По шпикозни на прерамки спие мојов и откриен, ако го покриеш ќе се разбуди, прозор отворен и врата подотворена. Вечер ако биде исто планот ми е во соседната соба клима па да влегува ладен воздух кај нас, инаку не се диши!
Во фаза пред пораѓај сум, па од сеа мислам како би го облакала бебуш. Дали според вас е ок одма да го облакам по кратки? Стварно е топло дома, ама бебињата нели немаат терморегулација. Тоа ме мачи деновиве, дали кога ќе го извадам од болница е во ред да му облечам бенкицс по долги а од доле боди со кратки, па дали треба и да се покрива, пошо стварно е претопло..искуства со летни бебиња?
Дува ветер, надвор засвежи, ама внатре е спарно, дури се излади ќе помине ноќта, со клима во друга соба сме
Исто и кај нас е пекол затоа се зачудив. Ми даде идеја, таман си помислив дека таквите шпикозни ќе ми бидат неискористени
И јас имам уште најмногу 2 недели до породување. Кај нас во Кавадарци дење е 40 и кусур степени, навечер се симнува до кај 24-5. И јас се мислев да не му биде ладно на кратки, па и стариве не можам да ги поднесам со бабини деветини за топло-ладно. Мој совет, како ќе се чувствуваш ти така прави. Убаво ти пишале погоре, подобро да е на кратки отколку да се вари. Ај на жешково обчечи пелена и долги. Остај кожата на дете да му дише. Какви долги во јули...
Мамички како ги облекувате бебињата во овие горештини. Ние 40 дена правиме денес и некако на кратко боди ми е како малце облечено, а па на долги мислам дека му е жешко.
Не му е малку не се секирај. Од прв ден дома беше само на боди на кратки. Кога спиеше го покривав само со една тетра.
И мојата е толкава, лом е по лицето од вруќици! Се раководам по тоа, така што преку ден е на прерамки (боди или ромпер што го вика Дафи) а навечер спие во боси со кратки. Покриена само со памучно чаршавче.
Кога е топло со ептен тенко боди на прерамчиња , а вака кога е ладнечко со боди на кратки ракавки и тенки панталонки .
Мојава е по тенки шпикозни на долги, ја соблекувам на боди за доење и ми кива. А ја покривам со тетра. Не сакам да ја тунтам ама во собава правиме по 23 степени па мислам дека не е и жешко јас со чорапи сум.