Да , да. Навечер се будат за јадење и одма презаспиваат. Ретко некогаш ќе се развеселат во 4 или ќе почнат да каакаат тогаш ама ептен ретко.
Биди среќна мое дунде око не склопи. Неколку пати по 20-30 мин. Цело време во акција. И ден денес не е спанка
И твојата ли не спие од раѓање? И моето од некои 2 недели почна да не спие ич или по 20 минути исти значи... Скроз.. Јас се крстев како не може да спие новороденче а дека знам дека спијат цел ден Единствено нешто што велев бар дека е супер и беше супер во ситуацијава е што преспиваше ноќно време, барем така се тешев инаку и мојот не спиеше по цел ден или ќе прежмиваше по пола саат некат ни толку.
Два саати се расправав со алиштава, па таман на темава да си кажам. Сабајле ги праќам двете во градинка, чисти и пеглани. Идат во резервната облека која им стои таму, лом цели, и нивната во кесенце. Миеме само раце и лице, апнуваат мала ужинка, ги пресоблекувам во трет сет и одиме на тераса, во градина, на игралиште... Се враќаме и тие се лом. Во када, бањање, и четврт сет. Тука најчесто се валкаат од некоја овошка или слично, ама менувам само доколку е влажно. Ги оставам со флеки. Спиење во пижами. Насабајле ако седнат да апнат пред градинка, посебно средново, сеедно ми се фаќа дали пижама ќе избербати или друга облека, па често треба и нова пижама за навечер. Доколку нема флеки ги менувам на 2-3 дена. За викенд исто. Појадуваат во пижами кои директ завршуваат во корпа. Ова име ритуал дека нема градинка. Првиот сет е најчесто лом од водени бои, бои за раце, глини и сл. Со вториот сет испаѓаме. Кога ќе се вратиме бањање и трет сет. Измеѓу многу распар комбинации поради истурено јогуртче, чаша вода и сл. Сето ова пута два, за две деца, и плус најмалото. Него не го бањам секој ден, на 2-3, но после секое какање одмивам газе, и барем еднаш целосно менувам облека. НАјчесто е 2-3 пати. Ако прокисне и кога се враќаме од надвор. Секој ден вртат машини, секој ден спружирам, секој ден пеглам. Имам намалено на пеглањето за алишта кои ние дома ги носиме, за деца пеглам. Сабајле првен распределив алиштата кои вчера ги пеглав. Стоеја во една корпа. Па ги редев плакарите, посебно на големата, бидејќи вади стави и само бира пребирива што да облече. Па корпата полна со нечисти пуштив машина. Па алиштата од тераса вчера што ги спружив ги собрав и запеглав. И така. Испаѓаат чисти, се враќаат валкани како прасенца, дома некогаш чисти, некогаш флекосани....
Хулахопчиња облакате на бебиња? Денес пријателка луда ме направи она натунтала бебе на жешково, па се замислив дали да земам за зимово дека лази? Лани новороденче ама не му облакав.
Јас досега не сум облекла,освен на фустанче. Сега се влечка по ламинат си викам да и облекувам ама дома жешко,ламинат ладен на сто ума сум.
Јас денес сефте 1 пар и купив хулахопки ради едно фустанче...за зимава нз дали би и облека рано е да мислам
Моето машко па ако земам само ради лазењето, знае да отиде накај кујна колку и да го пазам, а таму плочки ладни. Во план сум теписони да ставам ама додека најдам што барам...
Колку сака нека те прави луда!. Ти би облекла хулахопки? Денес мајка ми видела бебче во скафандер Со лазењето уште толку пожешко ќе му стане, мојот лази не застанува и жива вода станува во главчето па и уште хулахопки
Јас си викам плус тоа стега, за поладни денови има и дебели панталончиња и тренерчиња. Денес сонце пука јас по кратки, дете имаше тренерче што одма му го соблеков дека надвор потопло по боди остана, другово бебе цело во 4 слоја облека. Ке си терам како до сега, ќе зголемам коцки и теписи
Како си се облеквиш ти така и беба...барем јас сметам дек греота е да се туфкет...требит да си се научит бебуш на сите временски прилики... Низ град кога ги гледам наоблечени по сонцево башка и ќебе преку количка ми идат да одам и да ги тргнам....