И мојата е без хулахопки уште, мислам стварно топло е за хулахопчиња. Во тренерки, блузиче памучно и боди на краток ракав одоздола. За спиење пижамки средно дебели и боди на долги ракави (дека рацете и се надвор кога спие. Покриена со дебелко ќебенце. Околу 4 часот сабајле станува доста студено па вклучувам и клима за да се затопли малку.
Што да облечам на бебе за идење на гости од 5 и пол до 7 и пол? Заладува кога ќе зајде сонцето. За до кола и од кола.
@TeddyGrey јас би облекла панталончиња/фармерки, блузичка памучна со боди по кратки одоздола, патичиња и јакничка. Доволно е, сепак ќе е само до и од кола Можеш и некое потенко капче да ставиш ако ти е шубе, да не е голо главчето
Јас му облекувам халахопки само за навечер ако излегуваме, овде ептен залади. А дома ни е многу топло, за преку ден носи боди по долги и само халахопки пошто чорапи не сака ги соблекува а несакм бос да гази на плочки и ламинат. За денски прошетки надолу тренерки за нагоре боди по долги или кратки зависи колку е ладно и тренерка од горе. За спиење боди на прерамки и тенки пижами целосни а некогаш по боди на долги и халахопки.
Мајки, со што ги покривате децата навечер за спиење? Јас со подебело ќебе, ама прета, мрда. 4 ноќи по ред не сме спиени. Во спалната ни е 21 степен за спиење. Да ја покријам со подебелка пелена само? Зашто некако ми е шубе откриена да спие.
Јас ја покривам со тенко ќебе и тенко јорганче. Така спијам и јас. Околу 17-18 степени ни е температура за спиење.
Се зависи од со што се греете дома. мојот го гушка кебето а спие по пижами долги. Ако го покријам испотен е.
Вие не сте на "нашево" парно? Ние пукнавме од жешко, демек покриени со едно ќебе ама цела ноќ шутираме, и ние и деца. Вреќичката мислам џабе ја купив, таа ќе се искористи само на зимување.
Со дебелко ќебенце...и мојава претат многу ама големко е кебенцето и мн немојт да го тргнит... а само со шпикозни ја облеквам и боди по кратки...
Само вреќа е спас. Кжјас имам обична не од тие како шпикозни. Памучни пижами, и во вреќа. Сеуште не ја покровам со ништонад вреќата.
Имам едно ќебе се прајт ко вреќа и еднаш пробав и јок живци искина...неможеше не си се намести во сонот...и вака со обично ќебе слобоодна си е си се вртит на стомак раат...
Имаш решение за топло. Вентилот од парното ноќе на нула и подобро е. Сабајле го отвараш и одам се стоплува. Инаку мојот сега спие само по тие пижами како вреќа само по боди одоздола. Ќебиња, јоргани и слично само шутира. Немирно спие па и на вртење ги шутира ненамерно.
Знам за решениево, но не и со стари вентили Во план сме да прашаме и видиме дали може да се исклучи венртикалата за да смениме вентили сега во грејна сезона.