Девојки, како ги облекувате вашите малечки во овој период? Мојава уште не е родена (кај и да е треба да биде ) ама според тоа што го читав овде, се спремав да ја облакам во два слоја. Боди на кратки и одозгора шпикозни. Ама мене дома ми е многу топло. Еве моментално е 22 степени а воопшто не се грееме, а тек пак кога ќе пуштиме греење. Па сеа пак се размислувам. Дали да ја облакам во два слоја за спиење, со потенка вреќа, а преку ден само со еден слој?
Моево има една година сега го облекувам '' Боди со долги, блуза, хулахопки ,тренерки и чорапи со гуми зошто оди и се лизга" (морам хулахопки зато шо е цело време на ламинат и е ладно, инаку не би) температура држиме 25степени . Се роди во Јануари, тогаш го облекував мн повеќе зошто м ми беше ладно мене ваљда од хормоните  (боди на долги, блуза, хулахопки, чорапи, и шпикозни со чорапчиња, нараквици, капче плус покриено со дебело кебе - несалам мајка а и мораше толку чорапи ради шо се роди мал и сите алишта му беа големи
Боди и шпикозни и преку ден, кај мене е многу топло исто ама и јас носам боди. Бебенце е, боди на кратки и шпикозни е таман, а за спиење тенка врекичка е сосема доволно
мојот е две години, ама и кога беше 1 исто го облекував, а кога беше бебе од 1 месец можеби еден слој плус. Значи, холахопки и ѕиври дома, 100 пати сум кажала - ни под разно не мус тава,. Само тренерки. Горе маичка/боди на кратки и текна блуска на долги. Тоа е тоа. За надвор овие денови кога беше поладно облекувавме ѕиври и нормално вентијага. на 25 степени со холахопки дома не го ставам па не знам што да е....
Јас најнемајка... на ладново за надвор само тренерки, блуза и јакна на двајцава, ни хулахопки, ни ѕиври. Капа и шал само ако дува, инаку не.
кај мене е по боди на долги и тенка блузка , доле тренерчиња/хеланчиња и само на термо чорапи , гофи јок , само по надвор и облекувам хулахопки , дома везден е по ламинат не и облекуваме од коа е заладено , два пати тенки хулахопки носела само дома , а температура држиме 20-22 варира .. Не е убаво да се пренаоблечени
И јас... мајка ми урла по мене, ама ете еднаш ја изнаоблеков и одма се исипа. Иначе кога беше мала боди на кратки чорапки и шпихозни. Ако дома ги облакате по боди на долги, надвор што ќе му ставите? Не се плашете од ладното, нема да се разболат ако им студи, туку ако се испотат и ги фати ладното.
И јас многу оскудно го облакам малиот, 2 год е. Боди на кратки и тренерчиња,јакна,капа(под 5-6 степени) и толку. Ракавици и шал неможе да смисли па не го ни терам. Хулахопки,ѕиври никогаш немам ни купено ни облечено, термо чорапи исто не сака, склет му е дома седи бос и никој на светов неможе да му облече чорапи. Бабите само зборат ама тоа е, него му е таман. Температура дома ни е 21-22, повеќе од ова би било претопло. Досега се има разболено само од вирус или бактерија, од ладно не
За надвор-боди по кратки, дебели тренерки, јакна чизми капа. За дома (константна темп. 25С)- боди по кратки, боди по долги и тенки долни тренерки. чорапи и кожички на нозе. За спиење-боди по кратки, тенки пижами и бос. Покриен со тенко кебе.
Јас дома само боди по долги и хеланчиња или тренерчиња и чорапи. Надвор боди, блузе, пантолчиња или тренерки, чорапи подебелки, патичиња, капа и јакна. Денес баш сите немајка ме напраја по чаршија зш немало шал и ќебе на бебр . Јас мртва ладна им викам кога ќе ме видите мене со шал тогаш и тоа. Btw Јас ич не сум зимурлива и несакам дете да го туфкам. Секој ден гледам да шетаме на воздух.
И јас не ја преоблекувам. А и ми се вцрвенува ако и е жешко. Не трпи. По дома, хеланчиња, чорапчиња, боди на кратки од доле и од горе блуза или боди по долги. Надвор плус јакна, капа и топлинки на нозете. Шал не ставам, зашо ќе го лиже, ќе го намокри, па бетер. Лигавчето го кревам, да ја штити кај вратот. Скафандер уште не сум облекла. Ако е ваква зима, нема ни да облечам. Освен на зимување.
И јас немајка Ако и опнам скафандер сега, на минус што треба да и облечам?! Јас не трпам хулајопки на панталона. Не и облакам ни неа. Погледајте го видеово како треба да ги облекувате децата.
Ја така се водам за облекување. Секогаш си викам, што кога би било минус 5, 10. И сфаќам дека 3 степени не е ладно. Еве денес и потопло беше. Ја хулахопки никогаш не носам под панталони/фармерки/тренерки. Ќе шизнам од склет. За бебево не ни имам купено хулахопки. Може има низ подароците.