Јас во зима на јак студ ја облекувам боди по кратки ракави, хулахопки, блуза, панталони, капа и шал. И јакна. Ракавици еднаш има носено. За надвор ова. Во пролет и есен боди на прерамки, блуза, панталони, чорапи, летна капа и шал и лесна јакна или дуксерче. За дома во сите годишни времиња вака нормално без капа и шал и претежно босо, никогаш не трпи чорапи. На лето може и само по памперс или боди со прерамки. Стапалата се ладни бидејќи не се движи не и циркулира крвта и тоа не значи дека и е ладно. Исто и рачињата може ладни да и се.
Majki na zeskovo Kako gi oblekuvate bebcinjava jas planiram da ojdemekaj baba na gosti a nezz vekje Kako da ja oblecam Beba. 12+ sme, plus I nastinati neznam Dali maicka ili samo bodi po dolgi nis drugo odozgora
Се зависи каде се наоѓате. Еве јас сум на југот и кај нас денес е 24-25 степени, но се чуствува како 30 да е За по надвор и облеков боди на прирамки и блуза на кратки ракави со тенки хеланки, кратки чорапи и патики. За по дома дека малку е посвежо место блуза на кратки, на долги и ставив но тенка. Навечер дека заладување исто на долги ракави блуза и некое потенко палто.
Јас отворив сезона на кратки ракави денес. Пекол е. Сега дома спие само по пелена и боди на кратки. И летно јорганче тенко. Се вжешти во образите, склетџика е.
За топло, топло е, ама некако уште ми е рано за на кратки ракави. Јас го облекувам само на боди на долги ракави и тренерки/панталонки и чорапчиња. Внатре кога седам и мене ми е ладно на кратки, а сигурно и на него. И синко е скоро 4 месеци.
И мојава саклетчија, во образине ко патлиџан се впипри. Надвор само по боди по кратки и тенко блузе и хеланчиња, чорапи и патики. Шеширче немат шанси одма го фрлат.
Ние сме 5. Не ми се облекуваше баш на кратки уште сега ама се утепа од плачење додека не го соблеков. И цел ден сме на боди на кратки со панталончиња и чорапчиња. Коа ќе заспие со тенко памучно ќебе плус. Сега за спиење нормално шпихозни. За навечер нема уште на кратки. Сам си бараше, сакала нејкела...
Ќе си покаже самото дете. Мене ми се исфрла од жешко, а и поголема е од вашите. Ладно не и беше, и дишеше кожичето, а со вруќици после ако ја преоблечев ќе беше чешање. Па и да и залади малце, не е страшно. Ја воглавном, тенко и лесно го облакам детево. Ме караат од страна, ама еве, 9 месеци, ни настинка немала. Ни растечен нос. Не дека тоа се должи на лесното облекување, туку ми е знак дека правилно ја облекувам.
И јас не знам како да го облакам синко. Прееска во кола додека патувавме (околу 14ч, во најтоплите) беше облечен во боди на кратки, чорапчиња и тренерки. Се вцрви во лицето ко патлиџан, жива вода се стори додека да стигнеме кај моите. Го расоблеков само на боди и тренерки надолу, се стабилизира Сега за спиење носи боди на кратки, чорапчиња и тенки шпикозни на долги, покриен со ќебенце.
Јас секогаш спрема нас се ориентирам. Вчера и денес бевме на кратки, сега кога заврна застуде и го облеков . За спиење е со боси ножиња навечер.
Како би облекувале новороденче крај на август/почеток на септември? Кратки ракави идат во предвид или не?
Јас уште не, не излегувам со него во најтоплото надвор, а дома е пријатно со тенки тренерки. Кога го шетам попладне околу 18ч, исто на тренерки само е. А за спиење почнавте ли да им соблакате чорапите? Моето се поти навечер, а покриен е со едно ќебенце само и носи тенки пижами, оние од Тритекс. И чаршавот и перничето утоп ги прави, па само менувам цела ноќ.
Ние сме по кратки веќе ама сме и поголеми. По долги само ептен рано наутро и навечер кога ќе зајде сонцето односно кога ќе залади. Склетџика е и мојава. Со чорапи не спие уште од Февруари, сама си ги соблака. И плус ги вади нозете надвор од под јорганче.