1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го облекувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од sweet.woman, 18 октомври 2011.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Мојата е родена на сред зима, во февруари, и остатокот од зимата го поминавме во максимум 22-23 степени во соба (за преку ден) и 20-21 степен во спална.
    Преку ден секогаш беше облечена во шпихозни, со само боди одоздола, а спиеше во целосни пижамчиња и боса.
    Не сум ја покривала со јорганчиња (освен 2 пати дали, инцидентно, и не престана дете да плачи), туку од раѓање ја ставив во вреќичка (е тука може да играте со дебелината на вреќата и облеката што ќе ја носи под неа) и мирна сум цела ноќ, оти знам дека колку и да мрда - нема да се отскрива, а и е и` стане навика за кога ќе потпорасне, да не ја одбива :)

    Мој најтопол совет ви е од старт да ги ставите во вреќичка, спас е за сите!

    И за жешко, и за ладно, треба да ги проверувате САМО на грбчето или стомачето. Рацете и стапалата се надворешни екстремитети кои служат за ладење на телото (затоа нели и се ставаат облогите од оцет/алкохол на нив за намалување на Т) и не се репер за тоа дали на бебето му е ладно или топло....
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски

    и јас стално му клавам вреќе бидеји се отцкрива многу и така сум рает дали се отцкрил или не, и да е отцркриен знам дека не му е ладно
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.365
    Пол:
    Женски
    Од раѓање си спие во врекиче , него и купив кебенце и решив да ја облечам во пижамки и да ја покријам со кебенце ... оно склетчика е не трпи ни капи , ни кебе ...
    и цело време го трга , се открива и пак си се вративме во врекиче .Мирна глава 8)
     
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    А вреќичките какви ви се? Збориме за оние класични вреќи како во наше време, како јорган со патент на средина, или оние памучните што се облекуваат горе како елече а надоле продолжуваат со вреќичка?
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас имам 2 и таква со патент со раце и нозе и имам една како ќебе се прај и таа е со патент ама нема посебно за раце и нозе
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Зимската и` е ваква, од H&M, 17 евра:

    [​IMG]

    Летната, пролетната и есенската слична, само од мноооогу тенок фротир.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.365
    Пол:
    Женски
    [​IMG] еве ја нашата врекичка
    одоздоле има само боди и чорапчиња , а нагоре првиот дел од врекичето и другиот дел исто . Стоплена е сигурно
    А температурата во собата гледам да е до 19степени
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас најтопло ви ги препорачувам вреќичките на Mother Care кои изгледаат како шпилхозни.Јас син ми до пред 2 години зимно време само во такви го облекував и раат ми беше навечер,зошто слободен да се врти и превртува ,а не може да се открие. Сите тие вреќички сега и ги облекувам и на ќеркичката.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Да, на вакви и јас помислив, бидејќи многу слични гледав по продавници, ќе земам обавезно една подебелка за почеток.
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас имам зимска вреќа за спиење со ракави, налик на оваа..

    [​IMG]

    Уште не сум почнала да ја користам од страв да не и е топло и само ја покривам, мада често се открива и морам многу да пазам. Можда време е да почнам со вреќава, и онака просторијата за спиење навечер не е затоплена.
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ако сте во можност да нарачате од нет (или некој друг наместо вас), повелете инфо за вреќички, ептен ефтинки и убави
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    феминки син ми денес се имаше нафрено го однесов на советувалиште ми рекоја дека е од многу облечен. бевме излезени и беше облечен со две бодиња тренерциња хулахопциња му го имав и стевено и зимскиот дел од количката и си идиме дома го слеквам и гледам цел со флеки :( :( :(
     
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Те читам неколку пати и секогаш пишуваш дека му облекуваш две боди маички-Зошто?
    Една е доволна. Времево е навистина променливо но треба да се прилагодуваме на него.
    Имаше и овде некоја од нас напишано полошо е кога детето е претоплено отколку преладено.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    И мене Божица ме плашеа од преладување и паничеа да го облекувам, ама јас само по боди, патолчиња, евентуално хулахопчиња и чорапчиња.Е кога не беше парното знаев тренерче или раскопчано елече да му ставам, ама подобро сакам во поладно да се учи отколку во мн топло. Греотка е да се претрупуваат со облеки.Водете се по главчето т.е мешето или грбот ако му се топли нема потреба од додатни слоеви облека.
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски

    па ми имат кажано како што се облекува мајката така и бебето да го облекува. јас од стално а се залади времето клавам мајца долна па зато и него му клавам демек едното е како долна мајца и уште едно блузе одозгора
    е денес можи стварно ми беше од поќе облечен топло беше надвор :( :(
     
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    мене само со едно боди ми е малку
    и колку да е топло надвор па и дома ноември сме......
    ова време е најубо за настинвање :( :(
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Јас вчера го извадив накај 17 ч. за околу половина час, беше облечено со маичка, боди на долги ракави, ѕиврици тенки, шпилхозни и тенко скафандерче и мислам дека му беше комфортно. А денес накај 12 ч. во кола исто, само без скафандер се разбира и малце се испоти, ама за кратко го вратив дома.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски

    Ако повеќе го облекуваш, поголеми се шансите да ти настине - ќе испоти, па тоа ќе се исуши на него и ќе се прелади детето. Едно боди со долги ракавчиња и послаба маичка, долу со тренерки и чорапи е доволна за по дома, надвор јакничка соодветно за условите. Ете прееска го шетав син ми, исто вака го имав облечено, само горе наместо јакна, носеше тренерка и сосема е доволно тоа.

    Така јас минатата недела го облеков детето малку повеќе за на гости, немав поим дека греат (кај моите уште не се грееше оти беше навистина топло), детево се испоти таму, џабе што го пресоблеков, кога го извадив надвор, ветер го фати и толку е, настина. Затоа не го преоблекувај, челичи го малку. Велат еден слој повеќе од мајката, ама јас не се раководам по тоа, оти сум многу зиморлива, и многу се облекувам, кај ќе му беше крајот ако го облекував еден слој помалку од мене. Ете, и самото дете ти покажа (со осипот) дека премногу алишта ставаш, колку и да е ладно надвор, не е во минус температурата.
     
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    тој за облешен не беше многу тренерчиња и две бодиња ама мн дуваше па и го полрив а на количката беше ставен зимскиот дек зато можи се нафрла , а облека немаше многу
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Jас му облекувам боди по кратки ракави, ѕиври или пижамчиња, чорапчиња, блузичка по долку ракави и тренерчиња/ панталончиња или шприкозни. Дома грееме.
    Ако излегуваме му облекувам и горна тренерка или дуксерче обавезно со капуљача, нема коса па да не му студи. :)