Мојава спие во шпкозни пижами со стапалца што се. И во такви не чини? Јас дека спијам со чорапи мислам ќе ми смрзне дете босо. Па кај и се отскрива цело време.
Топло му е на бебе штом се поти. Соблечи чорапи, знам дека сте прилично мали, ама топло е веќе. Мојава спие од 6 месеци боса нонстоп, па кај боса, уште и отскриена е цела ноќ. Ќе ја покријам и за 2 мин ќебето е џитнато, па после 10 пати станување да и' го фрлам, се откажувам И ќебенцето исто гледај да е потенко, топло е за дебелки ќебиња веќе
Јас веќе не знам како да ја облакам, мада не е бебе веќе. Времево доста променливо. Таа по боди на прерамки и тенко маиче и жива вода. Сабајле за до градинка свежо, тексас јакна и облакам. Попладне кога ја зимам пекол. Дали да ја пуштам веќе по кратки се мислам. Еве го јуни дојде ние уште по тренерки. Ич немам памет, со оглед на тоа дека трча, се поти. Па да не ја фати ветре.
Такви сум користела, ама чорапки не. Му ја сопираат циркулацијата дека стегнато. За лани не можам да се сетам, ама оваа година веќе спие бос, со отворен прозор на кипање, и поголемиот дел од ноќта е целосно откриен. Спие по боди на прерамки, и тенки пиќамчиња и пак е испотен. Веќе се мислам да спие само по боди на кратки и долни тенки со долги.
Облекувањето и мене ми е многу напорно. Многу ми е тешко да одлучам како да го облечам. Се си мислам дека ќе му студи. Сега откако е потопло му облекувам боди на долги ракави, на кратки сеуште немаме облечено. А кога излегуваме после5,6 или ако дува ветре му облекувам и тенко џемперче. Дали го варам? Се ми е страв да не се разболи, иако и од презнојување може да настине. Едвај чекам да дојде лето, тогаш ќе знам.
Само боди по долги? Или боди по долги+ маиче? Ако е второто е многу, јас и немам одоздола боди по долги никогаш облечено.
Јас така ја облеков денес. Мене ми е прежешко, па нека дише и бебе. Да му видат рачињата сонце. Многу ми е интересна во кратки ракавчиња.
Не,ама не е ни премногу изложена на сонце. Тек тук што ќе ја фати. А ако ја пече спуштам настрешницата.
Јас не знам синко мој како да го облечам! Не е бебе, дете е 3 годишно веќе, ама вчера не искарале во градинка сме го облекувале многу, се потел. Носи маица по прерамки, по кратки и тренерка за да му ја соблечат ако е топло. Вие ги праќате децата веќе по кратки во градинка? Страв ми е да не настине па, што знам. Сега ќе извадам тенките блузичиња и ќе земам од Вајкики уште некое по долги тенко.
Да, со тенко ќебенце е покриен, дебелите ги тргнав од употреба 5ипол месеци е инаку. И јас како @hello-kitty.90 се мислам да не му студи, и откако ќе се испоти веднаш го пресоблекувам и цела ноќ тоа правам, оти ми е страв бос да спие се уште И моево се открива, нон стоп само тоа правам, го покривам и мислам дека ич не спијам од пазење
Кај мене спие само на боди на долги ракави и во вреќа есенска. И неколку ноќи се буди жешко и е оти склет дете е и со чаршави јоргански ја покрив. И таман и е. За надвор немам кратки облечено. Ја туткам сеуште. Додуша денес е 13 степени и сеуште дебело палти носи.
26мес е моево и еве пример денес беше цел ден надвор само по тенка маица по кратки и тенки долни тренерчиња (26 степени беше ) . Сега веќе дува па еве ќе излагаме и е со боди на прерамки и маица по кратки. Дукс ќе земам со нас. Го облакам како и јас што сум. Деновиве е само по маица на кратки, ако дува надвор плус боди на прерамки. Ако е тт под 19степени тогаш место маица по кратки му облакам блуза по долги или дуксер. Навечер спие по гаќи и маица на кратки или боди по прерамки. И претходниве 2г вака функционираше. Склетџија е па и како бебе помалку секогаш го облакав.
Јас уште немам храброст да ја расоблечам еве денес гледам топло е и ја облеков со маиче на кратки и почна да ми кивка и одма тенко џемперче и облеков а чорапчиња обавезно носе кои знае многу често сама да си ги соблече Сите велат како се облекуваме ние така треба и нив да ги облекуваме е јас тоа не го практикувам и подобро
Така може, тоа е нешто друго бар додека да пораснат. Искрено се чудам како бебиња од месец ипол се по кратки ракави и без чорапчиња па и сликани надвор на ова променливо време, на моменти си мислев јас да не грешам има време ке стигнеме и до тој период
Ај да видиме, денес не му облеков елече сабајлето, мене шубе ме изеде. У тенко е облечен, ама пак... Знам комплицирано им е на негователките да одат да земат резерва гардероба, ама што да правам, не можам да го носам сабајле по кратки уште не е топло толку, а на пладне ќе и речам на баба му нека го соблака по кратки ако не па. Ми вика облакај дуксер да му го соблечам само, ама па кога го облеков така ја карале баба му. Немам ум.
Јас од бебе спрема мене ја облекувам, и фала Богу до сеа супер тераме веќе 1 година. Овој период и облекувам боди на прерамки и мн тенко блузе и хеланчиња. Ако задува дуксерче и ставам. Кј нас Охрид времево во минута се менвит и уште сефте неможам за со кратки да ја облечам. Ваљда за скоро ќе се опрајт времево. Ексик.