Мила, во градинка кога ќе отворат прозор учителките вие родителите коментирате-А еве ја отворила прозор да ги настине децата.Никако не се погодува.А иначе просториите се луфтираат и има контола за тоа него кога ќе додат деца еден куп е тука е вирусот така да....Секое добро
Јас никогаш не сум се бунела за "промајата" што ја прават во градинка, кешки да ја прават почесто ама не смеат додека сите деца играат внатре. Доктор на тв кажуваше колку е важно дури и на загадено да се луфтираат просториите заради вируси во овој дел од годината,така да на тема ладно јас не правам проблем никогаш
И јас се правев модерна мајка пабевме Охрид пред месец дена и нормално ја шетавме малата во количката, ама без хулахопки. Бебе заспа, ја покрив нормслно со ќебенце и ја носам после тоа дома - камен во нозете!!! Од вечерта удри со кашлицата, 10тина дена се лечевме. И тоа и беше пбаш од необлекувањето. Иако сум против тоа да се наоблекува дете, ама секое дете е различно и секоја мајка си го знае најубаво. За дома сега хулахопчиња и тенки пснталончиња а за искачање дебели панталончиња.
Јас обавезно облекувам хулахопчиња за надвор во зима. А за дома никако, на железарско парно сме пука 24/7, дома по кратки се шетаме. За надвор на малата долго боди, долга маичка, хулахопки, тренерчиња, обавезно капа и шалче... Особено што излегувам од доста топличко дома, да не ги пресечам. На синко исто, но не хулахопки туку памучни ѕиврички, он е 3+ год. Од ладно никогаш не ми се разболеле, а често ги шетам.
Јас сметм дека треба да се следи детето, дали трпи топлина или не. Има деца кои сакаат да им е топло, да се облечени со плетени блузи, дебели тренерки и да немаат гајле. Но има и деца кои не можат да поднесат да се толку стегнати, се потат или го фаќа нервоза. Џабе ќе го наоблечеме, кога ако почни да се поти, полошо сме направиле. Син ми 4 год, дома е по тренерки и блуска. За надвор, ако е подолго тогаш дебели панталони/ тренерки, јакна, обавезно капа и шал ако има потреба. И обавезно се пресоблекуваме, зашто често знае да се препоти
Е како не смеат? Кај ќерка ми во градинка отвараат прозор и тоа сабајле во 8 кога сите деца се таму. И баш ја прашав негувателката дали да и облекувам хулахопки, ми вика облечи и, значи дека повеќе пати отвараат прозор/врата на тараса
Jas obavezno hulahopcinja i oblekuvam, i za doma i za nadvor. Mm sto e sakletdzija nosi dzivri na vakvi tt ne pa bebe golo da iznesam
Па јас сум мислела дека не смеат во ладно,за да не реагираат родители,може отвараат и во нашава,сум видела само во потопли денови. А нас на родителски сами учетилките не молат да не ги облакаме толку,има и подно и обично парно и претопло им е на дечињата.
Мајки може совет за летно бебе ? Прва бременост ми е и би сакала да знам некои работи од вас. Знам дека треба да не го и облекувам многу, плус и лето ќе биде. Но др најпотребни алишта и сл ?? И дали може некоја да ми објасни за тие бројчињата 56 знам дека е за новороденче, понатаму 62-68 Па 70 78. 90..100. За која возраст кој месец одговараат??? Барав на интернет да најдам некоја таблеа не можев да најдам.
Ова е на тритекс. Ама мн зависи од облеката, не секогаш бројот е точен спрема возраста. 56…62…74…80…86…92 итн. Ќе се уходаш со тек на време. И мене баук ми беше.
Фала Сандра. Знам дека ќе се уходам со време ама некако ми е и кеф предвреме да си ги знам работите. Хехех. А иначе не ми ја отвора цела слика нз оти ...
Тритекс, најдобрите од се досега што имам за моето дете (од бебе - па до сега)...Го користев и користам, и ќе го користам. ПЕрени на 90 степени, ниту едно се нема смалено, раширеноп и сл. Сите други од турски, вајкики, котон,...се друго што имам купував по око според големината на детето, меѓутоа тритекс единствено без видување само со бројка зашто се најперфектно точни според возраста. За 56-ката со малиот имав неколку парчиуња 3-4 вкупно, друго се ми беше 62-ка и 68 на почеток. И не згрешив, премногу брзо ги одрасте 56-ката. Само по 2-3 пати ги облече. Сега за второто бебе пак поткупив нешто 56-ка ама од ќеф. Не би советувала да трошите многу пари на 56-ка зашто реално, брзо ги растат.
Мојата кога се роди се купено ми беше 56, мајка ми ми најде уште помали во стружанка, ама и тоа и беше големо. Од тритекс само едни пижамки се развлекоа, нитни одма паднаа. Може така се погодило, другото е ок. Јас највеќе купувам од стружанка. Не го учи бебето на многу облека. Мојата цела зима беше на боди и шпихозни, чорапчиња, толку.
За старт 50-56ки, не се води толку по бројот, туку по моделот @Makedonka007 Мој совет, за новороденче подобар модел од моделите на Карамел нема, за квалитет немам збор, со нивните модели бебе ќе ти биде најспастрено! За Тритекс едно големо НЕ од мене, да дел може ќе испаднат ОК, ама добар дел од стварите се развлекуваат, а богами за тие пари и не ми чинат! Инаку бебе се облака како и ти се облакаш, ако некогаш се сомневаш дека му е ладничко ќе покриеш со тетра, тенко ќебенце, слоевита облека во сред лето не практикувај. Со лесно