Негде имам прочитано дека бебе смее до минус да шета колку шо имаима мес. На пр. ако бебе е 7 месеци, смее ако е -7 да шетка малце
Дома е 22 степени, бебе е облечено во боди на долги, хулахопки и памучно шпихозни. Бабите ми ја пукнаа главата дека требало со дебело ќебе да е повиена цело време, вчера бев до аптека и кога се вратив дома бебе беше повиено до врат и жар црвено па кога ја подбрав свекрвица мислам нема да и текне на ќебе веќе
И кај мене е толку, хулахопки не ставам, а стално е на под. Кој е на делови од пархетот ладен. Не сметам дека се потребни. Сајковски вели смее на секаква температура соодветно облечено. На минис температури во скафандер. Ако нема студен ветер и остар воздух јас го вадам.
Јас како бебе ниеднаш не му облеков хулахопки, кога ќе ми текне колку голо го држев во јануари штотуку родено си викам да не претерував Сега му купив хулахопки зошто детето на комшиите носи па маж ме пукна и по дома е по хулахопки и тенко боди на долги плус чорапи. За надвор плус тренерки и јакна. Инаку како што ве читав во друга тема деца што лазат па ќебиња доле, мене подот ми е ладен, кујната цела плочки па само мал дел е покриена со тенок тепих ( имам нарачано тепих ама доставата се заборави) и буквално секаде лазеше и сега оди, ништо не ставав одоздола затоа и дозволив да ме убеди мм за хулахопки па ете ништо не му облакам одозгора. Инаку дома 22 чуваме, наутро кога е поладно му облекувам плус тренерчиња.
Кај нас е 21-22 степени боди по кратки и блузе,панталончиња не многу дебели и чорапчиња со гуми Топло не трпат и двете дечиња Излегуваме и на -10 облечени топло
@duffi @Mari* @Chantal мое бебе е 15 дена, се плашам да не и е ладно со помалку облека.. Хулахопки веднаш почнав да и облекувам затоа што ѕивричките веднаш и слизнуваат од стапалцата и како во торба е целото
Баш дека е толку мало, нема терморегулација, не го преоблекувај. Полесно можеш да го претоплиш отколку настинеш. Не се плаши. Соблечи хулахопките, нека дише бебето и кожата. Моето се роди фебруари минатата зима кога почна најголемиот студ, па хулахопки не ставав. Чорапчиња и шпилхозни и боди одоздола. Сосем доволно е. Плус си леже , па покриено е сигурно со нешто тенко.
Ортопедот мој вика дека само - 20 и надоле е студ. Сум чула и од други педијатри исто. И Сајковски на Телма исто рече до минус 23 се вади дете надвор. Реално, пострашни се +15 со загадување, него чисти минус 15.
@TeddyGrey Антоније многу збори и кај што не му е место. Јас на пример не би го изнела на -15. За надвор и облакам скафандер имам еден потенок и еден екстра дебел и изолиран тој ми е за минус. Мене скафандер ми е најпрактично за 2 мин е спремна без да ја тунтам, во тоа што е облечена по дома шпикозни и боди и скафандер, капчето на глава и низ врата. Кај нас дома е многу топло и пред излегување јас се облекувам со се капут и ако треба да и облекувам повеќе работи жива вода ќе се направам. Шал не ставам и јас со лигавчето се спасувам. Хулахопки сум и облекла ама со фустан. Не сум за тунтање на бебе ама не и лесно облечено на ладно, бебињата лесно губат топлина.
Мене сафра ме фаќа кога облекувам хулахопки, не па бебе. Првото во зима е родено, хулахопките што ми ги поклонија се само еднаш облечени со фустанче. На второво ниеднаш не ѝ ставив досега, а не ни планирам. Два слоја по долги ми е премногу за дома. Освен ако е 15 степени внатре. За надвор зависи. Скафандер ако е многу ладно, ама под него пак еден танок слој.
Јас сум мн. зиморлива,без хулахопка не сум до пролет А малово е с'клетчија, па мама шета наоблечена, дете ич Така да јас не се водам по мене. Скафандер сеуште не сум облекла, хулахопки 2,3 пати за надвор. Дома е по боди на кратки и тренерчиња
По дома одоздола боди на прирамки и блуза на долги со тренерчиња/хеланки и чорапи + топлинки дека одиме. За надвор исто плус јакна и капа во зависно од времето дали ќе е памучна или волнена.
Син ми сега е +16 месеци и до сега ни еднаш му немам облечено хулахопки. Секој ден е надвор по минимум 1час освен ако не врне многу. Дома температурата ни е најмногу до 23.5 и е облечен во боди на кратки , блуска и тренерки надоле со еден пар чорапчиња, а некогаш и само на боди по кратки го оставам ако трчка многу. Ќеркичката за некој ден ќе полни 2 месеци и нејзе и немам облечено хулахопки. Разликата е во тоа што нејзе и облечувам боди по долги ракави одоздола.
За по дома никогаш не облекувам хулахопки. Боди, тренерчиња и чорапки. Ама за надвор како почнаа минусни температури и преку ден, хулахопка обавезно. Нелогично ми е на минус температура надвор да извадам дете само по тренерчиња и чорапки.
логично е мајка. Што се нозете сем мускул? нема органи. не може да му се прелади колено. баш напротив убаво ќе циркулира крвта на ладно. Само стапалата да се загреани нагоре нозете не се битни. Јас намерно така го вадам.