исто ја облеков и јас. а се мислам дали ќе и биде таман на боди на прерамки и пижамки на кратки ракавчиња, надолу на долги. Ич не знам како и е таман. Сабајле накај 5 - 6 саатот станува студено а беба сака рачињата да не се покриени. Значи на кратки би и студело. А кашла, затната е... да не ја разболам уште повеќе. Дење е на боди со кратки и надолу кратки панталонки памучни.
Според мене полошо е да испоти и да седи испотена. Мојата многу поти. Спиеме со отворена врата ама внатрешна, балконската ни е затворена.
Штом кашла и е затната нека ја на долги, мој совет. Како што пиша сабајле е ладно па да не се затне уште толку.
Многу ја облекуваш за спиење. Топло е времето. Мојата на боди на кратки само спие без долни пижами доле. Ја облекував по долни доле, ама многу се потеше. Полошо е да се поти. Ова е сепак мое мислење.
Дома не ни е топло ноќеска, цела ноќ е отворена вратата во дневната кон терасата, влегува ладен воздух. А и секако овде е посвежо оти покрај река сме.
Епа добро тогаш. Кај нас е многу спарно. Кога пие млеко пред спиење се поти и вака, а не пак и доле пижами. Ама штом е посвежо кај вас, ок тогаш.
Со прозор на кипање споеме навечер веќе со недели. До пред 1дна недела спиеше со кратки ракави и тенки долни пижами и без чорапи, покриен со тенко ќебенце. Од пред 1дна недела веќе спие со мајчка на прерамки, боксерици ( над пелената ), без чорапи и покриен со тенко чаршавче. И со прозор на кипање спиеме. Пак се дешава да се препотува, ептен склетџија ми е детево. Па ноќе му мењам мајчка само полека дур спие за да не го расонам. Ама кај и да е како тргнало топлово,ќе почне само по пелена да спие. Лани веќе од средина јуни ( 2-3мес имаше ) само по пелена спиеше. Многу е топло за со боди на долги да ги облакате бебињата за спиење ( читам и слушам од пријателки дека така им спијат навечер ). Без разлика на подотворен прозор сепак е топло. Па кога е за 10°С поладно ваљда со јакна не ќе спијат. Поарно спијат кога се порасоблечени и поарно е за имуниот систем/организам. Сигурно со долги ракави и долги долни пижами не спиете ни вие. Како вие сте облечени така и бебе/дете. И вие во сред ноќ да си ги пипнете рацете и нкзете ќе видите дека ви се ладни. Нормално е телото се лади, не движите и послаба е циркулацијата.
Баш така. Јас се водам по себе, спијам по кратки горни и долни пижами и некако ми е нонсенс да го облекувам детето по долги да ми спие. Едит: Една членка спомна бебето и било затнато и дали со долги да спиело. Без разлика што е затнато, не треба да се облекува многу. И ние кога сме затнати летно време по кратки сме, не облекуваме јакни.
Јас спијам. И не е исто прозор на кипање и врата отворена скроз. Исто е многу битно и местото на живеење. Овде ноќеска е ладно, а пример кај мајка ми е пекол и со отворен цел прозор. Пред некој ден со маж ми испомрзнавме сабајлето. Еве и сега стапалата и нозете ми се откриени па почна грло да ме боли и нос ми се затна
Од пред неколку дена и он спие разголен,а јас само по спаваќа на прерамки кратка ( над колена ) па пак ми е склет навечер. Он,па како цица навечер така во моментот е како со кофа вода полиен. Па и да не цица сепак коса и грб секогаш мокри, па го оресоблакам минимум 2 пати навечер. Иначе заедно спиеме со малиов па додатно си се топлиме Неможам да замислам да е во долги па ни ја не би спиела така. Колку порасоблечено толку подобро за здравјето. А, не утре и на најмал ветер дете ќе се разболува.
Po bodi na kratki ili bez rakavi zavisi. Otkriena. Ja pokrivam so tetra ama vo rok od 5 sekundi se otkriva vo son. Totalna sprotivnost od brat i
Колку степена е ноќе кај вас? Не се мислам на дома туку на надворешна тт. Да ти пратам слики да видиш како спиеме. Прозор на кипање, врата од спалната ни е отворена, отворена врата од вц зашто прозорот од вц е отворен ( одма до спална е вц па за да струи воздух ) , вратата од ходникот отворена ( ходник накај дневната ) и балконска врата ширум отворена. Е сеа замисли колку е тт дома кај нас во спална. Свежо е да, ама спиеме како што пишав погоре. Вака и лани спиевме од јуни до есен ( малиот беше над 2+ мес ). Не е убаво да се навикне дете на топлина и многу облакање. Ова го кажувам од искуство на блиски. На најмал ветер па и пониски тт деца секогаш болни беа. Секогаш наоблечени мислиш на Сибир сме. Еве до пред некој ден ако ти се верува надвор деца денски некој шетаа со долги ракави и панталончиња. Но, океј сепак секој си знае за свое дете што е најдобро. Но, ако е зимурлија родителот тогаш ќе се раководи по партнерот во врска со облакање на дете. Сестра ми е зимурлија. Па она да се прашува внукми и во јули ќе е со чорапи и облечен како за октомври. Она спие како тебе еве и сеа, со пижами по долги и чорапи. За мене е несвоиствено ама јас сум па склетџика, а еве и синко на мене е склетџија. Едит: да во право си...многу е битно и местото на живеење. Станов гледа накај југ. Пеколно е топло преку ден па и ноќе. Клима не пуштам зашто е цел ден скоро доле и ќе го пресече. Башка лупа по балконска врата за да седи на балкон сака. Па топло/ладно не иде. Ама здравје кога че пукне ептен топло ќе мора климата да се пушта нема излез.Така да кај нас дома е мн топло.
Многу зависи и изолација на станот, ориентација.. кај мајка ми е пекол! Кај нас цело лето е топ, не треба ни клима да се пушта. Со мајка ми сме 10 мин пешки одалечени. Ама ете. Башка ние сме опколени со дрва и водно е поблиску. Бебе е во шпихозни уште и не ми се поти. Мислев куси пижами да и облечам, ама викам чим не сум почнала јас и на бебе му е таман. Преку ден сме по куси и двете
Мојава преку ден е на куси , горе доле , без долна маичка , ноќе спиеше боди на кратки и тенки пижамчиња , еве ја две вечери спие во исцело пижами на куси , 80% откриена си е и ножињата топли , рачиња се , да многу значи самиот дом , поставеност изолациа , нејзината соба ја печe сонце , низ дома е до 23/24 ми крева веќе и почнаме клима по малце да регулирам до 21 оти не поднесува никој од нас топло , посебно она голема склетчика е . Јас се водам по мене како јас , така и она си е .. Научени сме вака од прва ден , немало проблеми ..
Не може д правите споредби. Многу фактори се битни. Како и самото дете. Некои се саклетчии , некои заморливи.
Под 20 е,не знам точно. Покрај река сме и е посвежо за разлика од градот особено ноќеска. Преку ден ни е топло, малата цел ден само боди на кратки носеше, кога залади ѝ облеков долен дел. Ама цел ден е на ламинат и ладни и се нозете. Навечер кога ќе залади отвараме прозори и врати да се лади. Кога ја допрам ноќеска не е ни топла ни влажна. Преку ден се поти додека цица. Уште малку да се зголеми температурата и ќе ја расоблечам за спиење ноќеска
Почна пеколот кај нас. Цела ноќ само на боди на кратки спиеше покриена на нозете со една тетра, вратата отворена скроз, прозорот на кипање и пак се потеше.. И преку ден е на боди само, ама цел ден на подот е, ладно е таму.
Исто и мојот. Само боди на куси и тетра ама нон стоп е откриен. Ќе го покријам сеќава и одма го бутка.. Јас па никогаш не сум спиела откриена и мисла ми е. Ти што правиш кога се открива? Само кај мене изгледа бебево е помалку облечено од мене ама с'кледџија е како татко му.
Prestana da se otkriva od koga pocna da spie na stomak.inaku ja ostavav otkriena t.e ja pokrivav na sekoe budenje ama sekundarno se otkrivase Fala bogu ne nastina