Јас затоа со тетрата само половината и ја покривам. Некогаш си ја трга, а некогаш не и кога се врти цела тетра е замотана околу неа
Бебињата уживаат во свежичко. Веруј дека ти се буди од с'клет. Не вари дете изнаоблечено и покриено. Остај да се лади и да си спие. Без разлика дали ти спиеш со чорапи или не.
Јас сум многу зиморлива, ама со чорапи нема шанси да спијам, ќе полудам. Сигурно и бебето така се осеќа, и тоа го покажува со честото будење и немирно спиење.
јас навечер го облакам бебебсо боди по долги и чорапчиња и со тетра го покривам ама ја трга. топло е во соба, ама што знам бебе е, нема уште терморегулација.Башка и после бањање си викам ај да не го разголувам толку. А и ми кива целоо време откако сме вратени, бар еднаш во денот ќе кивне
Чорапи вади, не му требаат чорапи на бебе и горе по кратки облечи го или барем долгите да се од најтенките бодиња или со дупчиња, но чим се открива и цели ноџиња да не му се голички облекувај шпикозни на кратки горе/доле. Бебе повеќе поднесува ладно, отколку топло. И кива од што се чисти од плодовата вода, не од настинка или ладно, моето киваше баш често.
Само по боди е, дење ноќе. Боди по кратки. Навечер со отворена тераса од спална спиеме, таман е во собата. Подобро спие кога е посвежо, прво се притресував, ама веќе не. Со едно тенко ќебенце (малтене ко пеленка) ја покривам, ама се отскрива нонстоп. Ја покривам додека да легнам, после ја оставам и си спие. Ко ќе се разбудам преку ноќ ја припокривам, ама не бдеам да видам дали е отскриена. Додека беше посвежо и врнеше спиеше по шпихозни по кратки, а сега само по боди.
Мислам дека е многу топло за долги ракави. Ако е бебе си има терморегулација. И моите се во лето родени и од старт на кратки ракави спиеа. И јас кога дојдовме од болница го ставив на долги од страв , а уствари повеке така ке го разболиш. Мм ми викаше пробај една вечер на горештиниве ти да спиеш по долги ракави , па ке сфатиш како му е на бебето. И ај ке го ставам на кратки да спие, кога тоа немам малецки бодиња на кратки паметната јас све што купи за бебето за почеток, се со долги ракави.
Мајки како ги облекувате бебињата за дома? Кај мене е уклучена клима 24 часа 26степени во дневна ( тука е климата) и 28 во спална каде бебињата седат . Ми седат по боди. Евентуално во дневна кога се им ставам чорапчиња. За спиење клоцаат се и затоа сакам да им земам вреќички. Муабетот ми е дека сум приметила дека кога се пооблечени и покриени поубаво спијат а нагласено ми е од педијатар на ладно да ги држиме.
Мојата е цел ден во боди без ракави, за навечер во боди со кратки ракави и чорапчиња ѝ облекувам само за спиење. И кај нас е климата пуштена цел ден на 25-26 степени. Преку ден кога спие ја покривам со тетра пелена, а навечер со памучно ќебенце бидејќи спиеме со отворена балконска врата.
Ние и со клима спиеме , па мене ми задтудува по некое време се чудам како им е на нив, да не е заттоа да не спијат повеќе.
Често ти се будат? Тука можеби е фактор што се мали. Мојава е два и пол месеци и исто се открива, цела ноќ ја покривам зашто и мене ми достудува, сепак свежо станува после 3 ноќе. Но и јас приметувам кога сум ја покривала со подебело ќебенце, се успивала повеќе. Но преку ден е обратно, многу ѝ е топло, па ако спие во собата каде што нема клима знам и да не ја покријам. Да пробаш навечер откако ќе заспијат после саат време да ги покриеш со нешто малку подебело? Па ќе видиш разлика.
Јас ја облакам по пижамчиња тенки но по долги и ја мотам со пелена да не ми се штрека .. а инаку топло ни е во спална и тоа доста.. страв ми е клима да уклучам
премногу ја облекуваш! пижами на долги па и плус пелена... не се поти? А и тоа со пелената ми е непотребно ама ај ти си знаеш. Но вака наоблечена како што кажуваш 100% и е жешко. Мојата на боди без ракави спие а надолу пижамки до надколена. не ја покривам.
Па ја виткам во пелена бидејки ми се плаши во сон се штрека инаку 12 дена сме и страв ми е уште да ја соблечам по кратко...
Правилно правиш што ја виткаш со пелената само гледај да е танка пелена, бебиња многу се штрекнуваат во сон и се будат и за тоа се препорачува повивање, и јас ја повивам мојава за спиење само рацете и ги оставам слободни. Но пижамчиња и пелена ти е многу, облечи ја во боди на кратки и пелената и доволно и е. И не се плаши да уклучиш клима,ако тебе ти е жешко и на бебето му е жешко.