е мајка наоблечено на таа тт дома што ви е па и на топлово време. Бебе не е убаво да е пренаоблечено зашто ја задржува тт и неможе да ја контролира и само полошо ќе направиш може да крене тт. Како си ти облечена така и бебе. Нема везе дали е 2.600гр или 4кг. Расоблечи го сепак ви е претопло дома за да е со боди на долги и чорапи. Верувам и вие дома не сте на долги ракави. Затоа и се вцрвенува и врукиците се појавуваат. Па и по цело тело може да се направи со врукици ако се презагрее телото и се спури. Ќе биде и покенкаво, ќе плаче, нема да спие мирно итн. Денски нека е по кратки и доле тенки панталончиња/тренерчиња и без чорапчиња. Навечер исто со кратки ракавчиња нека биде и долна пижама, сепак верувам со широко отворен прозор не спиете и ако ти е на мисла и чорапчиња за спиење нека има. Ако тебе ти е склет верувај и на него му е. Па кај и да е кога ќе е надвор над 30° С тогаш само со боди на ракави ќе го облакаш и без панталончиња и чорапи.
Исто како што си ти облечена така и бебе и со колку што ти се покриваш со толку и бебе. Убаво ти објасна софи до малечкото сонце.
Да ама јас сум изрод, и сред лето со чорапи шетам, и со ќебе се покривам, ако имам 100кила Неам осет за тие работи. Со боденце, и пантолончиња го облеков, и си викам у главата ама вратчето поголо, ама нитни ѕирка голо, ај да го покријам со тетра, а мм се поти у детска, свекрва вика стај газичка кај вратчето.. јас цела збунка. А бебево во инкубаторот дур ми беше ако качеше до 37т, докторите му спуштаа температура на инкубатор и го вадев да се олади само по пелени а имаше 1400 гр. И тој си знае што е жешко.
Добро ти е облечено сега, не му ставам на газа ни тетра кога е будно. Ако заспие со кебенце потенко ќе го покриеш. Многу ви е топло дома.
Премногу облечено мајка. Боди по кратки и за дење и ноќе, долг ракав заборави. Чорапи исто не. Тенки панталони по кратки и покривај само со тетра, кебе не. Деца сакаат повеќе ладно и поубаво ке ти спие.
@DuchessAnn мајче а јас со блиц прашање, топлите по дома?? Многу бре тоа 26 дење, 24ри ноќе, арно склет не ве фаќа, вие како си сакате ама на бебо му е топло верувај
Не какво топлење на времево, спрат од куќа, изолација лоша, пука сонце, преку ден во кујна и дневна, попладне детска и спална.. морав (прв пат сезонава) пред еден саат и клима да упалам, од дневна барем малку накај детска да оди, да спадне бар за степен, два.. се качи до 27..бебе само по боди по кратки беше и чорапчиња. Маж ми среќен кога дојде од работа клима у дневна му лади, хахаха... Рано сезона сум отворила.. хаха
Емкаемка и кај мене е толку. Стан гледа на јужна страна. Не пече сонце од 12 напладне па се до заоѓање. Кај моите во куќа е друга песна. Дури свежо е . По цел ден сме голи.
Аха добро ко така, мене уште толку не ми е топло по дома па си реков зарем грејат за бебо лади чим така и јас планирам така да се ладиме кога ќе ни згусне
И кај нас е многу топло. Зимоска навечер качуваше и до 27, полудував. Радијатор во спална нонстоп исклучен ама џабе. Сега од сабајле до вечер го преоблекувам по сто пати, на моменти со боди и долги, на моменти само боди на прерамки. Клима кај нас одамна се уклучува. И после носот затнат, не спие мирно. Купивме навлажнувач, купивме и прочистувач, де врата отварам, де прозор. Дете покривам, откривам... и така секоја вечер. А се поти нонстоп. Ако знаете чаре кажувајте. (освен гости кај мама и свекрва).
Месец и половина е мали го облакам со боди по кратки од 10:00 часот до 18:00 часот ,а потоа по долги ама тенки .
Боди на долги нагоре само и тенки пижами надоле. Се мислам во кратки да ја облечам нагоре ама цела ноќ вратата од терасата ни е отворена и ладничко влегува. Со тенко чаршавче ја покривам ама го трга. Чорапи ни зимото не носеше а не па сега.