Моево уште не оди, значи не е во движење да се загрева. Го земам во раце панталончињата се поткреваат нагоре. Нозе голи. Надвор минус 3. Незнам, може грешам, ама ми е страв така со голи нозе на толку ладно.
во ваикики има чорапи за таа возраст до колена. Јас такви користев и пролетно време баш ради земање во раце. Кога беше во количка (пасивна форма) му ставав тенко кебенце.
И јас со тие голи нозе имам фобија. Склетџика голема е, хулахопки никогаш немам облечено под панталончиња зошто ја знам дека ќе зоврие, само со фустанче има носено. А се утепав од барање високи чорапчиња до колена, она овие што се нискиве ги тегне и си ги соблекува. Надвор, дома, не е битно, она 90% од времето е со голи нозе. И со кондурчиња иста песна, ништо не трпи на нога Затоа најчесто е во шпихозни со стапалца, освен кога треба да одиме негде, па да ја подотерам. Доле боди само, преку ден по кратки, за спиење по долги, оти во куќа сме и колку и да грееме голем простор е и поладно е навечер.
Има во Тритекс Секси. А има и едни Брос пишув н нив, локална чорапара ги земам. Малку подебели се ама не од најдебелите, за надвор таман.
Леле јас да го оставам бебе само по тренерки и чорапи дома ќе ме шекнат. Бебе во хулахопки чорапи и памучен комплет, свекрвами трча со плетени пантовки го облака и го повива во ќебе. Сто пати и кажав дека не треба да го облекува плус од тоа што јас сум му облекла, ама таа не прифаќа збор, ладна била куќата. Бебе два дена какаше зелено, 512 пати ми префрли дека заради тоа што не сум ја повивала во ќебе бебето настинало. Згора на се докторка е, 15 години работела само со деца.. И што да и кажам? Како да се расправам? Јас соблечи, таа облечи и тоа е..
@duffi фала, ќе побарам. Еве Лили рече и во Ваикики имало, таму па ич немам погледнато. Во Тритекс бев, немаа и бледо ме гледаа кога прашав, па ми покажа продавачката ѕиври Штознам, чорапи до колена и ѕиври не е ни слично, ама младо девојче беше, простено и е Овие Bross не ми се познати, ги немам видено, ама ќе ги побарам по чорапари, баш такви ми требаат, нит термо, нит обични, нешто измеѓу Едит: @mamaJana што е многу, многу е. Па уште и докторка со деца што работела, не можам да разберам. Новороденче имаш мислам, тоа секако треба да е малку позаштитено, ама не да се тунта до толку. Педијатриве баш советуваат да не се наоблекува бебе, мене ме искара минатиот пат за јакната на бебка, дебела и била, требало потенка. Надвор беше 0 степени. Не знам, мора да покажеш авторитет уште сега дека е твое дете и дека ти знаеш најдобро, зошто ќе си имаш мака понатаму, посебно кај тебе зошто тоа работела и мисли дека све знае. Пресекувај од старт, фино и културно
Исто беше и со големата кога беше бебе, а и сега не е нешто поразлична. Ама ако ти се верува ми се чини и доста е отпорна пу пу пу. Едино мака со алергии
Незнам, јас еве читам овде, ама најискрено страв ме фаќа така да изнесам бебе. Ако е потопло, температура во плус, ок. Ама кај нас еве две три недели и преку ден е минус 1, 2 па и 3. Навечер минус 7, 8. А не гледам дека бебе е претоплено. Не се поти нити дома преку ден, ниту на спиење. Надвор па ич. Ама ладно е бре луѓе, еве излагам на тераса да постелам алишта, само по тренерки доле, без хулахопки, студот во коски ми оди. Мене ми е ладно на нозете, не па на бебе што е трипати постатично од мене. Ја мислам ако температурите се во плус, да е пријатно да се шета и без нешто под тренерчињата, ок. Ама вака, не. Зашто ондак би биле измислени скафандери? За по дома не облекувам, за спиење само по пижамки и тенко ќебенце, ама одржуваме константна температура, преку ден 23, навечер 20, кога е убаво време и температура во плус, исто не облекувам, ама на минус надвор неможам да се осудам да го изнесам така.
Мајки, а како ги облекувате бебињата/децата кога ги носите на зимување, еве на пример Банско сега на овие температури. И таму ли без хулахопчиња? Ме интересира зашто климата ни е скоро па иста со таму, исто планинско место, остар ладен планински воздух. Или за таму облекувате хулахопчиња, скафандер? Зашто не е исто да си во Гевгелија на плус 7 сега и кај нас на 0 во моментот, до пред саат минус.
Јас му ставам боди со долги чорапчиња и шпикозни, исто за спиење само пижами и капче обавезно. 17 дена е бебето.
Леле ист случај како со мојава Ако се поткашла или кивне одма голо било,ако се покака потечно одма пролив??? чим искочам негде одма почнува да го наоблекува и тоа со плетени елеци Недај боже да сакам да го изнесам па ни до двор кога е поладно аман веќе карај се карај се и пак ништо. Греота за навечер вика остај да спие со елек Нормално јас го расоблекувам ама се со префрлувања и паметнувања
За минусни температури ставам специјални волнени бодиња и ѕиври од маркава https://www.devold.com/nb-NO/ и врз тоа скафандер.
ѕиври плус скафандер. Ако скафандерот е дебел . Ако е само шушкав тренерки и скафандер. За на снег ова.
Ние ќе одеме во Берово за н.г . и се мислам како да ја облечам за надвор. Скафандер немам и не сум во план да купувам, тој од лани само неколку пати го облеков, џабе го купив . Хулахопки и дебели тренерки од оние како кебенце мислам дека ќе биде таман за надоле, а нагоре боди на долги, блуза и палто. Плус капа,шал и ракавици
Значи доаѓаме до истото, дека на минусни температури не вадите дете надвор само по тренерки и доле голо, по чорапи, горе јакничка. Затоа реков не е исто да си во Гевгелија сега на плус 7 и кај нас на 0 или -.
Многу зависи дали се работи за бебе или дете. Децата одат и се поактивни од бебињата. Па дали има снег или нема. Башка има потенки и подебели тренерки. Скафандерот има функција да штити и од влага. Така да, облекување според околности
Моево никогаш не облекло скафандер ни хулахопки. Секој ден излегува надвор, освен на дожд. Не ја трпи заштитата за дожд на количката инаку би ја вадела. Не ме плашат тековните минусни температури.