Кога бебето/детето е испотено најлошо е да го соблекувате затоа што така веднаш се лади телото и во такви случаи настинуваат.Најдобро кога е испотено да му ставите крпче/палома/пешкирче на градите и грбот и тие да ја впијат потта ,па потоа да го пресоблечете.Значи крпчето да постои 5-10 минути.
Девојки, неможев да најдам соодветна тема да го поставам прашањево, па затоа решив тука. Сакам да ве прашам каде можам да најдам бебешко боди со кирилични натписи? Барав во Стружанка, тоа што е во редот на ДМ маркет, во Центар (незнам поточно како да објаснам) ама таму немаше нешто такво. Сестрата на дечко ми е бремена, па наскоро ќе го дознае полот и сакам полека секој месец да купувам по нешто уникатно за бебенцето. Добредојдени се и други идеи, поврзани со облека за бебето, ќебенца, некои препораки да ме насочита кај можам да најдам нешто интересно.
За дома облекуваме едно боди со кратки или долги шпикозни и чорапчиња , ако е со ѕиврички тогаш е само бодито и ѕивричките одозгора едно тенко џемперче и калчинки има доле без чорапки а за надвор боди чорапи шпикозни 2 капи калчинки плиш ракавици и умотана е во 2 ќебиња и во транспортер
јас на бебушко му облекувам боди со долги ракави, ѕивриња, чорапчиња, и од горе шпикозни, а секако памерс, една терта пелена и еден триаголник. исто му ставам капче и на рачињата нараквици зато шо спиеме со рацете надвор. ноке се покриваме со слабо кебенце и од горе јорганчето е сега кога дојде патронажната сестра се му слече на бебушко, ѕиврињата, капчето, нараквичињата, ми го фати кебенцето, се тоа било не потребно???? кутрото остана голо ама јас пак си го облекувам како претходно
Љубичица не го учи на толку топло. ЈАс малата ја облекувам со боди на долги, блузиче на долги и панталончиња или хулахопки за по дома. Моментално е со термом панталончиња. За надвор боди на долги, поткошулче и блузиче или блузиче и џемперче, доле со хулахопки и панталонки. И јакничка, ако е добро времето, еве пример како денес, ако е поладно скефандер. Нормално и капче, ракавички не ставам за надвор (барем не досега). Секогаш се водам според мене, па досега сум погрешила(фала Боже), 2-3 пати демек ладно ладно, па ја сварив, дури плачеше од што и беше топло.
за сега овој период доволно е боди на долги +зивриња или хулахопки а одозгора или шпикознички или дводелен комплет друго не ви треба ни чорапки ни пакавички ни капче за спиење само едно кебенце или памучно или плиш не ги трупајте бебушите со облека ке им биде склет и ке плачан особено машките
е во однос на чорапчиња, за дома или хулахопки и чорапчиња ставам или чорапчиња и бебешки калчиња, а за надвор + топлинчиња. Капче носиме само после бањање таа ноќ. За покривање до скоро ја покривав со ќебе и јорга, а сега само со јорганчето и гледам доволно и е , топличка е.
zdtavo na site mamicki.nie imame 5 meseci.jas na mojot princ mu oblekuvam bodi so dolgi rakavi,pampers,pelena i triagolnik.nad niv halahopki pa posle pantoloncinja ili tenercinja i edni corapcinja.a gore bodito,bluze so kusi rakavcinja i nad nego trenerce ako nosime trenerki.ako ne sami bodito i bluze.a navecer mi spie vo vrekicka posto mn se otskriva so racinjata.i vaka samo vo vreka i ne go pokrivam posto e toplo vo sobata.pozzz do site
Кај нас дома е стварно топло , и јас шетам во маица на кратки ракави и гревота е ќерками да ја наоблекувам .По дома кога сме и облакам боди на кратки ракави и близиче , или само боди на долги ракави. Доле хулахопчиња и хеланки , и чорапчиња со гумички пошто е во фаза на проодување и да не се лизга по подов Навечер спие во пижамки и покриена со кебенце , или пак во врекичка
Ти како си облечена? И ти носиш ѕиври и хулахопки, плус ракавици и капи по дома? Сигурна сум дека не. Бебето треба да има еден слој облека повеќе од тебе, тоа е сосема доволно. Хулахопки за дома се тотално непотребни, ако веќе му ставаш и ѕивриња. Не ги наоблекувајте бебињата, дајте нека им се учи организмот да се адаптира на околната температура. Самото ќе ти каже, т.е покаже ако му е ладно. И за тоа дали му е ладно или не, ориентирај се според грпчето, градите и стомакот, не според рацете и носето. Ова најдобронамерно ти го кажувам, плус машките се повеќе с'клетчии од нас женските. Не е убаво да го претоплуваш и во пределот на тестисите
Во Скопје во Стара чаршија одма на почеток кај што е раскопаното кај што градат сега плоштад односно каде што е споменикот Скендер бег во пролазот накај кафанчињањата (значи одма до раскопаното градилиште) има една продавница ако не се лажам со македонски прозиводи.Во главно е за пижами и долна облека и во нејзе имам забележано од тие бебешките боди со натписи и се баш интересни а според тоа што видов продавницата не е воопшто скапа.
секако дека секој совет е добронамерен и зато нели си прашав, е сега јас не му облекувам хулахопки и плус ѕивриња , туку само кратки чорапчиња и ѕивриња, е сега ме интересира дали да му облекувам ѕивриња или не, да си биде само со чорапчињата и шпикозните?? а капче ставаме само за спиење...
^^На син му досега не сум му облекла холахопки затоа што имаше атопичен дерматит (фала Богу се повлече) и педијатарот ме советуваше да му облекувам ѕиври или пижамчиња под тренерчиња или панталончињата и плус ми го рече истото што го кажа и Анатх дека машките се поголеми склетџии и да не го пренатрупувам со алишта. Е сега нели шприкозните имаат ногавички доле на стапалцата истокако и ѕивричките, така што јас му облекував чорапчиња, ѕиври па шприкозни. Сега е поголем и не носиме шприкозни, па некако глупо ми изгледа кога ѕиврите т.е. ногавичките му се гледаат па јас му облекувам 2 пара чорапчиња, пижамчиња и одозгора тренерче/панталончиња. На ќерка ми и облекував и калчунки или топлинки бебешки нормално, меки, ама син ми не ги трпи, многу му се потат стапалцата и затоа само чорапчиња му облекувам. Исто ќерка ми зимно време носеше и елече, ама на малиов не му облекувам затоа што се поти многу, туку само боди (најчесто по долги сега зимскиве месеци) и одозгора памучна маичка. Толку. Капче ставам само после бањање од оние памучмни бели бебешки. Обично откако ќе го избањам заспива и само тогаш спие со капче, после тоа самиот го вади, му смета и не го трпи. И секако ако излегуваме во зависност од тоа колку е ладно или јакничка или скафандер, и тогаш капче ама овојпат плетено дебелко.
значи и јас исто толку го облекувам бебушко мој, боди со долги ракавчиња, а долу кратки чорапчиња, ѕивриња и од горе му облекувам шпикозни... јас капче му ставам за спиење
До сега ја облекував само со боди и шпикозни, чорапи не трпи, капче па ич. Плус а ја облечам подеело се поти и е нервозна. Сега почнав да ја облекувам во панталони и блуза со чемперче ама имам еден проблем. Се имам објаснето во други теми дека имам многу алишта позајмено и некои не ми се многу практични или па јас сум мутавичка. Маичка по долги памучна, со само 3 копчиња одпозади незнам како да и ја облечам. Прво ја протнав главата и едното раче ама за другото нема место а големка е маичкава за 3 месеци е. незнам дали да пробам прво двете раце па главата на крај . Несакам да се изнервира прво план да скројам па после
хеех и кај мене е така со некои шпикозни, или блузиња, ама прво ставии го главчето а ракавичките од блузето собери ги цели и пикни и го прво едното па другото раче, ке видиш дека има место. вака ми го облече сестрата бебево кога си одевме од на болница и сега јас така си го облекувам дома
Јас уште од почеток вака го облекувам моето бебе: памперс, боди на кратки ракави, чорапчиња и одозгора шпихозни и толку, кај нас дома е топло и мислам дека нема потреба од повеќе облека, затоа што овие 2,3 дена гледам дека на таа страна кога го ставам да спие и кога стане гледам дека е испотен, инаку за спиење го покривам со едно тенко плишано меко ќебенце и толку, ниту јорганче ниту дебело ќебе му ставам, ништо, мислам дека му е доволно тоа.
Ај и јас да се замешам во темава. Јас досега на малиот за спиење му облекувам хулахопки ,пижами и чорапчиња,сега имаме 6.5 месеци и почна многу да мрда во спиењето и го ставам во вреќичка ,па се мислам дали да му ги соблечам хулахопките или не и дали одозгора над вреќичката да го покријам со кебенце (вреќичката е без ракави,а во собата кај што спиеме е 19-20Ц )
Леонтина јас мислам дека за спиење тоа е пренатрупано,само со пижамчиња и чорапчиња е доволно,и нели во вреќичка и одозгора со ќебенце,башка и топло ви е во собата 19-20степени нема да му биде ладно,немај гајле а хулахопчиња немој да му облакаш за спиење ем ке му биде с'клет,ем ке го стегаат
Леле ма мајче....зошто ма толку ги облекувате, па нормално дека ќе мрда Немаш потреба од хулахопки, ниту чорапи во вреќичка. Доволни ти се обични пижамчиња, и слабо ќебенце над вреќичката (во зависност од нејзината дебелина).